Од каде ги имаш земено хулахопките? Јас имам испуштена вена на левата нога, на листот, но и малце над коленото зафаќа. Не ме боли, никогаш не ме болела, ама сега приметив во бременоста како да ми е помодра од претходно. Дали од зголемена циркулација или не знам. Претходно правев доплер редовно и се си беше уредно. Планирам здравје после пораѓај и доење да ја исушам со инекција. Имам чорап таков од стапалото до препон, ама ни еднаш го немам ставено сега од склет. До душа и кога го купив на прсти се брои колку пати го ставив. Хулахопки може повеќе ќе можам да поднесам. Ама што е со цената жити се? Чорапот околу 1000 и нешто го имав купено од Медикус Плус.
Се надевам дека ова е некоја фаза и ке ми помине знам дека нема причина за стрес но паничам и морам да се вратам у нормала ☺️☺️☺️
Здраво девојки, потврдена бременост од гинеколог 6 недели, пред два дена бев бидејќи ми се појави кафеав исцедок но примам терапија и се е во ред, но ме интересира кога за срцева реакција?
За неделите си одговара се, следен термин ми договори за во понеделник па се надевам дека ке слушниме тогаш.
И јас се збунив од цената, ама си платив ко попче Тие што не се за трудници се по 2000 и нешто. Знаат каде да профитираат како и вообичаено. Инаку овие се од медикус хелп, еве баш овие ги имам. https://medicushelp.mk/p/121/mediven-elegans-hulahopki-za-trudnici-ccl1 Инаку не да се с'клет, за облекување ако не е тука маж ми сто пати ќе се препотам додека да ги натегнам, а после тоа па ме фаќа дополнителна нервоза од компресијата. Искрено не можам да се борам секој ден по цел ден со нив, некогаш не ги ни носам па што сака нека биде. И онака две вени веќе отидоа. Среќа немам тромбоза, па ќе ги решавам здравје на есен.
Претерана е цената, ама кај нас се што е увезено, особено па за трудници и деца е со нереални цени. Гледам германски се, сигурно во Германија се упола цена, ако не и повеќе. Инаку попаметно ми е изгледа да не ги купам. Со маж ми се разминуваме скроз со спремање за работа, нема како да ми помогне. Среќа е што немам тромбоза и јас да, ама не сакам да се оставам така. Здравје кога ќе има простор би ја санирала вената, а можно е и да се две испреплетени една со друга.
Искрено не ни знаев колку се додека не ме стаписаа на каса, па ги земав без размислување така тазе излезена од лекар. Да имав време да размислам може и јас ќе мислев како тебе. Бев и на доплер, знаци на тромбоза нема за среќа, клексан ќе морам до крај и претпоставката е дека нема ни да тромбозира со таа терапија. Чорапиве се повеќе да помогнат за циркулација и да превенират дополнително попуштање.
Прими флостерон, како си? Па јас имав зголемени бранови топлина низ цело тело и како тахикардија чувствував. Бебе мирно, нема да го чувствуваш многу (овој дел најтешко го поминав). Веројатно тоа е и поентата на самата инекција.
И јас примам клексан од 0.2, се надевам игра улога и бо ситуацијата со вената меѓу другото. Како и да е, важно е што немаме знаци на тромбоза, ќе се санира колку што може после породување.
Читајќи ве вчера за отварањето, синоќа си мислев готово ноќва ќе се отворам, ќе добијам болки и ќе се породам. Па така цела ноќ ја поминав со стврднувања, грчеви. Што од мисли, што од што не знам, ама нема ништо сеуште. А можно е да сум метеопат дотолку, па на промени стврднувања да ми се јавуваат? Нели тие не треба да се сметаат како вистински контракции? Само оние што болат вистински? Многу е вака измачувачки, да чекаш и следиш. Најтешко е да се самоследиш. Инаку и денес си продолжува стврднувањето, не знам колку плус треба да очекувам за да се јавам.
Си реков дека ќе ти направам мисла не требаше да ти кажувам. Сега ти преостанува да си следиш, колку можеш посмирено. Во добра недела си веќе, немаш потреба од притисок. Стврднувања како и претходните се очекувани, и тие поминуваат. Ќе си пратиш состојба и самата ќе знаеш ако нешто си почнува. Менструални имаш? Мене тие ми се од секогаш многу ми се језивки, дури и кога добивав менструација, ич не ги сакам.
Нема врска, ти само сподели свое искуство. И сама сум свесна дека негде отварањето е со денови, негде почнува со прст и брзо продолжува. Ете тоа е тоа за мислење, барем да беше кај сите исто. Не знам што чувствувам веќе. Стврднувањава навејќе ги имам. Менструални слаби по некоја. Ама нив си ги имам па скоро цела бременост.