Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. girlboy

    girlboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    158
    Здраво девојки, имам едно прашање дали се нормални некои промени во дишењето. 28-29 недела сум веќе и при легање или седење чувствувам некакво како вибрирање во душникот или грлото од градите нагоре. Кога ќе се наместам да лежам на лева страна го нема но вака е присутно често. Исто така и од пред една недела ми се јави некое кркорење како да издишувам вишок воздух, како некое мало ждригање, многу паничам па ако може некој совет, искуство
     
  2. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Го ставав минативе дена, да сум помирна психички. Не ставам веќе. Од утре здравје ќе се враќаат докторите, па тука ќе ми се при потреба.
    Брисевите ги направив во 35та, тие беа чисти, да. Ај, ќе видам, за уринокултура ќе напрам една деновиве. За колку дена има резултати од уринокултура?
     
  3. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    Мајки бев на доктор и 8 недела сум денес по последна менструација и немаше срцева реакција ;(
    Дали се случило на вас покасно да почне или не .. катастрофа сум
     
  4. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.781
    Пол:
    Женски
    Pocekaj uste edna nedela. Mozebi si imala pokasna ovulacija, i pokasno da e zacnato bebenceto. Pustam sreka na nareden pregled se da bide ok (fingers)
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    26.893
    Пол:
    Женски
    Мила, многу ми е жал.. не знам кај други мајки какви искуства имаат ама на 8ма недела имаат сите мислам срцева реакција.. срцето најчесто може да се слишне во 6та недела, кај некои може 7ма ако покасно била обулацијата ама 8ма мисла дека имаат.
    Два дена крварење е многу.. некогаш и да изреагираш одма нема за жал позитивен одговор. Крварењето не е нормално, посебно проследено со болки, во твој случај се случило затоа што нема правилен развој. Што ти рекоа да почекаш или нема надеж? Се надевам на позитивен одговор ако то дале терапија.
     
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Утре даваш, на пример, во среда имаш резултат.
     
    На gothchick и elenaklasik им се допаѓа ова.
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    Па ми рекоа да одам на матичната утре можеби вика има подобар ехо а и немам надеж зошто вагинално ме прегледаа а тука може да се види мн добро.. 8 недела сум по менструација а на 3ти јануари правев тест ми се појави 2 линии и на 10ти отидов прв пат вика има ембрион само уште е рано за срце дојди за 2 недели ,, веќе има поминато скоро 20 дена и утре имам термин ама отидов итно прееска во болница и немаше срцева реакција ниту на вагинално ниту на стомак.. многу ми е тешко
    А имам помалку болки на грб и стомак и ми тече розево можеби плус и од вагиналното ехо
     
  8. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    По последна менструација сум 8 недела денес а на извештајот пишува толку мм и одговара на 6 недели и 4 дена.. дали е уште мало или тука престанало да се развива незнам.. ;(;(
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    26.893
    Пол:
    Женски
    Те боцнаа? Ти препиша терапија? Пошо ако крвариш, а има надеж ќе то препишеле терапија. Верувам дека ти е пре тешко, што и да излезе на крај ќе си направиш прегледи, ќе си имаш верба и ќе биде еден ден се во ред.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Леле толку грд сон сонив вчера што не можам на никого да го кажам.Нешто најстрашно и најодвртно што може да ги сони една мајка.Така што верувам дека се случува доста често во бременоста да се сонува такви соништа.
     
    На Splendor., Telenovela00 и princess5 им се допаѓа ова.
  11. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    Не не, ништо не ми препишаа, нема ни зошто кога главното срцева реакција нема ;(;(;( фала многу :hug:
     
  12. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Дај боже кај тебе да се случи чудо. Кај мене со првото ивф, имаше застанато со развој и немаше срцева реакција.Исто според циклус требаше да бидам 8 недела. Обавезно да си испиташ генетски мутации. Да, не треба да примаш клексан. Силно те гушкам, знам колку боли. Вратава незнаев да ја погодам. :u:
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, ќе земам секако, претпоставувам мислиш на Лактогин што се за пиење?
    Благодарам многу на споделеното искуство.Матичната ми бара повторно да правам брисеви, па дури после пак терапија, но ќе барам баш таква терапија како што си имала и ти да ми даде.Се надевам ќе ја решам конечно.Фала најмногу.
     
