Јас знам дека хибискус треба да се избегнува, а во сите овие има и затоа ја земам сушената во сите маркети што ја има и таа ја преварувам бидејќи ми има дадено докторката дозвола да јадам сушена брусница.
Поактивна е темава, па тука да прашам. Денес на неколку пати на дигитален апарат измерив 143/88, се напив Метилдопа околу 13ч. Сеуште абер нема од спуштање. Колку треба да делува? Смеам уште една да се напијам?
Јас за метилдопа знам дека не е лек за по потреба.ако се пие, се пие, ако не се пие постепено се намалува. Сум пиела и 4 пати дневно, и 3пати, и 1 дневно, сега сум на 2 пати дневно. Можеби затоа не ти делува. Кога би се пиело мислам барем еднаш, или половинка дневно концентрацијата си ја постигнува во телото по 1 недела и потоа си го одржува притисокот на нормала. Консултирај се со интернист/кардиолог најдобро
Не ja барај само вината кај себе, се правиш како треба. Едноставно таква бременост..да се закачи се што се може. Ќе биде добро.
Мене за ваков притисок во Систина ми кажаа само диазепам од 5, и тпа пијам ако се покачи и делува. Бидејкќи ми метилдопа ако ми дале ќе требале на долг рок да се пијат, а кај мене некогаш само се покачува
Јадете ли цитрусни овошја? Имам голем апетит за портокали, мандарини, по 5/6 дневно јадам, ми бара душава. А читав поделени мислења дека не треба да се јаде поради некои причини…
И јааас, многу ми се јаде мандарини, киви, портокали. Исто како тебе, душава ми бара, ме освежуваат. Ај кажи поради кои причини Е уште што не ќе сретнеме на интернет значи значи...
Aman be, zosto da ne smee? Se utepav od jadenje kivi, portokali I mandarini. Pa sto drugo da se jade vo zima?
Првпат слушам да не смее. Со сигурност знам дека цитрусни овошја не се препорачани во период на доење, ама во тек на бременост ако ги поднесуваш, слободно да си јадеш, не знам кој измислил дека не треба да се јадат. Мене лично портокалите ми прават киселини, ама без цеден лимон ден не поминувам.
Да, многу! Јас прв пат слушам дека не требало да се јадат цитрусни баш напротив секаде имам читано дека се препорачуваат најмногу баш тие овошја. Јас знам да си изедам 4,5 мандарини плус некоја кива и уште некое ако ми се јаде. Воопшто не се ограничувам со овошје, вчера лимон сечев и јадев Јади си без гајле.
Дали бодежи ниско доле дури до вагина би значеле кратење на цервикс или е можда од тежина веќе ? 30 недела ја тераме веќе.
Јас па напротив имам слушнато дека мандарини и киви е убаво да се јаде, јас си ги јадам, калинка исто, ме освежува.
Да, јадам и пијам сокови од нив редовно. А исто и компот од вишни, и првиот пат многу јадев и сега исто. Се што е умерено, не би требало да смета, плус со настинкиве, потребни се витамини. Да прашам тие што пиете метилирана фолна и витамини како фемибион, премама и слични на нив, дали ви ја прекинаа фолната или заедно ги пиете?