Утре сум на преглед. На една недела ми ги закажува докторот што ќе ме порајѓа. Матичниот ми изреагира демек многу е на недела, треба да е почесто..
И јас таму испитував ама не ми кажаа вакво нешто. Си направив испитување, со нормално јадење претходните денови. Само 12 часа претходно не јадев. Само вода смеев. Докторката ми кажа дека ќе правиме контрола откако ќе се породам, и дека тогаш ќе треба да јадам чоколадо по 100 грама, неколку дена претходно.
Ај кажете и другите што сте при крај односно во девети, на колку дена одите на цтг и преглед таму кај што ќе рајѓате?
Мене последен преглед кај матична само на ехо во 35+5 и закажан цтг во Чаир во 37 недела. На тој преглед ми закажа за 10 дена и дека во сабота не работат, утре сум на преглед значи на 9 ден и ќе сум 38+2. Утре ќе пишам инфо на колку ќе ми закаже и како сум поминала. И јас мислев дека почесто ќе е, се зачудив кога рече 10 дена, ама сега мислам дека после 40 недела се закажува на два дена а до тогаш на недела дена/10 дена.
Пишував низ темава за моето искуство. Консултирав вкупно мислам 5 гинеколози, вклучително и Петрова Ремедика. Знаев да качам притисок, носев холтер и имав вредност 160/80, 130/110, 140/90. Тие беа највисоките во тие 24ч. Другото беше нормално, накај ниско. Сите гинеколози и кардиологот ми рекоа дека не сум за терапија (барем за сега), бидејќи Метилдопата дополнително ќе ги спушти и ниските вредности. Ме советуваа, доколку се качи над 140/90, да земам Метилдопа. Фактички по потреба. Го мерам секојдневно, не е отишол погоре, добар е, ама не се оставам така. Морам да го следам. Значи не е константно висок кај мене. Јас бев убедена дека треба да пијам и затоа барав мислења од повеќе доктори, ама ете сега за сега сум без терапија.
Не сум во 9ти, ама треба да се породам следна недела, цтг и преглед ми прават еднаш неделно последниве три недели. Само ми кажаа ако осетам нешто што ми е чудно и многу болно, да отидам во било кое време.
Да сте живи и здрави, честитки! Ниту еднаш до сега не ми мереле. Јас имам низок притисок, многу ретко мерам дома само ако осетам дека нешто не ми е како што треба. Секогаш железото пиј го заедно со храна, не го пиј никогаш на гладно така ствара тегоби. Јас пијам капсули Ferrum, не знам дали ги има таму во составот имаат и Ц и не ствараат никакви проблеми. Секогаш ги пијам додека го јадам доручекот. Ве читам за спиењево, мене перницата за бремени ми одмага искрено. Не ја ни користам, џабе ја купив. Спијам на страна, на лево се имав навикнати уште во прва бременост па така спијам скоро цело време. Најмногу ми помага мала перница меѓу нозе за да не ме болат колкови и да не го стискам стомакот.
И мене не ми е цело време висок само еве деновиве 140 со 90 знае да се качи, во систина ми кажаа диазепам од 5, да не почнуваме со метилдопа бидејќи не е цело време висок, сметаат дека не е до бременоста, туку од вратната спондилоза на времево па затоа прашувам за колку притисок на други места ви ја препишуваат
Како примети за попуштените вени? Немам преглед на тој реон скоро месец и пол, од стомакот нели Се осеќа нешто? Мене на секој преглед ми мерат притисок. Дома мерам само по потреба, кога осеќам дека ми е низок или висок.
Осеќав притисок како од хемороиди и кога се фаќав имав како меки топчиња, мислев дека е влакно искрено ама кога бев кај матичната дома ми ги виде и ми кажа. Инаку за притисок и мене тука ми мерат секогаш кога одам на доктор, и ми го пишуваат во матичната книга, значи месечно.
@Hatula Имало уште некој како мене со перницата, мислев само до мене е. Најзалудно потрошени пари, само ми се мотка низ дома, а не научив да ја користам. Многу ми беше гломазна и од неа се укочував, плус скроз непрактична ако мочкаш на пола саат, дур си се наместил, стани и пак бори се со неа. Цела бременост ја поминав без неа, на цврст душек, на лева страна, и по малку на десна, ама вртењето со стомаков ми е кошмар болно. Може малку ги гмечам бебињата така на страна, ама стварно не можам поинаку.