Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    46.078
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа до 28 движењата ќе бидат различни, а од 28 да почнам да си правам броења и да приметувам интервали и начини на движења за да знам дека нешто не е во ред. Јас цело време го осеќам на еден начин и во одреден период повеќе, ама има денови кога не се смирува, буквално по цело денови, приметив дека на 3пати до сега се деси тоа ден пред да се разболам и да качам тт, не знам дали има поврзаност ама буквално така беше. Напиј и се кока кола и јади повеќе благо денес, легни на страна на лево и број колку пати ќе го осетиш во два часа, мислам дека треба околу 10 пати да осетиш движење, удари или икање.
     
    На Lavender13, mal.ecka и ana 2015 им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Не е опасна кандидата за плодот, од тој аспект не грижи се.
    Избегнувај благо, бело брашно...
    И јас ја имав на брисевите, ставав Канестен 3.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се различни движењата после 28-29та недела. Барем кај мене е така, а и во апликацијата исто пишува. Многу е поактивен и осеќам коленца, лакти, ноџиња и што ли таму којзнае. :D

    Вчера прв пат го осетив ептен ниско, обично горе и лево/десно мрдаше. Вчера вечерта буквално како да ми буричкаше доле. Какви се искуствата на тие што ви се бебињата со главче доле, каде најмногу ги осеќате мрдањата? Си викам да не се решило да се сврти од карлично надоле.
     
    На sweet.woman и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Има денови не се толку активни, и тоа е нормално. И мене ме фаќаше паника, на два пати не го осетив скоро цел ден, ама па и бев активна цело време. Легнав на кревет, после пола сат почна да прета. После па се молев да застане пошо не можев да заспијам :D
    Иначе како што спомна некој, после 28ма недела треба да имаш веќе некој утврден патерн на движења, и доколку не го осетиш тогаш, треба да се јавиш на преглед. Барем кај мене вака е процедурата.
     
    На ana 2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Јас искрено не можам да мапирам каде е позициониран пошо удари осеќам насекаде, и горе, и долу, и по страните. Како осеќате дека се свртени со главчето надоле?
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Јас никако. :D Кај мене пред 10 дена беше карлично поставен и најмногу осеќав удари горе под гради и лево и десно. Вчера прв пат осетив доле ептен во близина на вагината и си се надевам дека решил да се сврти. :) Мислам дека е тешко, скоро невозможно без ехо да се процени како се свртени.
     
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    И јас осеќам удари долу ниско, но по некоја моја логика си викам ваљда тоа му се ноџињата?
     
  8. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    6.703
    Пол:
    Женски
    Тоа секако, да видам како ќе се движи понатаму. Фала ти уште еднаш.

    Фала најмногу, ќе ги земам секако, дека има и други лактогин што се користат вагинално, затоа прашав.
     
    На АнаМаријаД и Tess36 им се допаѓа ова.
  9. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Леле жени многу ми е неубо. Кај сум цела разнесена на сите страни со мисли, па уште го гледам прееска мм отворил соновник. После проверив што барал, еден сон со лошо значење. Многу ми е тешко на душава, и тој е целиот замислен. Верувате во соништа?
    Не мора да значи дека би имал точно значење сонот. ;(
     
  10. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Нормално е некогаш да се по мирни ,а некогаш по активни напиј се малку ладна кока кола или благо нешто касни.
     
