Да не знае некоја каде можам да најдам навлака за малото душече што се става во бебешката корпа од количката?
индивидуално е, но прворотките не значи дека брзо ќе се отворат, побавно оди одколку кај второ/треторотки каде веќе родилните патишта се спремни и побрзо оде процедурата.
Јас колку што знам trifantino (на ИГ) шијат по нарачка со избор на дезен и димензија, пиши им прашај си. Јас си ставав тетра пелена како чаршавче во количката.
Еве ти овде, имаш и попуст сега. Таман ме потсети и јас да си порачам. https://dream.mk/product-category/текстил/навлаки/
Луѓе колку ви се активни бебињата во 29+, веќе ме плаши, денес од после пладне не се смири, бранови, удари, ми се тресе стомакот, ме мава секаде, немој нешто да не е арен што сум болна… или тренира моторика, не знам што да мислам.
Зависи кога-како. Има денови кога ептен јако ме мава, особено кај бешиката кога ќе ме акне цела се штрекнувам. Има денови кога ми мрда онака кротко, тука е ама не ме вади од памет. Инаку на два пати периодов имав стресни ситуации и одма осетив промени во движењата, така што сигурно има влијание и тоа. Си осеќаат повеќе од што мислиме. Инаку и јас на твое место би земала нешто за грлото. Некогаш џабе сакаме да истераме природно, поголема беља може да направиме од трпење болки и нелагодност. Особено во трето тромесечие. Мене докторот што ме води во Систина ми дозволи и кетонал и бруфен за болките во кичма, а за хемороидите ми препиша крем и флебодија апчиња ми дозволи да пијам. Други доктори што ме видоа периодов сите некако се мислеа дали да ми дадат, па смеело, па не смеело, искрено се измачив за џабе со некои работои што за два дена можев да ги решам.
Mlada si, ne samo da receme. I ako si sakas treto odi kon toa, ne slusaj komentari, pogolemo bogatstvo od deca nema. Jas prva bremenost sega i 35 godini. Da znaev deka ke se izmacam za prvo nemase da cekam idealno vreme.
@elenaklasik случајно налетав на вежбиве за вртење на бебе https://www.instagram.com/reel/CoCye77jjJ1/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Дали доколку пораѓајот е со провокации болките се поинтензивни од оние вистинските кога би ги чекала нив?
Колку е убаво да се видиш со луѓе,толку е и напорно.. Чистење цел стан генералка, постави за јадење, раскрени, испеглај, прошетај и така три дена. Од смирена личност почнав само јас да се слушам дома, малава аа имаме дома некок почнува да дивее, тера инает, тоа уште толку ме умори. Ги попративме, пак мораше чистење секаде, изразив желба да се опуштиме на базен и таман малава да не ни скока на глава. Договор беше јас да лежам на лежалки амаааа секако не послушав, си се брцнав, си попливав со стомакот напред, а за тоа ми дадоја идеа 3 други трудници кои беа таму Епаа се раштрафив луѓе, не само препониве што ме болат константно туку и срамниве усни почнаа од напор,умор. Стигнаа резултатоте од шеќер, баш утре ќе ви ставам слика, за шоооо паника ми направија, паа само првото боцкање ми е покачено и тоаа минимално, другите се далеку од границата ама битно јас суѓ требела да си мерам 3 пати на ден, окееееј, врти сучи благо веќе нема ааааа ме фаќа една криза да си облажам душа. Иначе, до толку не можам да држам мокрача, што во спиење после 2-3 саати ако се разбудам, јас имам болки во стомак дур не се испразнам. Оваа беменост буквалнп сите симптоми ме отепаа, со првото имав лице како бебе, болки немав, енергија до плафон, побраќање не, болки во кичма,препони тек на крај аааа сегаааа ми излегле акни луѓе вака ни како тинејџер не бев. Флеки некои црвени на врат, да се мачкам ли канестен или? Овде додека добиеш термин на доктор кој знае што ќе ти се деси
И јас со страшни болки во кичма бев минатата недела дури и до ургентен стигнав во Систина, кетонал ми дозволија и спазмекс. Од коа се напив мислам се препородив. А оној ден со бубрегот коа ме болеше,трпев за да не се напијам,глупава
Не си глупава, туку од грижа човек сто пати ќе се истуфка. Кога доктори имаат поделени мислења, што останува за нас. Јас од почеток си зацртав кој доктор ќе го има последниот збор и искрено што и да кажат други доктори или луѓе од страна не ме интересира. Ако тој рече да се напијам апче, или да не се грижам за нешто, ни две секунди понатаму не се размислувам.
Поздрав иста ситуација сме и јас се мислам оти одеше во градинка и се мене сега ми носи ,насекое сум болна а иначе сум само дома.а она многу сака па да оди....прв период кога ќе се породам сигурно нема да оди ама дотогаш (во мај) најветојатно пероодично...и јас немам ум хаха