Можеш природно да се породиш ама ќе те стават на диета да пазиш што јадеш,а ако е мн висок моја пријателка се боцкаше секој ден да го проверува.
Јас пијам Пренатал, содржат 1000мг фолна, а исто пијам и метилирана фолна од 1000мг зошто имам мутации и организмот не ми ја препознава непрочистената форма.
Помина преглед 16н 6д денес, од што едвај чекавме сите да дознаее што е, се криеше ниту еднаш не ги отвори ноџињата. Но докторката се сомнева за женско а и мојава интуиција ми вели дека е женско. Првото е дада и за ова сите сакаат и навиваат за машко а јас па за инает се мислам дека нема да биде машко. Најважно е дека се е во ред, ќе почекаме до наредна контрола за потполно да сме сигурни дали е дуда. Следно да одлучам само дали да бркам врски за скрининг на државно зашто стандард нема термини или да си закажам на приватно.
Не знам какви се тие вредности со двоцифрени/троцифрени броеви. Се препорачува последен оброк пред мерење скриен шеќер да биде 12-14 часа претходно. Погрешно е да се пази што се јаде, треба да си јадеш како што се храниш вообичаено.
Епаа не знам тука Австрија така мерат, знам таму е поинаку али тука прашав 70-100 е као нормално, јас 100 имав. Скорз заборавив дека не смеам да јадам после 7.. прифатија да ми мерат, па ќе видиме. Епа нели диета мора од доктор ако се има шеќер? Јас се движам пример ама не можам како порано, ненормални болки имам, а и не ми дозволува времево, сама ја чувам малава, со неа ако излезам парк ( а тука е камен, врнежливо) и тоа да ми е пешачење повеќе.
Zosto da si baras vrski za termin. Ako prati maticnata sekoj den ke uspeat da te zakazat. Jas bev na gak za vtor skrinig uredno zakazana.
Кај нас е исто пак второ женско, јас не можам да се замислам со машко.. хаха шо знам од старт со мм мислевме дек е женско, и за првото и сега, сакавме женско за да се бааш блиски другарки, иако нели не е ништо не се знае ама би сакала да се блиски и да разговараат на теми отворено, пример со брат не можеш се.. маа 3-4 нека се женски само здрави и живи.
@Bubish26 , си мислам дали тоа што си јадела пред тест, ќе даде веродостоен резултат. Треба 12 часа да немаш внесено никаква храна вечерта пред испитување. Тоа ми беше нагласено од докторот што ме води. Само вода обична или минерална. А претходните денови си јадеш вообичаено, дури со малце плус повеќе шеќери. Јас мислам да си повториш наредна недела, ако те оставаат. ------- Конечно се убедивме со малиот да излезе со баба му. Едвај чекам да сум сама, без гласови и звуци. Бебево си притиска, се тегне, и наеднаш како ме пецнува на нешто долу, ауф. Уште неколку дена да издржиме, колку да се ослободам психички. Терет ми е што треба да се исчисти, испере облека, јас да се средам, во косава сум тотално запуштена. Ставам колор шампон и ме мрзи што бара чекање едно два саати, ама морам, сакам да личам на девојка. Арно се издепилирав минатиот понеделник, замислете, два дена пред преглед се осмелив да одам на интимна и цели нозе, за да поминам на редот. Не верувам да чекаме толку време за да никнат нови, па да морам пак. А ве молам некоја кажете. Дали ви се затресуваат наеднаш малите? Еднаш читав ради неразвиен нервен систем било тоа. А си велам да не има врска и со папочната. Значи како наеднаш да се здрмуваат неколку секунди и прекинува. Уште 4 дена
За во која соба ти стоеше на упатот? Ако успеам преку матичната да знам барем што би требало да пишува. @Bubish26 И јас некако интуиција ми вели дека е женско, слично мислење имам и јас, се сме женски околу мене и јас мислам дека да имам машко нема да знам како да го чувам. Ама ако испадне стварно машко (ептен тешко по мое) ќе се шокирам мислам дека.
Зависи до вредностите што ќе ги покаже тестирањето. Ако има отстапки ендокринолог дава диета и се мери шеќер дома пред и после секој оброк, а можеби и директно се дава терапија не знам. @elenaklasik мене да, се тресе како земјотрес да има, ама за брзо се смирува. Деновиве и општо многу мрда, не знам како да проценам само како е свртен. Кај што беше главата последно најмногу мрда, горе под гради, исто и лево и десно мрда, а доле не, само осеќам како слаб афтершок доле од другите удари.
Uuu neznam, nekoj velat vo bremenost ne trebalo da se zagrevame. Ama toa go zborat postarite. Dali e taka neznam
Можеш. Мене при болки во кичма додека бев бремена ми помагаше само топол туш, и тоа долго се туширав дури не осетев олеснување на болката. Знам дека на почеток на бременост не смееш да се затоплуваш.
Како расте, ќе си боли повеќе. Јас обавезно пиев магнезиум и се туширав со топла вода за да ми попушти болката, ноќе во 3-4 саатот се имам туширано од болки.
Ако не си со дијагноза на кичма тогаш да, притиска бебето на некој нерв. Можеш топли облоги и топол туш на болно место, и мене ми беше препорачано од доктор.
Ке пробам и со туширање. И магнезиум пијам ама не попушта баш. Еве сега со шишево лежам па да видиме. Фала ти.
@elenaklasik мене да, се тресе како земјотрес да има, ама за брзо се смирува. Деновиве и општо многу мрда, не знам како да проценам само како е свртен. Кај што беше главата последно најмногу мрда, горе под гради, исто и лево и десно мрда, а доле не, само осеќам како слаб афтершок доле од другите удари.[/QUOTE] @Bella_Stella Е баш ко земјотрес. Неколкупати има направено така. За положбата, мислам дека кајшто е главата треба да е помирно, освен она туркање што се осеќа подоцна, и вртење. Кај нозете има удари посилни, кај рацете послаби. Инаку, и во 36та недела кога се тегнат, и тогаш растат така? Мислам ќе ми пробие.