За во Авицена, се закажува однапред. Во Понеделник се само со упат, а другите денови приватно (така беше јас кога проверував).
Јас пиев Хеферол. Не ми направи никаков проблем со желудник. Не повратив ниту еднаш, а од пренаталните витамини поврајќав.
Здраво, може на некоја од вас ќе и биде од корист. Неодамна испитував скриен шеќер, во Центарот за дијабет, спаѓа под Ендокринологија. Ми рекоа дека треба три дена претходно да јадам по 100 грама чоколадо, а вечерта пред тестот до 20 часот најдоцна да јадам. Не знам дали и на другите места вака кажуваат. Кога правев за првата бременост, во приватна лабараторија, никој не ми кажа дека треба да јадам благо претходно.
Јас закажав, за секој случај да не ме моткаат. Јави си се, да не се малтретираш за џабе, ќе ти кажат и саат и ден
Јас пиев сидерал фолик, па ферозомал. Сидералот ми беа поскапи, па ми ги смени докторката со ферозомалот, кесички прашок се и двете, како магнезиумот, ги бутам со вода и не ми се толку гадни како тотхемата, од неа и небремена црева истурав. Истите ми ги даваа и за низок хемоглобин и за ниско железо,а цела бременост ми се менуваат, ќе качам железо, паѓа хг, ќе мрдне хг, ќе падне железото. Скокам да ги пијам само кога киселините ми се најјако, мислам од нив уште полошо ми е. Само пази 2 часа пред и после земање, да не консумираш млечни производи и кофеин, тоа ми нагласија.
Крвната слика денес катастрофа,ЦРП ми е 100,седиментација 57,во урина и протеини и нитрити и глукоза,друго железото паднало на 4 а минатата недела 22 ми беше. Катастрофа и другите параметри се све размрдани. И се сомневаат на бубрегот што ме болеше нели мада не ме боли веке само температура имам 38,и гинекологов вика според мене е воспаление на бубрег као а нефрологот вика не е,со леукоцити во крв 12,кај бремени нормални се тие,не е тоа. И сега утре да одам на ехо кај нефрологот да го види бубрегот па после на инфузии ке примам. Сакаа во болница да лежам неколку дена дури,ми се стемни. Нема крај на проблемите дефинитивно ама ке помине. Почнувам Панцеф денес пак 10дена,по 5ти пат во бременоста. Само нека помага и да се среди да сме добри двајцата друго се ке издржам.
За железо само на џејмисон предобри се со дупло железо и не ствараат воопшто тегоби.Јас имам позитивно искуство.
2 недели ги пијам, деновиве пак ќе направам анализа, сепак консултирај се со матичната. Јас со првото пиев тотхема но не ми одговараа многу се одвратни..
Девојки, денес цел ден се изнашетав пешки 37ма недела сум И сега се стоплив дома и осеќам како да ми се стврднува стомакот, како тесно го осеќам незнам како да објаснам А и чувствувам притисок доле Незнам да проценам дали се контракции некои лажни/вистински, дали е од бебето, дали од умор Ќе може ли некоја од вас што поминала да ми објасни како уствари се чувствуваат контракциите, како да знам што е оваа тежина и чудно чувство во стомакот, како да проценам кога да одам на преглед…
јас сум утре за скриен шеќер ....не знаејки сум јадела чоколадо а за нејадење ми рекоа од 18 вечерта и еве ме мене до пред 1 саат јадев што јадев сега до утре до 10 ке гладувам
Имаме пишувано, правите контракции не боли стомак цел или горе, туку од кичма накај долниот дел од стомакот, односно имаш чувство како да ти се дели телото од болка, за време на контракции природно ќе држиш позиција подпрена со рацете на нешто и подсвиткана, за тоа време не можиш да се движиш. Чим многу си одела одмори, види дали ќе ти се зачестува болката, дали ќе е се посилна. Највероватно е во прашање многу напор и умор, оти тоа и сега ми се дешава кога одам бајги време.