Каква имаш? Јас мислев мојава најголема е Инаку исти се димензиите и кај мене и сега тешко дека ќе нарачам.
@gothchick, како пресно породена со прво дете имаше моменти кога форумот и општо информациите на интернет ми правеа стрес. Општо и цела бременост/пораѓај ги поминав со доза на стрес ама можеби ради и мојот карактер тоа. Е сега конкретно за пораѓајот кај мене беше предвремен ама не важеше она дека првиот пораѓај е долг. Од моментот кога ме разбуди болка во грв и напон како потреба за вц, до самиот пораѓај поминаа нешто повеќе од два часа и толку. Во тие моменти ми беше стресно и битно да е со бебето се во ред. За болно неколку напони беа само и тоа не нешто премногу болни.
Maxi Cosi Plaza+ Искрено покрај другите предности, пресудно да ја земам беше тоа што е висока и има комотна корпа, а и јас сум доста висока па тоа ми е неопходно. Е сега се што има вон стандардни димензии си носи други главоболки, па не знам што да правам. Или ќе видам по нарачка што нуди пазаров или ќе постелам нешто. Ако најдам нешто друго освен Трифантино што го предложија, ќе ти кажам да си имаш опции.
Истата ја имаме. Супер е количката само малце поголема да. Ако најдеш нешто те молам извести ме. А инаку како што видов се вади белата навлака од сунѓерот па можеби може да се испере и таа ама не сум проверила убаво. И одозгора тетра да се стави.
Првиот пораѓај ми беше ужасен.Од породилни болки два дена без отварање,предвреме 32 недела,до хитен царски,до фетал дистрес, реанимација на бебе,сепси крварења триста чуда и страшно критично бебе 3 ипол месеци во инкубатор,за втор пораѓај сега не се замарам многу,ич не го мислам кога ќе дојде време со Господ напред само да сме живи здрави.Само ми е битно да истерам сега до крај да влезам 9ти,да е добро бебушко па дали царски,дали природно,болки опоравување ич не ми е гајле,се ќе издржам и се ќе помине.Одвај чекам да ја земам во раце и да е се во ред со двете другото се е минливо,секоја рана заздравува.
Еве една охрабрувачка приказна Прва болка почувствував околу 4 часот наутро, налик менструална. Следните беа на 5 минути. Претходните болки сум ги преспала. Станав, се истуширав и тргнавме накај болница. По пат болките стигнаа на 1 минута. Во болница стигнав 9 прсти отворена. Со два напони, во 5:55 часот се роди моето буце од 4150 грама. Знаевме дека ќе биде големо бебе, докторот што ме водеше предлагаше царски заради тесна карлица. Дента сабајле требаше да идам на преглед и да се договориме за породувањето. Докторот си го пречекав со бебе во раце
Тоа е полесното, тоа што не знаеш како прворотка што те очекува. И страв и возбуда ама и незнаење. Како второротка, божем знаеш ама пак ништо не знаеш, ама се присетуваш на тоа како си поминала и уште толку се збунуваш, зашто повторно те очекува нешто непознато. Јас првиот пат бев поослободена, немислејќи на некои нешта. Сега не сум таква, каква што бев. Ме кочат повеќе мисли. На кого детево да го оставам, кој дел од денот ќе се погоди, каква е положбата на бебето, како ќе поминеме итн. Прашањето повеќе беше за колку сме опуштени емотивно и психички. И јас сличен страв ко тебе имам. А сега во третава бременост како си? Што мисли имаш?
Мешиња ми треба помош. Количка имам Egg од ќерка ми, е сега тогаш не купивме транспортер и сега тука кај што живеам не ги носат веќе. Да нарачувам од Англија многу ми е комплицирано сега откако не се веќе во ЕУ, со царини со триста чуда плус не можам да најдам соодветна страна. Знам дека Egg продаваа во Мк, колку што памтам bebehome ама на сајтот нема. Дали знаете дали ги има воопшто или и таму не ги носат веќе?
Малце сега друга тема да свртам,ако треба префрлете ме тука сме највеќе Каде можам да најдам убави фустани за на свадба да збираат елегантно пополнети трудници Крупничка сум не сум огромна ама имам и трудничко меше големко такво носење си имам со синко бев баш слаба 65 кила само стомак бев огромен нанапред,сега сум и збуцната и меше нанапред
Јас ставав голема фанелна пелена или тетра врз душечето, преклопени на пола и таман доаѓаа. Некои мајки знам дека користеа навлака за перница. Чисто како идеја.
