Од каде се константниве паники? Не ме сфаќај грешка, ама во сѐ бараш можен проблем. Јас и многу како мене имаме и те како причина за паники, ама јас лично не дозволувам да живеам во страв. Одам на прегледи, бебе си мрда, зошто да си правам константно црни сценарија не сфаќам? Не е дека не помислувам на моменти, ама одма ги бркам тие мисли. Не ги сакам, не носат ништо добро. Уште малку ќе се породиш, пробај барем последните денови/недели да ги изуживаш колку можеш. Сепак бременоста е нели блажена состојба и треба да сме среќни и спокојни. Пробај.
Ох да знаев што е тоа спокој. Од дома се учи тоа, од мали, ама не ми е мене позната состојба. Анксот ми работи. Сакам да сум мирна и блажена, не успевам, тоа е. Извинете и што ве вознемирувам овде со негативности. Во право си
Ви мерат ли матичните гинеколози притисок? Го проверувате ли вие сами и колку често? Мојава на почетокот ме праша само каков ми е вообичаено,сега пак ме праша дали сум мерела и каков бил. 2-3 пати имам измерено и низок ми е, не знам колку често треба да го проверувам. До сега сум немала покачен.
Сакав во повеќе наврати и јас ова да го пишам ама викам ај да не бидам погрешно сфатена. Има тука жени со сериозни дијагнози и со сериозно ризична бременост. Не викам дека треба некој да не тапка по рамо и теши. Да, треба да се споделат искуства и позитивни и негативни ама повеќето се трудат позитивно да размислуваат за да преживеат буквално и да им помине времето, и мислам дека е апсурдно само паники да се прават. Знам дека секоја планина е со своја тежина ама малце осет Нит сме доктори, нит сме стручни, нема за некои работи зошто сами да се правиме паметни и да бараме влакно во јајце. Мене лично некогаш ме уморува кога ќе видам што се, се прашува тука и какви паники се прават а сум изгубила бебе во второ тромесечие, имам куп дијагнози, на строго лежење сум и со голем ризик за предвремено породување. Дури и кога некоја ќе напише нешто што сум го поминала и имам лошо искуство со истото гледам да сум претпазлива во давањето совети да не се направи беспотребна паника. Не знам може јас претерано сум осетлива и само мене некои работи вака ми влијаат...
Јас си купив апаратче демек ќе мерам. Ама не сум ич редовна. Мерам кога ќе ми текне, најчесто глава кога ме боли, што за среќа не се случува често. Генерално ми е низок и мене па затоа не сум се потресла нешто околу тоа.
I jas go piev istoto, slusaj go doktorot sto ti pravel ivf. Ostaj maticnata sto ti zboruva. I onaka samo za upati I brisevi gi biva.
Убаво си пиша прееска од што е тоа дрмање. Со нервниот систем поврзано е и ништо опасно и најнормално, си се развиваат. И мене и на други им се случува гледаш. За папочната и да е околу врат ништо не е страшно дур е внатре, лошото е кога ќе искача, а не можеш ни да смениш да е, многу проценти се раѓаат така.
Матичната не ми мерела ни на мене до сега. Само ме праша каков ми е притисокот (мене ми е низок) и дека ќе треба да си го мерам почесто во второ тримесечие чисто поради претпазливост. Јас си го познавам телото и знам кога ми е премногу низок/нормален/повисок од нормалното за мене. Но сепак барем 2х неделно гледам да измерам или кога чувствувам некоја промена/потреба за тоа.
Термините ги даваат околу 9ти мислам, јас два дена чекав да пуштат термини и одма се јавив кај матичниот да си закажам, си закажав во Чаир и сум ептен задоволна од прегледот 30тина минути ми траеше
Затоа многу често знам да скролам и да селектирам што читам, ама ете нешто ќе промакне. Не можеме сите да бидеме со ист мајндсет, ама па не може и во крајности да се оди. Јас лично не дозволувам да ми влијае туѓо искуство, како што не сакам ни моето лошо искуство да му влијае на некого. Ама пак ќе кажам, не сме сите исти, не знае секој да се носи соодветно со ситуацијата. @elenaklasik нема потреба од извинување, најлошо на самата себе си правиш. Имав и јас и те како знаци на анксиозност, ама со самоконтрола и помош од психотерапевт сега сум на добро место. Мораш да најдеш начин да си помогнеш прво на себе, за никој не е здраво да живее во константен страв.
Мене секој преглед ми мереа и имав низок, и ми кажа после 5 ти месец барем два пати на ден мери си, што е добар совет бидејќи цел живот низок и одеднаш сеа во 38 недела 140 со 90, што мора многу да се пази за да не отиде уште нагоре
Ниту еднаш не ми измериле, ни притисок ни килажа. Ако гледаат дека плодот е во ред, мислам не замараат со тие работи. Само еднаш двапати ме прашаа како сум со притисокот, кажав низок отсекогаш, па и сега во бременост, рекоа дека е супер да е низок ама ако имам можност сепак да го мерам дома 2-3 пати неделно поради ризична близначна бременост, и тоа да биде секогаш во исто време од денот. Ако во случај отиде 140 со 90 да се јавам на лекар, ама за среќа тоа не ми се случи. Според мене, немаш потреба често да го проверуваш освен ако не се осетиш добро, вртоглавици, главоболки, заматен вид, такви ствари. Јас редовно го следев на почеток затоа што знаеше да ми падне нагло и ми се спојуваше често, и претходно имам историја со тоа, дури и на волан ми се има случено и заврши со сообраќајка, па сега цела бременост не возам. Во второ тромесечие не се замарав, освен кога бев болна тие денови, сега на крај пак мерам затоа што сум цело време вознемирена и исплашена. Во секој случај, ако има нешто, мислам ќе осетиш и ќе знаеш, дај Боже да нема.
Ми се чини дека вчера пишав за истото. Многу поретко ја чувствувам и поблаги движења. Предходно кога маваше на сите страни, во јајници, во бешика се плашев да не излезе, а сега ми недостига. На моменти ме заплашува, ама кога ќе ја чепнам се јавува одма. Немаат место како предходно. Не знам што не излезат кога им е тесно вејќе.
Што пиевте за железо а да не прави проблем на желудник ? Ми даде тотхема ама читав многу дека им се гадело од нив,а јас имам осетлив желудник..