Фала ти многу,се ке издржиме за нашите бебиња,само не ми е сеедно искрено ама тоа е нема друго,како треба да биде ке биде,само да сме живи здрави сите на крај
Јас ова бременост не повраќав многу туку само на сабалје докај 17 нед после преку ден два и еве ме 32+ и сеуште преку ден два шовраќам утрински... ама тоа не ми е мачно
16+3 сум уште ми трае гадењето. Знам и да си повратам помала количина. Со првото ми престана околу 18та недела, па одбројувам до тогаш Инаку, вчера прв пат,а денес втор пат добив удар долго време го чекав и посакував,чуството е преубаво. Не ми замерувајте кога ќе кукам во 7-8месец дека многу шутира Матичната завчера ми вика колку кг се поправи. Нула, скоро ич. Јас ослабев од гадењето, сега едвај тие кг сум ги вратила. Во првата бременост од 5-6 месец почнав да качувам на килажа.
@АнаМаријаД сигурно не ти е сеедно, знам и по мене колкава ми е желбата за природно ама на крај пак си викам, како треба така нека биде само добро да се заврши. Наше е тоа што можеме да се потрудиме да направиме, па сега ако не бива фала богу за се смислиле решение. Ти посакувам веќе до крај ништо да не се помачиш, а веќе кога мора да мируваш како кралица да уживаш Ене каде е пролетта, уште малку ќе туркаме колички во парк
Јас патував сега 26 отидов 28ма се вратив, никој не ми побара ништо, документ никаков, до 32 можеш без проблем да леташ. Не беше многу удобно патувањето ама не беше ни страшно.
Девојки, дали може да ми препорачате некој антиперспирант на природна база? Што користите вие ? Јас сум многу осетлива под пазуви, од тие на база на алуминиум добивам жлезди, и пред некој ден се направив паметна и ставив сода бикарбона као природно ама НЕРАЗРЕДЕНА Се промени Ph веројатно и после два дена ставање се изгорев цела, буквално дисколорација, ме боли, цела сум отечена. Ставам маст од невен и почна да се подобрува по малку. Не би ставала ништо, секако сум врзана за кревет поголем дел од времето, ама мирисов во бременоста, друже брате, не можам да се поднесам ни сама. Any tips ?
Многу боцка бебе доле на цервикс, баш како со игла и на отвор само, чаре? Не можам да одам, седам, ништо. Не е лигамент или слично, баш како уринарна инфекција да боцка ама ова буквално е бебе на движење негово само боцка. 38 недела денес, нека е за арно, сите што чекаат ден за ден знам како ви е, еве сега се чудам дека сум 38…да дочекате сите
Јас за визер знам само. Близначка бременост до 32 недела можеш, со едно до 34. Ама после 28 недела ако патуваш ти треба потврда од гинеколог дека ти е дозволено да патуваш и потврдата не треба да е постара од 6 дена пред датумот на патување.
Уф сосема те разбирам Значи сепак и ти минуваш вака.. од хормоните ли е вака?! Претходно не сум имала мака со потење, а сега дека лежам по цел ден и немам движење ми дојде чудно да мирисам вака Користам инаку на биотен, тие се без алуминиум и алкохол и ми ги предложија тие.
Јас и ради тоа лежам. Здоболува при такви бодежи, тегнења. Разни филмови ми прави. Кога седам, особено при јадење, така ми прави, јадам набрзина и одам да легнам. Ти цтг, проверка со прст, имаш?
Не ми е за плашење знам бебе е мрда, туку како да функционирам не знам хаха. Цтг само едно до сега во Чаир и тоа со еден каиш прават само срцето на бебето го гледаат па според тоа оценуваат. А во Гак кога идев на итна гледаат и контракции. Немав проверка со рака, ќе видиме следниов пат дали ќе има ама на форумов прочитав дека во Чаир не практикувале се дур нема стварно потреба (пред пораѓање ваљда). Едит: Чаир има амбуланти сабота недела или од понеделник до петок се?? Ваљда и во Гак исто е па ако знаете пишете ми.
Фала ти ти посакувам и на тебе а и на никој да не се мачи со ништо,да се породиме најлесно што можеме сите и да гушкаме бебиња
Мислам дека прогестеронот игра некоја улога, до 12та недела пиев дабростон, немаше вода и сапуни шампони кои можеа да ме исперат, мислам душава ми мирисаше лошо После некое време се смири ситуација, па добив благо крварење, утврдија полип и пак почнав со прогестеронска поддршка, и пак почна мирисот. Не знам дали е до тоа, може јас така си поврзувам без веза, битно НЕ СЕ МОЖАМ. Ќе земам биотен ќе го пробам и јас, фала ти.
Мила, во прва бременост имав вкупно 8 лета, сега сум 25та недела и до сега имам 8, од кои ми следат уште 5 сигурно. Доколку имаш уредна бременост, летот не прави никаков проблем. Последен лет ми беше во 36та недела, гениколозите одобруваат до 37ма ама некои авио компании до 34та, тогаш се прошверцовав оти немав ни стомак голем и не ме ни приметија за да ми побараат потврда т.е мене до сега не ми побарале за ниеден лет. Патувај слободно, нема да осетиш никаква промена.
Па да можеби е од тоа. Јас ставам утрогестан сега (подолго и редовно), а на почетоците дабростон (кратко и нередовно) па не осетив таква промена. Ама сега јас не си се поднесувам, така да сосема разбирам.
Точно, Визз е до 34та, Аустриан пример до 36та ама ете мене стварно не ми побарал никој до сега потврда. Ок е да се има за секој случај ама дека прават нешто многу контроли, не.
Јас го имам користено тој на лимес. На природна база е . Инаку јас сум алергича на дезодоранси па овој супер ми беше , многу свеж мирис има
Фала ти Бела.Имам мртва 4ка за вадење ја влечкам од 11 недела,среќа немам болки нема ништо,мртва е умрени скапани корења,мењам нонстоп лекче чистиме и ја затвара со тоа како гипс.Матичниов забар ми бара потврда од гинеколог дека можел да ја вади,и на клиника вика да појдам демек ќе ми барале.
Абе некогаш кога немаш ко за беља ќе побараат. Вака добро е да си информиран и да имаш со тебе. Да не те стресираат за џабе.
Кај мене не беше мртов умникот, имаше процес и го лечевме нон стоп дур да дотуркам до безбедна недела за вадење. Во 16-17та ме фатија страшни болки, завршив на дежурен во 6 сабајле, од таму ме пратија кај орален хирург и во 9 веќе ми беше изваден забот.