Ми помина после ден и пол,издржав не се напив ништо. Се тресев од болка страшно беше.. нека не се повтори веќе никогаш дај боже. На никого не посакувам такво нешто да осети.
Ау страшно е. Јас обично трпам болка, ама тоа е нешто неверојатно. Баш не сакам никој да осети. Баш ми е мило што ти поминало, и да не се повтори
Денеска 35 полни, сабајле на преглед и цтг ок, мирно, после видов на извештај цтг реактивно fs 10, појма немам што значи. Ама попладнево ме фатија бодежи доле вагинално исто ко на почеток кога почна да ми расте стомакот. Ако станам на нозе болат многу, легната се демек подносливи. Нормални ли се за оваа недела или да почнам да се плашам? Исто имам менструални болки, ама не во кичма, туку во стомак, како грчеви. Плус беблаци не застанаа цел ден, само претаат и се преместуваат, воздух немам од едното што е напикано во ребра, умирам од болка. А морам да издржам уште една недела да се врати др и да ме породи
Женски не издржав. Сабајле ми падна чепот ( по трети пат) немав болки ама отидов на контрола во 4:15 од што ми беше шубе 7цм отворена се породив во 5. Добри сме и двајцата.
Јас да, може и си прочитала претходно пишував и прашував. Матичната рече ништо страшно нема простор, а доктор во Чаир ми рече во текот на 24 да има 10 удари, ако се помалце правец на цтг. Значи нормално е, ако ти е страв. А ако ти фали (како на мене) ќе се издржи па ќе ги имаме до нас, мене болни ми се и тие што ги има ама многу мили @Pipismel мило ми е што сте добри и што интуицијата ти помогнала. 33 недела? Знам прими инекции, извини што ќе те прашам ама те следев па ме интересира дали се е супер. Нека е живо и здраво бебуш, да се гушкате и чувате, да ве прави среќни и горди
Мешиња, колку дена не се имам пожалено..? После два дена затворени дома, што е чудно за нас, денес се раштрафив цела. Прво чистење следеше, обично секогаш подот го бришам на колена, со првото до последен ден така, сега исто, си мислам супер вежба за да се намести во правилна положба, овој пат ме утепа уморот. Потоа излеговме, тука само метроа-пешки ауу сум заборавила што е трчање со саати наваму-натаму, Ск сегде со кола, сум закржлавила. Ама немам сила, воздух едвај земам, 2км ми се видоа како 20. Еве ме сега хоризонтала, не можам да мрднам од препониве и кичмава. Туку, како успевате да спиете ма страна? Не ве боли крлицата? Мене ужасно ме боли, само на грб ми е лекот, иако знам као не било ок ама па не можам да заспијам, посебно не на лева страна, пробувам со перници ама болиии влечеењ ужасно. Сега вака уморна, се мислам утре дали да станам во 6 за да отидам на проверка за скриен шеќер или да си одложам за следна недела... па и страв ми е дан ми се слоши пак. Бебе удира ептен јако, сега ми се качило горе башш на зелудник притиска, горе ми се напрчил стомаков, ако испадне и ова темпераметно дете како малава, маж ми ќе затвара вентилот за трето
Па го има сигурно 10 пати и повеќе може. Чувствувам и икање често. Ама не може да се рече дека се удари веќе. Туку само движења. Изглеа нема место да удира како предходно.
@gothchick не стигнавме 33 недела се породив во 32 и 3 дена. Со две дози за зреење сам дише и двајцата сме супер.
За делот со спиењето на страна спасот го најдов у дормео наддушек, втора вечер како го наместив и не ме болат и не ми се укочуваат колковите.
Еве друштво ти правам за колковите карлицата а 22 . Мислам дека се распаѓам.Ни перници помагаат ни ништо.Само на грб не ме боли.Цела ноќ менувам страни нонстоп и се затекнувам на грб како спијам па се вадам од памет и пак неколку илјади тури превртување лево десно до сабајле, како се осеќам мислиш на ражен сум ставена