Да сигурно нешто друго сум закачила а како не знам од толку седење дома. Едино во саботата до Тинекс што отидов да испазариме,и толку ми требало изгледа. Утре секако сум кај матичната закажана па ке видам што ке рече она. Еве пак ми се качи 38 и дежурам сега.
Вадел ли некој заб во бременост во државна,и дали ви барале некаква потврда од гинеколог дека можело да се вади?
Леле мајка @elenaklasik ми иде јас да ти закажам царски Премногу се оптеретуваш и стресуваш, секојдневно истражуваш, а ти пишаа и негативни коментари за пораѓај во таа положба. Зошто не си ги скратиш маките? И јас не сум за царски,ама ако се мора тоа е тоа ,бебе мора да излезе од некаде. А да беше трансверзално па да немаше опција за спонтано?
Јас не сум качувала температура бибрегот само сто имав многу силна болка неиздржлива види од нешто друго да не е температурата направи си крвна слика најдобро
Јас вадев умник во 16-17 недела кај орален хирург. Не ми бараа никаква потврда. Ме прегледаа, видоа дека е за вадење и го извадија.
Девојки, во која недела ви прекина гадење и повраќање? Последниве 2-3 дена немам ништо, инаку сум 12+2. Да се радувам или пак ќе се вратат за некој ден?
Девојки што мислите за патување со авион во 26-28 недела (6ти-7ми месец)? Сакам да испланирам да си ги видам моите во Мк во април на 2 недели, но немам претстава како би се чувствувала тогаш, дали би смеела, дали има некои битни прегледи итн. Моментално сум 16та недела.
36+0 денес. Побезбедни сме мислам нели? Нешто ме потстегнаа малку менструални болки, дали за какање дали од времево, и десна нога ме врти. Уште една недела нека седи. Бар дотогаш ќе се врати и Кристинка, а и Сотир ќе е вратен. А кај мојот гинеколог уште 5 дена
Еленке јас 32 па 34 чекам за да речам добро е, ти за 36 се мислиш Супер е се, пред 37 не се пораѓаш Нормално е веќе и да те стега и да те боли. Дур не почнат на интервали и во кичма, добра си.
Девојки се припремам полека за постпородилниот период кој ми следи сакав да прашам појас за стомакот што се носи после породување, од каде можам да си набавам? Каде да барам? Или да ми препорачате некој конкретно од кој сте задоволни. И дали веднаш треба да се носи или треба одредено време да се причека? Прва бременост ми е и се ми е ново
32 си? Да летне некако магично времево, лесно, без напнатост, ама... Исто ко бев 31 32 само броев и се чував, на штрек така посуптилен бев, дека мали контракции покажа. Ќе помине и за тебе и за сите шо чекаат, со лежење ќе се дочуваме сите. Богородица да нѝ помогне на сите мајки.
Еех ете, само што се штрекавме, стигната си и ти на безбедно. Немај гајле ќе си поседи. Ќе ги дочека докторите да се вратат. Јас па сега викам ајдее излегувај, ама абер нема. Денес ни е годишнина мислев ќе дојде денес ама не, мирно си пливка, си ужива.
Не сум уште, ја чекам 32ра. Во сабота 31ва ќе бидам. Не ми проаѓа времето Уште 3 недели да летнат некако па може ќе почнам да дишам
Јас оваа бременост немам нешто изразени mood swings, во првата повеќе знаев да изреагирам за некоја глупост сега смешно ми е. Е откако се породив тоа беа хормони до таван, колку бев љута, нервозна како бесна. Свекрва ми не ја викнав откако си отиде мајка ми од страв да не се искарам за некоја глупост, а жената е супер и имаме одличен однос. Се надевам дека овој пат нема да бидам таква, зошто сама себе не се трпев тогаш. Кај мене некаде 14-15 недела престана скроз гадењето. Не сум повраќала (освен еднаш) ама имав гадење од мириси многу. Знае да престанат тој период па пак да се појават, битребало до кај 14-15 да ги снема. Јас во првата бременост баш тој период летав (по втор пат) , само потребно ти е документ од гинеколог дека можеш да патуваш и кој месец си. Мене ми рекоа тогаш дека е задолжително, 7 месец бев колку што се сеќавам. @Ceneva ние сме двојазично семејство што живее во трета земја. Ќерка ми зборува два течно и сега веќе третиот, плус оди на англиски. Во никој случај нема да го збуните детето со два јазика, напротив од бебе му се зборува на двата и без никаков проблем ќе почне да ги разликува и да си ги применува и двата јазика.
@elenaklasik моето беше негативно искусто. Ама има членки со позитивно искуство. Така да не се многу преоптеретувај. Ако ти е ептен на мисла закажи си царски. А имаш уште време. Може ќе се сврте.
@Giovanna За жал немам убави вести за постелката. Тотална превиа ми е сега,мора со царски рез да се породам,од оваа точка нема кревање а и веќе касно е. Ми останува да се помирам и тоа е. А толку многу имав желба за природен пораѓај. За температурава утре крвна слика со црп ке правам па ке видиме. @Lavica2602 мислам ти беше со ваква дијагноза на постелката,па ме интересира како пројдовте на царскиот,ако не ти е тешко да ми пишеш на кратко во лп.
Мешиња, осеќам доле ко притисок некој, ко да е доле бебево да притиска, нормално е или да паничам? Кичмата ме боли исто и ко менстр. болки имам Грчеви на стомак па цело време имам, они не се болни, ко непријатни само Царски породена см предтоа и не знам ни болки како изгледаат ни водењак ни чеп, ништо, ко да см сега прв пат бремена, затоа морам да прашам
Девојче се измачи ти. Со пп мирување и не кревај тешко. Ќе ти закажат царски ко ќе влезеш во 9ти, обично не оставаат долго да се чека. Ништо страшно, и јас во главава сум дека сакам природно ама ако не бива не е страшно и царски, мора со таков мајндсет да идеме. Само живи и здрави бебиња да се родат, се друго се заборава. Пиј течности многу, брусница, овошје и зеленчук. Уште малку ќе издржиш