    На ana 2015 и AniSk им се допаѓа ова.
  11. AniSk

    AniSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Жени здраво, 7-ми месец е од 27+ или 28+ ?
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Јас по икањето сфатив дека се свртело со главче надолу. Таму некаде 29, 30 недела почна да ми пулсира толку многу често баш во делот над вагина, и на ехо др ми кажа дека тоа бебе што е прво се свртело со главче доле, а другото е трансверзално. Ова второво првин беше со глава десно, тука икаше, па после пак се сврте и сега е со главчето лево и таму ика. Само по тоа знам кај им се главчињата, друго врска немам, секаде маваат.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.781
    Пол:
    Женски
    Не си ставај се на душа.Во период сте кога сте во исчекување,на штрек неизвесност,расеани.Настаните и мислите во текот на денот обично се рефлектираат во соништа,така да опушти се.Колку тебе ти е напнато и стресно толку и на сопругот,и он чека принова.Опуштете се,земете посветете си време еден на друг,појдете на кафе ако се осеќаш способна или вечера било што во последниве моменти пред да дојде бебушка после ќе ви биде хаотично на почетокот.Уживај се ќе биде во ред :hug:
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    12.313
    Пол:
    Женски
    Шо сон мила?
    Дај не се секирај за такви работи.
    Помоли си се, Бог е со нас.
    Ќе си биде добро.
    Колкупати сум сонувала мртовци, уште на почетокот на бременоста сонував како сум клекната на под, одма ми одеше на нешто лошо умот.
    Сите тие соништа се ради ситуацијава што чекате во секој момент, напнати сте, стресени.
    Смирете се, земете си по едно б6 и со Господ напред. :hug:
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    6.703
    Пол:
    Женски
    Ич да не го мислите сонот. Таков грд сон сонив пред некој ден, што колку и да сакам не ми излегува од глава, но верувам дека е само сон и ништо повеќе. Жените во бременост скоро сите имаат такви сонови, но верувам дека и кај мажите е исто, со оглед дека и нив им се менува цел свет со доаѓањето на нов член во фамилија.Сигурно дека нема ништо лошо да се случи, само доколку го мислиш може негативно да ти делува на психа, ништо повеќе.
     
    На princess5 и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    46.078
    Пол:
    Женски
    Јас го осеќам најмногу околу папокот мислам дека нозете се таму и десно каде што му е главата долу, осеќам болка во јајникот и често притисок на таа страна кај препонот, ама често и осеќам како буричка долу вајда со рачињата. Ама да многу се различни движењата со влегување во 7ми.

    Инаку знам по прегледите на последен скен беше така и пред две недели на ехо уште си беше така, пред некој ден бабицата го фаќаше и рече долу е со главата, изгледа си има земено позиција и не мрда.

    Инаку за соновите и јас сонам грди сонови ама читав дека при крај на бременоста е сосема нормално соновите да се кошмари и страшни и поврзани со бебе, не им давајте значење зошто немаат само стравот кок го потиснуваме со логика дење, ноќе си работи.
     
    На mal.ecka и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Стварно не знам. Од тоа што читав и карличната поставеност има подвидови. Нека си растат само, па како се свртени така, не можеме многу да промениме, нивна одлука е. :)
    Јас прв пат осетив икање баш после прегледот кога ми кажаа дека е со главче горе и точно под гради пулсираше. После неколку дена осетив слично такво пулсирање доле, а може и трипам зошто имам голема желба да се сврти. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    6.703
    Пол:
    Женски
    Девојки јас пак со мојата тироидна. Како што имав пишано пред некое време, проверив на почеток на бременост ми беше околу 2 и нешто, пиев редовна терапија еутирокс од 25 мг. Од тогаш немав проверено па се до 19та недела кога добив вредност тсх од 4,20. Многу се испаничив и веднаш закажав на ендокринолог, ми даде зголемена терапија од 50 мг еутирокс, и по еден месец ми беше 3,4. Сега пак имам зголемена терапија и верувам дека ќе падне, но тоа што ме мачи е дали таквата вредност на тсх од 4,20 која што ми беше во првиот триместар би можело да направи било какво влијание врз плодот? Од тоа што читав на интернет од памет се извадив, а и докторката ми рече дека зголемените вредности може да влијаат на мозочето кај бебе.На скринизи е се во ред, но ме плаши вредноста дека ми беше повисока баш во првиот триместар. Дали сте имале проблем со тироидна во тек на бременост и со каква вредност сте ја почнале бременоста односно каква би била вредноста на тсх во првиот триместар? Знам дека не би требало да биде ништо страшно, ама не можам да престанам да мислам.
     
  19. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Не знам нешто со паѓање/вадење заби имаше барано. Се изнаплакав.
    На почеток и јас само кај што крварам сонував, и умрени блиски ги сонував, ама не ми беше олку тешко.
     
  20. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Мамички.
    Околу брадавиците(на градите) ми се лупи,сува ми е кожата. Да се намачкам со обичен крем или има некој специјален?