Ние кога дојдовме од болница за кратко мм се разболе. Сам избегаваше да се доближува, а кога мораше, си ставаше маска. Јас ништо не му кажав, он сам така си одлучи Иначе додека се породиш и искочиш од болница, сигурно ќе биде подобар.
Јас сум од 3ипол скоро со излези влези. Станав отидов до вц по голема, ми пристуде многу и ме фатија менструални болки. Почнаа на интервали. Се јавив кај докторот во 5:30 рече ако имаш болки иди, се истуширав и поминаа. А во меѓувреме се спремавме да тргниме дури и кафе направив. Му кажав пак на докторот дека поминаа болките ми рече тогаш дојди за два дена. И сега не знам што да правам, пак имам по некоја послаба, повеќе стврднување и половината ме наболува. Не знам дали да одам.
Немој така те молам.Тешко ти е сигурно и ќе ти биде да бидеме реални,боли душата сигурно,ама нема откажување.Исплачи го,извикај се не се стискај.Прибери се направи испитување и ќе продолжиш понатака.Сигурна сум дека и сама си свесна и знаеш си прочитала секакви стории тука на форумов,и не се откажуваат.Нема ни ти,жени сме ние ќе стиснеме и ќе продолжиме.За некој месец повторно ќе останеш и ќе биде се во ред,се случуваат вакви работи и ти не си виновна за тоа.
Ништо, кога ќе почнат баш силни, тогаш ќе одиш, сега полека се спрема телото. Кажи ми дали ти притиска надолу? Прееска многу ме притискаше, којзнае дали се местеше, сега се смири. Виење имаш во половина или баш како менструални болки?
имам три абортуси до сега. првиот во 8 недела му запра срцето а бев 12 . закажан скрининг со надеж се да е во ред кога ми кажаа шок. ајде киретажа. вториот не се ни разви плод почнав да крварам огромни парчиња болки страшни. ајде на дочистување пак киретажа. трета бременост се во ред имам ќеркичка златна ајде за второ бебе пак обиди и пак му престана срцето во 8 недела пак киретажа. сега сум бремена пак 19 недела терам се е во ред фала му на златен господ. не очајувај и не се разочарувај. потполно знам како ти е. истото го поминав трипати за жал. ама си реков едноставно не биле мои. моето ќе си дојде. и навистина беше така. биди силна ќе помине оваа болка и ќе се радуваш пак. те гушкам
Не притиска надолу, погоре си чувствувам движења. Баш како стегање, менструална болка ме фаќа. Леле не знам што да правам. Сабајле готова бев да заминам, ама по тушот ми поминаа. Сега од време на време, баш да не знаеш што да правиш.
Негде блиску имаш доктор, да те види отворена колку си? Ама кога почнува отворањето, повеќе стега. Засега почекај. И поручек ќе пратиш, ако има нешто, ќе тргнете. Сами двајцата одите? А ме интересира, ко му ѕвона на докторот во 5 и пол, спиеше тој? незгодно ми е од вакви ситуации ептен
@Lina-Detelina , кај мене кога виде докторот дека веќе сум 2-3 прсти отворена имав опција да ме хоспитализира и да чекаме тука да дојди време за пораѓај. Е сега јас живеам блиску до болница и избрав да си чекам дома бидејќи не знаевме дали часови или денови ќе бидат во прашање, а било што и да е за 5 мин сум таму. Доколку се сомневаш, а мислам пиша дека си подалеку од болницата види и за таква опција.
Не можам да одам и кај матичниов, знајш како ми е на две места како растргната сум, малтретирање ми е. Ќе си почекам. Прво е нема да се роди ваљда по пат. Сами ќе одевме со мм, ама вечерва е трета и свекрвица ќе биде со мене, ако испадне нема да бидиме бар сами. Да, др спиеше и се стопив и срам ми е и си викам си го искористив џокерот за вистинските болки ако бидат нојќе.
Епа тоа си викам и јас, ако почнало отварањто сигурно сум 2-3 прсти ако бев појќе ќе имав болки уште. И не ми се влегува порано во болница, да чекам таму со денови. Затоа не ми се оди, ќе си почекам. А кога ти рече да те ходпитализира, ти кажа дека само ќе те следат?
Поминаа се е во ред. Спремав роденден и затоа не успеав да напишам. Бев на преглед се беше во ред матичната сакаше да ме боцне прогестерон ама рече прво едно цтг да направиме. Немаше ништо на цтг па се одлучи да не ми става прогестерон само да почнам пак со утрогестан. Изгледа сакаше да види ако имаше нешто на цтг ќе примав прогестерон. Најверојатно преладени ми беа јајниците така рече и матичната. Ама добро што отидов имаше психа жта да ме убие
Да, можно е. Ако ти биле ладни нозете, може и од тоа. Еднаш така се преладив, тресејќи алишта од тераса, после како тешко во стомак, како да ме засекува ми беше. Со утрогестан подобро ќе ти е.
Толку помина тоа сега немам никакви болки. Благодарам на советите Туку има некоја со мене што од 11ти февруари влегува во 9ти и што ќе се пораѓа на гак
Не прашав за детали искрено бидејќи реално сме премногу блиску до болница и веднаш одбив хоспитализација. А и веќе за неколку часа после тоа се породив.
Здраво, денеска ми стигнаа резултатите. Имам кандида специес. Докторот ми даде полигинакс уште пред една недела, бидејќи уште кога ми зема брис кажа дека сигурно имам кандида. .Инаку сум 14 недела. Дали некој има искуство со вакво нешто и на што треба да внимавам? Инаку благо не јадум многу а овошје јадам ептен.
Јас од 14 влегувам во 9ти иначе не сум од ск.. со третото бев на Гак не би сакала пак ама никад се незна
@Lina-Detelina кога те читам ме фаќа возбуда во исчекување сме, пиши за на пат до болница хаха. Инаку и јас така, па во муабет со другарка она ист случај ми рече ехе јас колку болки имав па на крај ништо не направи до 42. И така ме демотивираше дека сето ова е само лажни контракции и припрема на телото за денот. Не велам и кај тебе дека е така, сепак имаш напредок ти. @elenaklasik мене пак ми се врати на спиење лепотицава, па само долу ја осеќам ќе мрдне изгледа со рачињата, слабо се тегне, ама и мајка и еве слабо се движи веќе втор ден . И кога имам болки баш се менструални иако цел живот ме болел лев јајник за добивање сега некако двата и во средина измеѓу. Често почна да ме стега стомакот и за во вц, немам течна столица откако го прекинав магнезиумот, ама честа имам. Не знам дали и тоа е поврзано нешто. @juice_ се надевам дека ќе му помине. Цел ден тупам глава, не е едноставно да не може да си го фати детето, а некако втора доза антибиотици му е и не му поминува месец ипол, којзнае кога ќе се излечи скрос.
Девојки да ве прашам колку често ѓи осеќате бебињата? Јас сум 26+1 од вчера послабо осеќам.Ме фака паника
Има такви денови да колку паника сум имала. Еве 33+ јас кога ќе легнам сакам цело време да ми претка и сношти го немаше само некако слабо и си велам сега што бидна испаничив сон не ме фати. Еве сега одмарам активно е и тогаш мама е среќна..
Девојки за затнат нос некој лек побрзо да делува? Баш сега пред пораѓај пак ме фати, кај ме боли цело тело, секој мускул мислам, и отоци и се.. уште ова ми фалеше тешко да дишам