Ама и различен праг секоја имаме. Можеш да почнеш на 5 прсти да осеќаш болки, до тогаш да си лабава. Нема правило. Болницата блиску ти е? Знам која прпа е, ќе поминеме, нема бегање.
Па јас како што си имав болни менструации, можно е и висок праг на толеранција на болка да си имам и овој пат. Зошто и вчера сестрите сите ме испрашаа дали имам болки кога го гледаа цтг. Па и болницата не ми е баш блиску, дополнителна прпа.
Мене од синоќа почнаа такви менструални со грчеви и оштри болки доле вагинални со скрстени нозе сум одела. Ама менструалните траат подолго, не се на интервали туку сега 10 минути па за два саати пак па за пола саат. А и многу слаби, ако сум активна нешто не ни ги приметувам, само во мирување. Синоќа пешачев до продавница и дека ладно ми беше пуштив побрз чекор, си викам од тоа е плус комбинација што прекинав магнезиум па сега почнувам се да осеќам. Чим можев да спијам си викам не е тоа тоа
И кај мене се такви по некоја и не на интервали. Вчера и јас се подраздвожив појќе и плус низ дома и синоќа срамната коска ми се двоеше од болки.
Епа мислам дека не треба да паничиме и да се иде на лекар, само ќе не вратат. Дури и посилни да почнат, од што имам читано подобро дома да се издржат па кога ќе почнат јаките неиздржливите да се тркне до болница. Добро тебе ти е подалеку, не мора до толку да чекаш ете сепак отворена си и регистрирало јаки болки. Кај мене не е таков случајот.
Женски на мојте проблеми нема крај. Температурата овие денови,црп 100 леукоцити и се и свашта што имав изместено катастрофално во урина е од бактерија во урина. И тоа многу многу ретка. Денес стигна резултатот од уринокултура. Станува збор за Serratia rubidaea,и тоа 1милион,значи многу размножена. Незнам како успеав и ова да закачам и како,од дома лежење,а многу е ретка.. Пијам Панцеф според антибиограмот е сензитивна на него па ке видиме,се надевам нема да се влечкам со нејзе како со Клебсиелата. Нека пише некоја ако има искуство со оваа бактерија,мада не верувам,многу е ретка стварно.
Леле женооо баш ми е жал за тебе. Поработи на имунитетот,очигледно ти е многу опаднат,што од антибиотици,што од бактерии. Прашај дали смееш мед со матичен млеч,јас јадев пред да останам бремена претходниот пат,врв е за имунитет.
Фала ти ке прашам баш. Витамини пијам нинстоп убаво се хранам незнам како ова ми се деси пак. Пак пијам еве антибиотик по 5 пат. Ке прашам за ова со матичен млеч.
@АнаМаријаД , консултирај доктор да засилиш доза на витамин Ц, сега ти е многу потребен. Многу вода да пиеш, сигурно и си пиеше, ама до 2 литри без пропуст обавезно. Овошје што содржи витамин Ц, брусница чај, портокали, аронија, ананас, лимони, малку шеќери за да не го заблажуваш организмот, да не се храни бактеријата. За железо си земаш си препарат, а и убаво е цвекло двапати неделно, медот исто така ко шо пиша Софија. И за една недела да си ко нова! Што побрзо да оздравиш, да ѝ удриш клоца на бактеријата, па веќе во трето тромесечие да си уживаш раат.
Исфрли фаст фуд и теста од храна повеќе овошје и зеленчук, готвени домашни јадења, чај од брусница обавезно и сушена брусница јади за да се исчистат бубрезите.
Пијам витамин Ц од 1000ка плус инфузии примам и таму ми ставаат витамин Ц. Пола литро инфузија примам плус што пијам по 2-3 литри течности. Стварно незнам кај ме најде и оваа бактерија. Пазете нефрологот рече нема искуство со оваа бактерија од што е ретка. И другиве доктори исто.. Ке гледам што повеќе овошје и зеленчук да јадам. Ваљда ова последно ке биде што ме снашло. Дај Боже! Чајов од брусница смеам од тој сушениот појакиот 60% што е брусница или од 30% само? На овој мислам: https://www.zegin.com.mk/mk/good-nature-chaj-od-brusnica-refus-100-g
Јас ја користам сушената брусница за чај, една полна супена лажица ставам во 200 мл вода и оставам малку повеќе да проврие и после и си ги јадам тие, ми имаат поубав вкус така и плус чајот. Ти посакувам што побрзо да се ослободиш од сите бактерии и од стресот и да почнеш да уживаш во бременоста.
Фала ти,се надевам и јас дека ке биде последно ова,па да влезам мирна во трето тромесечие. Инаку ова смееме толку јака брусница да пиеме така? Тој сушениот е 60%. Од Зегин го купуваш и ти?