Нормално е веќе движењата на бебето да се дури и малку болни? До пред 2-3 дена беа понежни, по“пригушени', а вчера и денес дури знае и да ме здоболи, кратка остра болка да осетам. Активно е, не знам како е свртено, ама чувството ми е ново и си велам нем нешто цервикс да е. Згора на тоа срамната коска на одење, качување скали ме боли и не знам тоа колку е нормално за 27+5. Одам ко пингвин од болка долу... Какви ви се искуствата со оние појасите за трудници?
И јас пишав на предходна страна, иста сум, јајникот мислам денес ми го распра, како само во него да мава, многу е активно што дури сум загрижена, ама изгледа нормално е.
Кај мене во таа недела почнаа да стануваат поразлични ударите, ама не се болни. Само се поинтензивни и се осеќаат веќе делови од телото и поголема сила некако, не знам како да објаснам. Јас општо немам проблем со никакви болки сеуште. Во претходната бременост знаеше Sciatica да ме заболува веќе во 6-7 месец, а сега не. Веројатно различна е поставеноста на бебињата. Да не ми е стомакот комотно можам да кажам дека не се осеќам бремено. Ќе видиме само до кога ќе сум вака pain free.
Мешиња, по препорака на доктор почнувам со фемибион2, но најчесто ве читам за Пре мама.... која е разликата меѓу нив? Смеам да сменам?не прашав во моментот ... (Откако овие ќе ги испијам ако имаат сличен состав или сепак да не правам на своја рака?)
Скоро сите пренатални имаат сличен/ист состав, само фирмата и името се различни. Јас пијам Пренатал со ДХА од Џејмисон и сум задоволна.
Poveketo gi koristime pre mama i radi akcijata 1+1 gratis. Inaku site imaat isti sostav. Jas od sam start sum so pre mama i ne planiram da menuvam oti obicno imam problem od vitamini a so ovie mi e ok. So strav pocnav da gi pijam. Ama fala bogu nemam reakcija kako sto znam.
Синоќа приметив на пижамата нешто како мала флека, си реков ај сум се исфлекала од сокот, денес пак исто и ми светна дека уствари почнале градите да ми протекуваат и со сите други симтоми што ги имам овие денови паниката уште толку на хај, која недела почна да ви се јавува колструм, не е рано 29+5?
О да .... О коооооолку е ова многу точно Да беше толку страшно раѓањето немаше 8 милијарди да сме нели?
И јас почнав да го забележувам тој период некаде ,а сега утре полна 36 та недела сабајле ми беше како влажна мајцата и кога ја подигнав мајцата гледам си тече така убаво хаха
Значи сепак не е знак дека ќе се пораѓам скоро Не знам зошто таков филм ми се има увртено деновиве, дали дека бебето е многу активно, јас болна, кичмата ме боли и уште ова ми требаше и си направив мисла.
Не е ич рано, мене многу порано почна да ми се појавува. Не памтам точно ама околу 22-23та недела отприлика почна. Сега немам приметено веќе некое време, ама еден период ќе ми набабреа градите и следниот ден се будев со флеки на долната маица. Не се случуваше секој ден, ама често беше.
Утре полна 36 та недела и го мислам пораѓајот ама така релаксирано сеуште не ме фатил некој страв оти сум со тоа џабе што ќе се стресирам пред време оно мора да излезе од мене па си викам ќе му ја мислам кога ќе одам да раѓам ,инаку никогаш не се водам според друг како поминал затоа што секој е приказна за себе и избегнувам да читам трауматични работи,а со првото сите така само ми зборуваа колку е болно и сеа само тоа ми беше во глава а немав претстава колку многу болно е тоа а сега од прилика знам што ме чека ама некако радоста ми е поголема од стравот а и кога помислам дека ќе се олеснам и од киселини и од тежина и од несоница и од стално одење во вц и едвај чекам да дојде денот искрено. Исчекувањето е тоа што не мачи уствари
Извинете ако е глупаво прашањето.. ама да се надоврзам Каков е процесот со колострумот? Јас на пример имам како закоравени парченца околу брадавиците, но течење или флека некаква до сега не сум забележала
Јас одамна приметував како закоравено така, ама ете овие два дена е баш како флека мокро, не е многу ама сепак се познава.
Не значи ништо тоа. Чат пат нешто белко имав на брадавиците, но да тече не. Кога ќе се породиш после некој ден ќе ти надојде.
Пиев фемибион до кај 20та недела, тогаш самата докторка (од приватна болница) ми ги смени, баш кога почна акцијата 1+1, она ми кажа земи си ги премама, немаат некоја разлика во состав, а вака испаѓаат многу поевтино од фемибион. Не ми дава рецептчиња со печат, така што не верувам дека има корист, за разлика од матичниве, па затоа си ги сменив и сосема ок истерав еве до крај.
Воопшто не е глупо , колострумот е жолтеникава густа течност и тоа е првото млеко за бебенцето мене такво ми протекува по некоја капка сега, а и со првото детенце исто
Радувај се, можда ќе то надојде брзо млеко после пораѓај и нема да видиш мака, јас со првово немав ни капка до после 4 дена од пораѓај, од цуцање и пумпање само крв излегуваше. Хаос.