Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    7.785
    Пол:
    Женски
    Јас очекував болки со денови да траат, па како на филм ми пука дома водењакот, па раат си спремам торби, си седиме со сопругот. Си чекаме појаки болки итн...

    Реалност, освен болките во грб кои не очекував да се породилни, ни болка друга сетив, ни ништо. Среќа имав торби спремни и на 5 минути од болница сме. Кога стасавме таму осетив како течење. Што би се рекло да си седев дома и чекав, пораѓајот дома ќе беше.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    46.023
    Пол:
    Женски
    Јас денес пак си паничам, осеќам болка во половината и како истегнат мускул или лигамент ме боли на левата страна кај јајникот, па и детево кај што мава секаде ме боли, ноќеска мирен беше ама ете одсабајле пак иста песна, се журка човечето. Почнаа некои филмови да ме маваат немој да се пораѓам волку рано, некако болките во половината у комбинација со мрдањево ме плашат, ама пак се расправ од лежење, плус коски вијат и од што сум болна, пробам логично да си викам од тоа ме боли половината.
    Мислам не ме боли необично, ниту имам некоја потреба за во вц, ниту иам менструални болки, исцедок нормален… стварно не знам што да мислам, дали да се јавувам на бабица, или да си продолжам логички да се убедувам дека немам никакви индикации за предвремен пораѓај до сега и дека ми се воспалени мускулите од кашлањево. Ајде нека мине ова, да се смирам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    6.703
    Пол:
    Женски
    Девојки со искуство со тироидна, сакав да прашам дали мислите дека е возможно вредност на тсх да падне многу брзо од 3,4 на 1,7 за само 5 дена, а притоа не ја ни сменив терапија, односно само еднаш земав малку поголема доза на еутирокс? Или има некаков проблем со реагенсите на клиничка биохемија. Последните два месеци на клиничка биохемија добивам резулатите на зголемено тсх и покрај терапијата што ја земам.Денес проверив тсх во Синлаб вредноста е многу пониска а се работи за многу краток период односно само 5 дена по испитувањето на клиничка биохемија.Дали сте имале некаков проблем со реагенсите на клиничка биохемија до сега?
     
  4. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    За неа не се секирам воопшто, верувам дека ќе биде згрижена и повеќе од одлично. Баш како вас, сопругот буквално е инволвиран во секој сегмент и може и без мене се да прави со неа. Дури мислам и дека поповрзана е со него отколку со мене, по него знае и да плаче и да го бара, а мене не баш толку.:D Мене ќе ми биде потешко дефинитивно, но како што викаш моментално е, ќе се издржи.:inlove:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.451
    Допаѓања:
    18.702
    Ме поттикна да ти реплицирам.
    Јас немав некој голем страв за првото породување, но сепак се плашев од непознато со оглед на тоа што не знаев што ме очекува.
    Ги исчитав сите породилни приказни во темата чекајќи го моето да се роди.
    Се породив на гак, каде што никој не ми даде конкретно упатство,ниту во однос на туркање,ниту за дишење на контракции.
    Предпородилните болки не ми беа нешто многу јаки,ми почнаа претходната ноќ како слаби менструални,тек -тук. Ги имав и во текот на денот ,малку почести,малку промена во вагиналниот исцедок кон кафеаво па решивме со мм да одиме на преглед. Таму ми кажаа дека сум 3,5 прста отворена,па ја заврте раката внатре таа на прием да ме подраширела за да ме примат за раѓање:D
    До тогаш тоа ми беше најголема болка и многу и бев лута. Потоа вечерта се отворив повеќе,ми пукнаа водењак и во следниот саат време имав појаки болки па се породив. Исплашена бев од болките,од болката од хемороидите,од папочната врвка околу врат на бебето.
    Кога дојдовме дома и најблиските ми честитаа,ајде во година уште едно, реков не фала,ќе си го купиме второто. Долго време ми се вртеше во глава пораѓајот и имав дури несоница од што мислев на него како едно трауматично искуство.
    Потоа, како што би кажале и другите,се се заборава. Па кога ќе се одлучиш за второ важно ти е да се роди само здраво и живо. Од прилика знам што ме очекува ама знам и дека е неизбежно,бебето мора да се роди:D
     
    На Alishan30, Звездичка30, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    И мојов е многу приврзан за татко му, цел ден сме сите заедно.
    Кога ќе му рече мм дека нешто не може, овој навреден плаче ли плаче, па мора одма да се гушнат, а од мене само ќе дојде набрзина да ме бакне и толку, бега, како ради реда. |(
    Ако го фати за рака да го тргне од некое место додека му објаснува дека нешто не треба така, доаѓа кај мене и глуми како да го претепал некој, со солзи огромни навреден од татко му :D
    Плус, понекогаш за прошетки ме моли да останам дома да сум спиела, а тој сам со татко му да оди :^)
    Посебна љубов си имаат и среќа е така, полесно ќе ми е кога ќе сум одвоена од него.