Болката е 0 наспроти радоста, се заборава одма. Не е кај секоја жена исто, без разлика дали е прворотка или повеќе, знам жени што поќе се задржале во ВЦ по нужда него на бокс, а некои јаделе болки и на крај царски. Стравот не е заради болката само, тоа е неминовно дали царски или природно, стравот е дали ќе пројде се во најдобар ред. Фала Богу ја не сум имала компликации при пораѓај ама да ви мачка некој очи дека е безболно е за мене безсмислица. Напротив треба да сте подготвени дек тоа се болки јаки ама секоја жена добила сила и ги издржала. И да, 4 деца ни се нас во план, ако даде Господ после второ одма одиме на 3то и сите би сакала природно, тоа треба да ти даде до знаење дека болката се преживува, а радоста е непроценлива. Јас во првата бременост не бев подготвена кога ме фатија болки за вежби кои полесно отвараат, можеби не ја тупав глава за ништо ама некои работи се од корист кога ќе се прочитаат, еве и сега знам што ме чека одприлика и гледаш според коментари колку сум опуштена, по сите снегови шетам на Шапка, летам со авион секој месец, планирано имаме одмор сега во петок со лет и тоа во друга држава, одам на пливање, дома превртувам цел стан од корен и кукам после ме болеле препоните ама останува на кукање. Се зависи од бременоста колку е ризична и од жената колку е паничар, без разлика што прочитала или доживеала.
Сега за сега да не се урочам сум топ многу сум смирена, освен што ми е најмачна бременост до сега, мислам дека за ништо не сум способна,или пак сум заборавила
Во врска со плашење од пораѓај, го гледам често на тик ток едно видео, на мак ќе пишам. Дали памтиш дека мислеше пораѓајот ќе биде најтешкиот дел, (па се смее), после вели Помош пораѓајот ќе помини за некој ден, дали царски дали природно, после идат слатките маки Грчеви, неспиење, крвави брадавици, огромни болки дури почни да цица итн...
Значи читам и почетокот твој ме потсеќа на мојот. Ме разбуди болка кај 3:30, напон за вц, бев два пати, вториот пат дијареа, болки на 5 минути, го побарав докторот, се истуширав и се заврши. Не тргнав за болница, како закочи работата не знам, ќе бев се олеснила да си продолжеше. Сега веќе втор ден нема ништо, како ништо да не било.
Уште не ми дошол страв за тоа, но чудно чувство - да. Како ќе биде без мене не се секирам, мм е со него, заедно правиме сè и нема проблем и за јадење, спиење, чистење, шетање, анимирање и сè околу него. Си велам како јас ќе сум без него, но пак се тешам дека ќе го гледам на Вибер, ќе слезам долу да го видам кога ќе сум подобро и сл. Знам дека на посета не пуштаат мали деца горе, но некако ќе го видам. Не е исто бидејќи прво разделување би ни било, ама па после ќе надоместиме сè сите заедно. Јас имам од Пер Дормире за бебешко креветче. Сè океј, тврдо е и супер од тој аспект, само не ми се допаѓа што навлаката на душекот е водоотпорна и го поти во лето, без разлика што му ставам чаршав. Ќе треба да купам нов душек за второво, не би купила пак од Пер Дормире, освен ако однесам на шнајдер да ми сошијат навлака што нема да е водоотпорна.
Mila ama na mnogu raboti sto se prasuvas i da dobies odgovori nema da mozes da gi smenis, ednostavno ostavas da tecat rabotite kako ke idat. So toa sto mislis i se opteretuvas nema da go svrtis bebeto v stomak ako ne vo posakuvanata polozba na primer. Samo misli pozitivno deka na kraj se ke se zavrsi dobro i deka ke se guskate so bebus. Ne velam deka ne pomisluvam kako sto ke bide ama samo stresovi mozam da si napravam ako se opsednam so momentot, a na kraj sigurno ke bide mnogu poinaku od toa sto site ke si umislime vo glavata. Malku po relaks probaj da bides. Ne e zdravo za tebe volku citanje isprasuvanje i mislenje. Pozdrav, te guskam i ke vidis se ke pomine vo red
Ние купивме душек од Симпо пред 4 год, првата год и пол не спиеше в креветче, потоа еве до денес спие во него синко нема мрднато душечето, го препорачувам.
Кое душече од Симпо го имате? Тоа алое вера или некое друго? Ние сега земавме во 5 до 12, затоа што само таму најдовме одма на лагер, ама немаше други на избор, па ме интересира дали е навистина добро како што ми личи.
И јас сум прворотка ама не им верувам кога се жалат да ти кажам искрено. Мислам дека знаат дека боли па паничат ама мора да боли па мора да излезе. Инаку сестра ми има два природни пораѓаи. Со првото само што ја качија на одел се породи. А една слаба , мала и нежна абе јас паѓав во несвест како ќе помине. А бебе 3300