Суупеер! Сега со лесно, опуштено, пешачи, движи се, си знаеш веќе. Како осеќаш движења сега? Осеќаш промена откако се намести поправилно, освен боцкањето?
Мешиња од утре 34та недела, од вчера имам болки доле ниско баш како за пред добивање ај реков ќе помине ништо страшно да не паничам само. Цела ноќ ги осеќам болките, половината така не ме боли константно ама имам болки и таму. Е сега од сабајле и задникот ме боли како да имам напон за во вц цело време. Накратко кажано се ме боли. Некоја да била во ваква ситуација ?
Јас редовно се фарбам со истата фарба како и пред бременост, тетка ми е фризерка и до сега ме нема опоменато да ја сменам. Може не е правилно незнам
Супер е резултатот имате антитела (јас кога го видов мојот резултат испаничив, но после матичниот ми кажа дека е супер така треба да биде)
Треба да ги споредиш ИГГ и ИГМ од исти вредности (рубела игг и рубела игм). ИГГ позитивен, значи дека некогаш си ја прележала таа инфекција и имаш антитела од истата. ИГМ позитивен, значи дека моментално имаш некоја инфекција и треба да се третира. Двете негативни, значи дека немаш имунитет за тие инфекции, односно немаш антитела.
Ќе отидам баш после да видам што ќе каже, викенд фаќа па да не е нешто сериозно а јас дома да ди седам
Вчера вечерта многу активна, цел стомак ми мрдаше и на мм му викам гледај сега за инат ќе ја качи главата нагоре во последен момент. Болни се движењата уште стига до ребро да удри, ако што е спуштена. Со лицето уште си е така само пониско е, ама ете даде негово мислење дека положбата била супер, а му верувам. Ептен кога седнувам ја осеќам, прекршена нема шанси да седам мислам главчето и го смачкувам ме пржи нештомноогу притиска и боцка, многу. Имам трема голема, уште се убедував со докторов дека сакам природно и што побрзо да е…заборавам какви болки ме чекаат од возбуда
Здраво девојки имам некои болки во грлото проверив крвна слика малку покачени леукоцоти и гранулоцити, имам некоја бактерија на крајниците бидејќи имам некои бели како каменчиња. Ми земаа брис од грло и нос но докторката рече да не чекам резултати да пијам оспен. 28 недела дали е паметно да пијам уште пред да бидат резултати од брис
Да, зашто имаш веќе гној на крајници и може да почнеш и тт да креваш. Штом ти е даден оспен безбеден е во бременост.
Од вакцината е ова што ја имаме примено ко мали и така треба да биде, значи има антитела и нема ризик од заразување во бременост.
Здраво мешиња, Јас само што се вратив од на преглед, според менс сум 24+5, според мерки 25+5, така ми е од старт и си тера. 800г е веќе, како дадичка помало меше т.е одговара на 24та недела, нозе долгиии за 26та. 4,3цм цервикс мерен, бебе со главче си е уште на долу. Мерките од скриен шеќер покажуваат вака, ќе ви пишам според нивни мерки кои се границите, пошо очигледно не е исто како Мк. Прво боцкање 94, а граница 95, второ боцкање 141, граница 140, трето 85-граница 120. Според докторка не е ништо страшно, само да пазам со унесување шеќери и помалу јагленохидрати. Одма прашав за царски дали ќе мора, се насмеа нее ми рече, ќе се прати бебе колкаво ќе е, плодова вода ама прво се оди со индикација за природно секогаш. Ми олесна, а за храна ќе се придржавам како ќе речат. Ми препиша и компресивни чорапи оти ми отекуваат на вечер, да не знае некој колку пари се Мк? Да не лупнам тука дупло повеќе. Прашав за Ддмери оти и тука прочитав, а и Ск на скринимг се зачуди како не проверуваат во Австрија. Кога и кажав на матичнава тука, направи една фаца зачудена како тоа ддмери провериваат во бременост без некој индикации.. не е за да ми даде упат оти според неа нема потреба, се е во ред. Кои мерки се поточни за одредување последен термин според вас? Она се води секогаш по тие колкав е плодот, а не последма менс. Чим е се во ред, одам сега да превртам стан од корен оти гости се најавени.
@Bubish26 За последен термин секогаш ме воделе по прв ден од последен циклус и во претходната бременост и сега. Ама па исто ги зимале во предвид и самите параметри на плодот.
Со првото не можам да проценам хаха оти 10ти го имаа пишано во Австрија краен, а 20ти во Ск огромна разлика а се породив 14ти.
Одлично! Ќути, за главата поставеност ептен му ја изнадумав. А за што ли не! Туку, чек, како е со лицето завртено? Пак накај стомакот, ама не пречи? Или некако странично, ама сепак убава положба зазело?
@Bubish26 јас земав компресивни хулахопки, скоро 4.000 беа. Овде не препорачуваат поединечни чорапи туку баш хулахопки труднички за да не се изремети циркулацијата. Инаку моите се со прв степен на компресија, пошто има и тоа врска, не знам што точно ти препорачале на тебе.
И јас сега идам од преглед. Цтг покажува до 100 болки, а јас не ги осејќам. Сестрите испаничија ама не сакаа да покажат пред мене. Др вика добро е. Отворена еден прст. За наредно ми рече на 31ви да се слушниме за да знај според распоредот како да закажиме. Ако издржиме до тогаш си викам. И кај мене е ниско вејќе главчето. Помина и прегледот со рака. Среќа кратко траеше, ама не можам да речам дека беше нешто страшно. Допрва "страшното" следува. 38 +5 сум јас според последна меснтруација. Мојата е 3кг тешка. А за тоа со лицето на кај е завртена заборавив да прашам.
Мерките таму се во mg/dl, а кај нас се во mmol/l. Ако те интересира по нашки, се дели со 18, ама како и да е, супер ти се мерењата.