    Брзо ќе поминат деновите, после дома ќе нè чека весело :D

    Од денес 21+ и едвај чекам скрининг следна недела :inlove: :inlove:
     
    На Ano, Veki4kaa, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.222
    Допаѓања:
    124.964
    И јас повеќе го мислев со второво.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Internal dimensions of the carrycot - mattress measurement
    79 x 36 cm

    Eве што најдов, очигледно и за нашето душече ќе биде мала навлаката. Се вади таа белата навлака со самото душече што оди, така да ќе ја перам неа и ќе користам тетра. Или пак може да и кажам на мајка ми да ја однесе негде како модел и да ми сошијат 2-3 по неа. Како и да е и тетри ќе завршат работа.
     
    На Thinkerbell. и Giovanna им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Да, го прочитав тоа во спецификацијата и ми се виде како баш корисно што е водоотпорна навлаката, ама ете гледаш во пракса не е исто. Сепак ќе си одбереме некое од двата модели во Симпо. Знае некој цена и кој е подобар модел? На страната немаат никакви информации.
     
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    И јас од тие причини го купив, мислејќи практично што е водоотпорно. Башка што е супер, од едната страна е со тврд тврд сунѓер како за новороденче, а од другата пак е со тврд ама не до толку.
    Но сè што е водоотпорно е сосема непријатно за спиење.
    Си купив као и за спалната водоотпорен чаршав за ако ми пукнел водењак ( :fubar: :fubar: ) или да не ми измоча бебе, а бе една вечер не можев да спијам на него, жива вода станав.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.781
    Пол:
    Женски
    Незнам за на клиничка биохемија обично во Јане испитувам тсх.Инаку од лабораторија до лабораторија има разлика во реагенси и вредности,освен ако не провериш пак на биохемија неможеш да знаеш и обично викаат нели кај што си проверувал таму пак за контрола зошто истиот принцип на тестирање е.Провери ако не пак на биохемија види баш
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Истото планирам да го направам. Со тоа што ќе пробам и со навлака за перница ко што пиша @Tiny Love. Секако и тетра можам да ставам. Ќе се снајдеме :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella
    @0ли

    Кога мислите на водоотпорен чаршав на ваков мислите?

    И во тој случај од аспект на непрактичност, како би го заштитиле душекот?

    SE340_0.jpeg
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.257
    Допаѓања:
    24.736
    Пол:
    Женски
    Ич не памтам, околу 4000 ден беше тогаш 120 на 60см, тврдо е и ич нема форма менато, мислам беше со алое вера :)
    Водоотпорен чаршав од Џамбо купив ко ги откажа пелените.
     
    Последна измена: 31 јануари 2023
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Од оние подлоги за пресоблекување ќе си ставиш под чаршавот во делот каде што му лежи газето на бебето. И да се измоча, нема да пробие до душекот.
     
    На Giovanna, Bella_Stella, Cence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Во Симпо минатата недела имаа само еден модел бебешки душечиња, алое вера, убави, високи, цврсти, бар така ми личат, па ќе видиме. Цената беше околу 5000 мислам, ама имаа 35% попуст на душеци, па ни испаднаа по 3200.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.214
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Двата ги имам од Симпо, земи го потврдиот. Тој со алое вера.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.280
    Пол:
    Женски
    Јас имам дома 3 водоодпорни чаршавчиња, ги зедов од Бебе Хоум пред 3 години, нит замирисаа про перење, ни попуштија ни па ја потат. Не сватив за какви прават муабет ама ете моите се покажаа топ.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки на сите за искуствата. Дефинитивно е подруго кога имаш кого да прашаш. :inlove:
     
    На Ceneva, princess5 и 0ли им се допаѓа ова.
  20. girlboy

    girlboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    158
    Дали може да ми кажете мислење за овие резултати
    817CB356-4C9B-435F-BF43-773D128512F6.jpeg