Сакам 3то. Имам две машки лепотани, сакам и девојче, некако се опседнав…. Па следуваат коментари: многу се 3, мисли на бизнисот, не си ставај трн во здрава нога итн… Неможам сеуште да се одлучам, не сум 100% сигурна дали е време, ама па реално кога е право време нели, и дали постои!?хмм.. Од друга страна си викам ако знам дека ќе имам и девојче одма правам сега 3то, а ако е и 3тото машко тешко мене со 4ца дома… Да напоменам 30 год имам, прилично сум млада да речеме
Јас и ти се дружевме во мојата прва а твоја втора бременост, јас сакам второ ама еве веќе скоро цела година без успех, така да според мене ако сте решени пробвајте па кога ќе биди неможеш да знаеш. И јас 30 ке полнам месецов,па ајде да се дружиме пак А дека се многу не се, незнам како можи такви глупи коментари да се даваат, секој си знај за себе како му е најдобро, и јас многу сакам 3 деца, ако имам услови за чување и ако дај господ и јас ке одам на трето, секако прво второво да го напрајме
Во грешна тема ти е постот. Тука повеќето сме во/после борба за деца, било какви, машки/женски, не ни е битно. Не сфаќам што бараш, поддршка или што? Разбирам одредена желба, ама полот да ти детерминира дали ќе имаш уште едно дете или не е сосема погрешно според мене.
И јас сонувам многу грди соништа (10та недела) денес преспав 1 сат и сонував ми се скрши пола заб назад, ко станав прегрдо ми беше...
Почна третово тромесечие да си ги покажува забите До вчера се чудев каде ми е стомакот, а за една недела скоро влегувам во 8 месец, сега одеднаш никна и нагло ми почнаа сите заебанции. Од навидум проста активност веќе 3 дена сум фатена во кичмата и сите движења ми се дополнително отежнати. Лигаменти болат, препони болат, се си боли по малку или по повеќе. Нит сум да лежам, ниту да седам ниту да се движам Спиење на рати и со офкање на секое превртување. Се осеќам тромаво како морж. Среќа хемороидите ги средив со факту маст и се надевам веќе да не ги видам. Настрана жалопојкиве, фала богу на преглед се помина супер, бебе, цервикс, постелка, вода се си е во најдобар ред. Госпоѓицата се уште е надолу со главата и се надевам нема да се предомисли до крај. И кај мене засега е во фамозната постериорна позиција ама не го видов докторот многу дека е загрижен. Претпоставувам ќе се намести до крај како што треба, па како треба нека биде. Пополека списочето се штиклира, се спремаме и уште не ми е верно дека терминот си се приближува.
Те разбирам потполно, поминав низ истото, и тоа три пати. Првата бременост без проблем, си родив ќеркичка, втората, третата и четвртата сите со спонтан. Ќе се појавеше срце во 6 недела, и на следен преглед во 8-9 недела повеќе немаше срце, а развојот застанал во 6 недела. Никој не ми ја откри вистинската причина. Имам неколку генетски мутации, ама според повеќето доктори не се тие причината. Сега сум со петта бременост, засега фала му на Бога, терам 30 недела, со терапија, најчесто поради превентива. Најлогично ми е дека претходно едноставно не бил материјалот добар, а никогаш не направив кариотип. Мој совет ти е доколку имаш желба да не се откажуваш. Доколку те интересира нешто подетално слободно пиши ми.
Се враќам од Систина, цтг покажа јаки контракции но отворена сум само еден прст. Ми кажаа доколку имам појаки болки да одам, а ако немам среда пак да ме видат. Може да се отворам сега после контакции или како оди?
Индивидуално е, дали имаш ти болки, дали тие се на пократок и точен интервал? Обично за 2 дена се контролите, но доколку ти имаш појаки ќе одиш и порано. Прворотка си?
Стрептилс може ли да шмукам? Не можам да голтам, грлото ме боли ужасно, ми се иритира од дишење и кашлам. Ништо не го смирува, ни мед ни лимон, чаеви супи и чуда ништо не помогна, ќе скренам. Имам блага тем која се спушта со парацетемол, пијам на некои 7-8 часа и ок сум ама грлово не знам што да праам. Пробав со пантенол нема помош.
Девојки ова икањево на бебчето у стомак многу ме паничи. Дали е нормално по неколкупати на ден да ви ика и на вас бебушот? И тоа ко ќе се заика по пола саат ми се чини
Стврднувања имам од дамна веќе цело време, а иначе баш како јаки менструални болки, и доле препоните ме болат
Цимерката сега што е фармацевт ми рече дека можам , од неколку нема ништо да биде посебно кога сум веќе во трети триместар, ќе шмукам едно две немам друго чаре се пробав. Ќе ме видат на лекар ама не сум во Мк тука антибиотик не даваат освен ако не си пред умирање, а и дали лекар ќе ме види е прашање, не знам веќе амн.
Извинете што се уфрлам во муабетов, сакам да прашам дали и каква врска има дали е прворотка? Дали нешто се разликува или е поразлично?
Јас ја осеќам долу ниско и кај попокот, баш бев на преглед петокот со рацете беше кај главата, горе ги држеше и се погоди да мава силно кога ми правеа ехо, а нозете кј попокот ги осеќам.
Според мојава апликација 27+ Купи си Ланолин, веднаш ќе ги смири. Здраво од мене, викендов бев натаму наваму цело време во движење и во неделата вечер се чувствував како да сум копала два дена. Толку бев уморна што не можев да заспијам, нозе ме вртеа, грб ме болеше, врат ме болеше абе цела како раштрафена. Што ќе беше ова, не памтам вака во првата бременост Денеска само по дома па малку се стабилизирав. Работава седи дома нечини, шетај пак нечини никако да погоди човек Мене пак ме фати алергијата, не знам по кој пат веќе аман. Поткашлувам, грло ме заболува јово на ново… Сакав да ве прашам, дали ви се случува често црвенило на лице поточно на образи? Некогаш се осеќам како цела крв да ми оди во образи и имам баш црвени кругови. Мерам притисок ама во ред е, најверојатно е од зголемен крвоток или? Инаку за мрдање, мене бебе ме утепа по бешика само таму да се мрдало. Беше со главчето надоле, сега последно пак се свртела и со ноџињата постојано удира доле многу ниско