Кај мене во прва бременост, имам кажано, во 36та недела имав до 100ка исто. Не ги осеќав ниту јас. Терав со контракции шарени до 38+5 и се породив. Е кога бев веќе отворена 1 прст, брзо се одвиваше отворањето. Ќе пратиш ситуација. Со лесно да ти биде!
Напред накај стомак гледа, може си имаат искуство знаат дека можат да го средат тој дел или дека се менува при контракции пораѓај поим немам не прашав детали Леле се нервирам ваму не мерат контракции ни со рака нема преглед. Може и јас сум така а не знам Не се замараат само ако е лошо цтг(срценцето), болки или водењак. Ох се ближиии времето, кај тебе ми изгледа побрзо ќе биде
Јас секаде се обратив и веќе не знам каде 28 недела сум веќе 7ми месец и во последно време не се чувствувам баш најдобро и сум многу исплашена значи станав хипохондрик, не можам да спијам хаос ми е во главата дали имате некој совет, си плачам скоро секој ден и одам по доктори, сега бактерија во грлото јас испаничив и снимив сто филма во главата
Во кој смисол не се чувствуваш најдобро? Ако имаш бактерија во грло, ти дадоа некој антибиотик? Од што се плашиш?
Па не физички вака не ми е нешто освен сега грлото и тоа што два месеца наназад кога легам на грб ми вибрира во грлото но ме слушаа три пати и ми рекоа немам ништо на белите дробови, ама вака психата цело време мислам на болести и такви работи се ми е страв дека ми е нешто... а за грлото да ке си пијам оспен и брис проверив
Штом е психата проблем, обиди се да поразговараш со некого. Дали стручно лице или блиска личност. Читај книги, ако имаш нормална бременост шетај, пешачи. Пробај вежби за дишење или медитација. Гледај серии и филмови. Обиди се да најдеш нешто што барем малку ќе те опушти. Ако не помага ништо дефинитивно разговор со стручно лице. Некогаш ни треба малку помош од страна да се справиме со сите мисли и чувства што не преплавуваат во вакви ситуации.
Се надевам дека ке се средам бидејќи општо вака многу паничам за се и сега веќе претерано е. И не можам да уживам во бременоста како што треба и баш се нервирам. Почнав и доктори да менувам од тоа што се си мислам нешто
Од денот кога ме провери, ноќта веќе до три прста се отворив, во меѓувреме отидов на болница, бидејќи околу полноќ почнаа посилни контракции. Значи веќе почнав да ги чувствувам. Не се занемаруваа тие, бидејќи на одредено време почна постојано да стега. А претходните денови не знам, можда и тогаш сум била еден прст, а не сме знаеле. Ама тој ден ме провери, бидејќи и цтг-то покажа посилни чести контракции. Ама нема правило, и тој тогаш ми рече, можеш да чекаш цела недела отворена. Ноо, ете на бебето не му се чекаше. И да ти кажам иако беше на полноќ (маж ми дури ми вика, "а можеш да издржиш до кај 4 и пол?" , демек за да се раздени), многу полека си возевме, си стасавме, плодност беше празно, мојата договорена докторка беше на смена дежурна, инаку ќе требаше да ја викам, полека со сестрата ме спремаа и за 6 часа вкупно сосе отворање се роди беблето мое, шо сега по цел ден трчка дома и си мели Ќе си пратиш ситуација, без страв. Јас, за разлика од сега, бев многу поопуштена, си го имав сфатено како природен процес, дека бебето треба да се роди, и природата си знае како. Се присеќавам сега на тоа, потребно ми е.
Кај мене траеше со сааати хаха кај секој е различно, мојот пород траеше цели 18 саати од кој 10 бев на болница, од 8-13ч бев 3 прсти отворена, од 13-15 бев 5 прсти, во 18ч се породив. Во негде 11ч вечерта падна чепот и почнаа болките ама немав абер од отварање...
Од кога почнувате да мачкате ланолин? Многу ми се суви брадавиците, како подбелени. Или со нешто друго да мачкам?
Можеш слободно, јас мачкав кога имаше потреба 35 недела не знам точно. Сега ми се нормализираа па нема потреба иначе ќе мачкав уште.
@gothchick да те прашам, пошто заборавив. Од кога почна да го имаш тоа боцкање надолу, се сеќаваш? Или сега 37ма 38ма повеќе? И мене ме боцка.
Здраво мајки, 10та недела сум, во понрделникот бев на лекар се е во ред фала богу, железото ми е паднато ми дадоа витамини да пијам. да ве прашам имам водест исцедок последниве два дена нема мирис нема ништо ама понекогаш се чуствувам како да сум се подмочала, нормално ли е или да се јавам кај матичниот да ми да нешто? Само си правам некои филмови дека нешто ке тргне наопаку..
Психата страшно не пореметува сите. Мора да бидеш позитивна, штом бебе е добро опушти се. Да ти кажам за мојте дијагнози малку да те окуражам? Абе нема предавање јас решив дека ќе гурам до 80 години и ќе бидам млада и силна.
Од крај на 37 или точно 38 беше пред два дена не знам, наеднаш еден ден почна претходно сум немала такви бодежи. Слични кога се тегнела да, ама не е исто чуството. Не е страшно кога и да е Тоа што е спуштена, прашав, не значи ништо може со недели да си шетам така.
Мене термините од циклус и мерки ми отстапуваат со 7 дена. По циклус термин ми е 3ти Април, по мерки 10ти Април. Баш некни на трет скрининг го прашав Димчев како е правилно да рачунам и ми кажа да рачунам по мерки пошто во ептен рана фаза сме го корегирале терминот и евидентно било дека е зачнато покасно. Така да јас си го рачунам 10ти.