Ви благодарам на информациите девојки И јас со Виз ќе сум. Ќе побарам потврда од доктор. Tреба да најавам нешто некаде пред патувањето (на Виз пример) или ништо од тоа не е потребно? И дали знаеш каде би ми ја побарале потврдата?
Здраво девојки , во која недела го слушнавте срцето на вашето бебе ? На Клиника ми кажаа да одам 8ма недела. А пак вера бев кај матичен (6та недела сум инаку) и ми рече дека веќе требало да се слуша ... Споделете искуства ве молам.
Дали си одговара со неделите? Да не си имала доцна овулација? Од 6та до 8ма недела треба да има срцева акција. Кај мене имаше во 6+5. Ако не ти се чека до 8ма, закажи за една недела преглед.
Во текот на 6тата недела може да се слушне. Може и во 7мата недела да почне да чука. Знам колку ти е страв, сите сме осетиле. Можеш за неколку дена да направиш преглед кај друг доктор. Сѐ најубаво
Не ми бараа искрено 28+4 бев, е сега дека сум мала и со дебело палто може не ме познаа колкава сум, ама не е лошо ако се патува да се извади потврда за секој случај.
Здраво девојки, 18+4 сум а сеуште не сум осетила движење на бебето. За сега сите контроли поминаа во ред,последната беше пред 2 недели,во ред си беа мерките за г.н. Некако сум нестрплива, секој ден очекувам да го осетам ама го нема сеуште Дали некоја го осетила подоцна?
Пробај ги на Ben&Anna ги има во Белина во Македонија. Ги имам користено, добри ми беа мене. Без алуминиум има и на Caudalie, Biotherm. Мене ми ја побараа стујардесите кога влегов во авион. Подобро е да си имаш, да си бидеш раат. Јас денес бев на ендокринолог, излезе дека се си е во ред со шеќерот. Параметрите во бременост биле повисоки и 8.5 била горна граница. Така што нема потреба од никакви дополнителни испитувања. Туку што ми се случи ноќеска Да станам од креветот на ќерка ми (среќа низок) изгубив рамнотежа и паднав на десна страна Повеќе си ја удрив раката, отколку нешто друго и се изнервирав и се исплашив секакви филмови си свртев. Од глупост значи, не ми се верува како се случи воопшто. За да не дремам дома и да паничам, отидов да ме види док. денес. Ништо не ми е ни мене ни на бебе, дури и цервикс ми измери да бидам мирна (41мм рече дека бил) а реакцијата им беше ептен смирена, ни прва ни последна што се сопнала најверојатно.
леле лош ден денеска. глава ме боли. енергија нула. ми се лоши, ми се гади, ми се повраќа. не функционирам воопшто. едвај чекам да заврши денов.
И јас се чудам. Како ги поминав сите празници во грч, само да влезам во девети. А сега абер нема. А толку чекам да ми дојде што поскоро. И арно торбица не спремав порано, ја спремав пред некој ден, и секое влегување во соба кај што стои и чека ми буди возбуда, а подсвесно и страв. И одма мислите ми одат на истото секогаш кога ќе ја погледнам. Кога ли ќе биде, како ли ќе биде? Дали ќе можам да родам? Како изгледа да рајѓаш? А како да знам кога ќе ми е прв пат. Многу е психички оптеретување последниот период. Само живи и здрави да ни дојдат бебушки. Си поставуваш и ти вакви прашања?
Да,прво ми е. Значи нормално е и подоцна да се осети. А исто малку ме загрижува што ни едно кило немам качено од пред бременост. Јадам нормално како и пред тоа, во главно разновидна и здрава храна. Се трудам да јадам повеќе ама немам некако зголемен апетит.Прво се пазев заради мачнини и киселини,па ме фати грип и некако ич немам апетит. А инаку сум гурман и обожавам храна. Затоа ми е чудно што баш сега немам некој апетит. Дали јадете поголеми количини од претходно?
А јас спремна со торбица уште пред месец ипол, спремно купено и наместено, алишта средени веќе 2 недели. И само цупкам и чекам, може рано спремив ама ем беше таква ситуацијата ем преголем мерак. Абе со насмевка сум ги пеглала диплела па мести ги се да биде слатко, да ми било практично мести преместувај. Сега прашања кога ќе биде, деновиве или за две три недели, ќе помине лесно или со компликации, па ако биде царски што треба да ги информирам, дали ќе издржам болки и какви се тие болки што ги опишуваат како најстрашни што можеш да ги доживееш, па ќе биде за 5 саати или ќе трае раѓањето долго два дена. Како ќе изгледа бебушка, дали ќе има стварно многу коса како што ми рече матичната, дали ќе дојам како изгледа доењето дали ќе знам што да и правам. Абе нема крај листата, да не пишувам. Ама искрено веќе немам сила, после ова со положбата на бебето и компликациите од неа се откажувам од се, затоа не ни враќав на коментари, не сакав ни да се уклучам на форумот, немам сила да мислам негативно, искрено не ни правам вежби и не ни читам за положбата. Сега само некоја трема имам и мисли како би било, страв да ама негативни мисли гледам да ги тргам. Уште малку ни остана, може и преку ноќ да се случи све, спремни или не ќе издржиме и ќе се гушкаме мноогу наскоро. Каде беше почетокот, колку работи се поминати, информации прочитани..едвај чекам
Пааа.. до 18-19 недела повраќам константно, сега јадам најнормалнп како и пред бременост, ми помина одбивноста према одредена храна, а немам ни пак мерак за нешто посебно. Ако не си качила не се секорај, напротив радувај се хаха
Првото го осетив 19+ и тогаш постелката ми беше на преден ѕид, а второво порано во 16+ и постелката е на заден ѕид. Секако дека може и подоцна да се осети, нормално е тоа.
Јас имав во првата бременост, во четврти месец, болка невидена. На ургентен примав инфузии, спазмекс, и се смири болката, и тоа од еднс доза, иако мислеа повеќе ќе треба. Тогаш докторот што ми ја водеше бременоста предложи да ми дадат спазмекс, зашто полошо било да ги трпам болките. Мора да кажам дека трпев 12 часа и искрено огромна болка е тоа. Ми се лошеше, мавав со нозе по ѕидови, до денес ми текнува на болката… Консултирај се со доктор, но ако мора, пиј спазмекс.
Истите прашања и мисли ги имам и јас. Стварно многу беше, уште малку остана. Се ближиме кон главната цел. Туку дали и вие помалку ги чувствувате бебињата во последните недели?