    На Ano, АнаМаријаД и gothchick им се допаѓа ова.
  14. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Фала Оли, те молам кажи ми дали знаеш од каде би можела да купам тврдо душече? Јас имам едно веќе што е на расклопување ама некако не ми личи баш тврдо и добро за мало бебе.
     
  15. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Девојки знам дека е доста ретко во бременост, но дали некоја имала проблем со високо железо.На последната контрола железото ми е 31, што е над граница, а само пред еден месец ми беше 17.Не знам од што толку би можело да ми се зголеми, пиев едни витамини што ми ги пратија од Америка со малку повеќе железо за разлика од витамините што се кај нас, но ги пиев само една недела.Не знам дали за толку кратко време би можеле толку да го зголемат железото.Сега ги прекинав, но дали знаете со што би можела да го намалам? Верувам дека и многу високо железо не е во ред.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.533
    Допаѓања:
    18.920
    Иста сум и јас со миењето заби. Штом се наведнам одма нагони за повраќање добивам. Чаре најдов со помалку паста ,а особено ми е полесно кога сум јадена па мијам заби,тогаш не ми е тешко. Ама секое утро за на работа...со маки.


    Девојчиња јас дојдов да пишам еден пост со исповед:whew:
    Од претходната бременост,имам уплав од скратен цервикс па сега дувам и на ладно.
    Кај матичната на 16+1 ми измери 40.3 или 43.0мм. После 3 дена на 16+4 ,докторка на гак ми измери 30мм. Кога ја прашав за коментар рече супер е нема никаков проблем.
    Знаејќи некои информации околу цервиксот од претходно,не ми се допадна димензијата и самоиницијативно си купив утрогестан. Претходно до 12 недела ставав(без причина) и тогаш ми ги прекина матичната.
    Знам дека има врска до докторот и до апаратот во однос на мерката,ама јас мир немам 4 дена. Нон стоп на тоа мислам и се паничам,очекувам на следен преглед помала мерка да ми кажат и да почне голготата(facepalm)
    Во претходната бременост не се откри причината за кратење,брисеви чисти,крв и урина уредни.
    Сега се спремам утре да се јавам во Систина да си закажам преглед кај д-р Гордана, барем ќе ме ислуша и ќе ми одговори на секое прашање. И ќе добијам стручен третман и преглед,налет парите.
     
    На CareTee, Alishan30, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Telenovela00

    Telenovela00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Koga sme kaj sonovite i jas sonuvam grdi sonista.
     
  18. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Ако, не мора да паничиш ама следи си ја поредовно состојбата, не на 4 недели преглед. Има врска и апаратот и празна/полна бешика, ма што и да ти пишувам веќе знаеш, поминато ти е. Ама те поддржувам за почест преглед. Може е генетски, јас имам од тоа страв дека ќе се повторува и во наредна бременост иако нема факти дека се случува така.



    Прееска пишав немам ни менструални(facepalm), од тогаш почнаа и тоа чести и малку поболни од претходниот пат ама не мерев све си викав ќе поминат. И кога добивав менструација порано заспивав при болките ме изнемоштуваа, така и сега. Се разбудив од што ме стегна стомакот за во тоалет, дур да стигнам осетив голем притисок и се укочив не можев да мрднам, реков тргна бебево.
    Лажен аларм за све.
    До кога вака:sweat::sweat:
     
    На *malenavolena*87, Alishan30 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    9.486
    Пол:
    Женски
    Кај мене се скрати 33+ недела, оваа сега прва бременост и предвремен пораѓај 35+ недела. Ако се решам понатаму за второ дете најголем страв ми е ова. Да не се скрати предвреме цервиксот и тоа уште порано.
     
    На Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Не му се секирај на железото. Кај мене цела бременост беше високо, во 22 недела стигна до 42, а сега за две недели ми падна под граница. Тој параметар не значи ништо без хемоглобинот, само резервата ја прикажува. Ако ти е хг во ред, без грижи. Кај мене хемоглобинот беше низок, па цело време ми препишуваа ферозомал што дополнително треба да качи железо, ама еве на крај нагло падна. Прашај си и доктор ако сакаш, ама не е загрижувачко ако се друго е во ред.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.