Веќе и ситното броење на најситно можно го раситнив и пак некако бавно време врви. Јуник 100% си се гушка со бебушка, само чекаме да не израдува. И кажете му на цуцево мое дека термин му е и мама и тато одвај го чекаат па нека излезе да се гушкаме,не вака си се топли,ужива и не мачи.
Мамички јас имам едно прашање до вас .... Тие витамнските апчиња Фемибион 1 што ми ги даде докторот што имаат во себе секакви витамини имаат и јод...е сега јас вчера земав значи потполно исти Фемибион 1 само немаат јод... Е сега сум во двоумица дали да ги почнам да ги земам тие без јод или да одам утре да барам со јод што имаат..... мозда прашањето мие глупаво но незнам кој друг да прашам....
Јас ги пиев Фемибион 1 во првото тромесечие , после Фемибион 2 наредните месеци и додека доев Него мислам подобро е со јод ... Мене гинекологот ми ги препорача истите
Маченце претпоставувам дека си ги пиела пошто колку што имам запамнето во Германија живееш или грешам И јас исто мислам дека ке се подобри со јод а незнаев дека ги има со и без јод во аптека ги побарав тие и ми ги дадоа но сега баш читав што имаат и забележав дека едните се со другите без јод.... сега додека сум кај мајка ми ке ги пијам тие бидејки мислам дека тука во Холандија ги нема , сега барам по интернет да видам каде ги има но ги нема ..... кога ке си одам ке си ги земам пак со јод таман и имам закажано за на лекар па право и него ке си го прашам..... но сепак мислам дека е подобро кога ке се дадат лични мислења затоа и си прашав .....
да да ги пиев цела бременост , него мислам ништо страшно ако продолжиш и со тие што сега ги имаш па и таман после ке си купиш и Фемибион 2 тие се пијат од 13 недела Поздравче
Кај сте женски Јас од синоќа сум права трудница Маж ми го скорнав во 2ч да стане да одиме да бараме тост, ми се јадеше нездраво многу, среќа најдовме сендвичара. Од минатата недела ми се оди на театар, денес конечно бевме, попат изедов 300чоколади и сладоледи, како мало дете. Срамота невидена, ама што да правам кога ми се јаде. Ми се увртело во глава дека деновиве ми се шета, и навистина си шетам, ќејфови било ова Почнаа некои болки, се издржуваат, не се страшни , па затоа мислам дека има време сеуште, иако изгледа почна даомекнува грлото на матката. Незнам како изгледа мукозниот чеп кога паѓа, но ми се чини такво нешто се дешава :geek: Ако е таман работава, не сме далеку. Маж ми гледа болки, рачуна, размислува , вика треба да се породилни, ама јас мислам нема шанси така лесно да си поминам. Ај дај Боже да се олесам, ама кој знае, не ми се верува дека така по желба ќе се одвива
Meu болки, јас па се осеќам како веќе да сум кој знае колку отворена и се чудам како се држи бебе да не падне од мене хаха Кое лудо чувство. Ноџињава како ќебапчиња ми се напраиле и се клатам лево десно а мм се утепува од смеење и кутриот целосно сочувствува со мене. Ах слатки маки
ааа ајде кај вас две ке биде за брзо, претпоставувам колку сте нестрпливи, само со лесно да ви биде ама да не не заборавите после нас, другите што сме тука, да не известите шо како
леле женички јас имам мн јаки болки во горниот дел на грбот кај плешките ама температура немам болките се јавуваат само навечер и неможам да спиам ко вампо сум па може знаете дали може да се намачкам ракија да се утопли барем или да се намачкам некоја маст позз
мене ко ке ме боли главата си ја масирам со ракија, никој не ми рекол дека е штетно , така сигурно може да си се намачкаш и ти, а исто имам читано на инт дека коњска маст била дозволена во бременост, може да си купиш и таква да се мачкаш
нз али болките се неподносливии и не сакам никој да ги има неможам да спиам ни да лежам ни да седам катастрофа невидена секоја вечер со мм се пречкаме оти мн мрдам ме масира абе ова си боле као да е на копче ко се стемни да почне да боле веднаш се вклучува јас сум 9 месец затоа прашувам за ракијата оти веке нз со да праам
незнам тогаш што да ти кажам , сигурно некоја друга феминка ке каже таа што знае, ако не прашај во аптека утре за некоја маст, сигурно е дозволено ти веке си во одмината бременост, здравје боже и ке си се гушкаш со бебушка уште малку
Можеш да се мачкаш слободно, зошто не би можело. А да и коњската маст викаат помагала во бременост, посебно нозете ако те болат, или било кој дел од телото, како реума, здрвено.... Јас немав потреба до сега, маж ми ме мачка со улје или крем по цело тело, стапалата задолжително секоја вечер пред спиење. После масажа сум како преродена, заспивам за секунда и само еднаш се будам преку ноќ.
Има во Марди тие што се бутиците (ама марди не комплексон) има и таму горе на спратот ама и во јавор исто и до моделино до матстарт што е кај месарницата што има ко за жени облека има таму ама само пантолони за трудници побарај си и не се скапи, а посебен бутик има кај пазаро ама незнам како да ти објаснам каде ваму по тие улички кај што се оние пластичарите кај што има продавници што продават крпи пижами такава работа по тие улички има еден бутик за трудници е баш така мислам не сум земала до душа до сега оти имам време уште малку
хехе ти благодарам многу, јас искрено не го знам баш градот, т.е бутиците ама овие денови ке излезам да разгледам да видам шо имат, како имат е да ти имаш уште време а ние некогаш можеме да се видиме и кафенце да си пиеме , штом си и ти бт
Меу и јас сум замислена за тој чеп, дека од вчера имам некој потемен исцедок. Ајде поискусниве мами да ни кажат дали забележале да им паднал и ако да од прилика за колку време биднало. Јас само некои нелагодности чувствувам, а шлагот на тортата е кога бепчо ика и се мава со главчето доле Изгледа да се засукаме мекици за Јуник да правиме,а можите и смеса во фрижидерче на страна и за мене да ставите за секој случај, некакво интересно чувство имам
Јас не сум го видела чепчето ,ама од она што ни го кажуваа на курс тоа изгледало како краста од рана (само не толку тврдо) и после него имало како лигава течност со малку сукрвица (или како црвени влакненца).Паѓањето на чепчето условно значи и почеток на породувањето(условно бидејќи породувањето започнува кога ќе пукне водењакот).Доколку паднало не би требало да чека бебушко уште многу.Сега или ќе добиете болки или пак прво ќе ви пукне водењакот.Со лесно нека ви е
Да Сењорита, првите ми се појавија во 30н, а сега се множат Ноелле немој со интересните чувства, оти веќе 2дена ги имам нека се става поголема количина за мекици туку ми направивте лиги, кај ќе најдам сега мекици да јадам
Спремај мекиците Јас во 40та недела одев често на контрола и последниот преглед му коментирав на докторот дека можеби сум фатила некоја инфекција бидејќи исцедокот беше многу густ и многу често бев мокра. Тогаш ми кажа за овој фамозен чеп, јас до тогаш немав слушнато Се породив за 2-3 дена.