Има ли некоја членка со болка во колкови при спиење? Не ми е проблем при седење/одење, ама никако не можам да легнам на страна. Жива ненаспана сум, едвај 5 минути на една страна можам да лежам, после морам да се свртам бидејќи ме убиваат колковите. Чудна некоја болка, ми се шири до колена можеби. Не знам како да се наместам веќе за да поспијам повеќе од 5 минути.
не ми е страв воопшто. и со првото не ми беше страв. мислев само на бебето како ќе си го земам во раце и дека пораѓајот е само една скала поблиску до бебуш и дека се трпи секоја болка и е минлива. мислев дека жената е створена за тој чин и толку. е сега да признаам ми беше страв од царски и тогаш пошто не сакав сакав природно и природно се породив . и сега ми е страв од царски малку. ама како треба така само да се роди живо здраво. и да сме добри и двајцата. пак ќе кажам се е минливо.
Ѕирни поназад, пишувавме за ова пред некој ден, баш се жалевме. Болките се од спиење на страна. Мене ми помага да се раздвижам, па пак да продолжам со спиење и така во круг цела ноќ. Вртење на друга страна не помага, само прошетка до вц и назад.
Цтг со контракции. Сеуште прст отворена. Др ми вика рано е да те задржувам, ако евентуално има нешто да го барам, ако не на терминот следен преглед и да размислувам да останам и да пробаме со провокации ако нејќе само. Ај кажете искуства со провокации.
Станав и за во вц, џабе, мислам дека уште полошо ми беше кога легнав, не можев да заспијам од болка. Откако легнав после вц ми се прошири болката на цел колк, може требаше да се напијам нешто за болка не знам. Магнезиум испив пред легнување, правам вежби за истегнување, џабе е се.
И кај мене беше истата ситуација пред два дена. Ме интересира и мене како е со провокации дали ќе може да де отворам, бидејќи постелката е многу зрела и кажа нема потреба веќе да е внатре бидејќи така не се хранат.
И јас пијам магнезиум пред спиење и џабе е, ќе болат до крај. И во првата бременост ми беше така до крај, нема спас. Кога се породив, едвај чекав на грб да лежам, не можев да се доналежам. На десна страна некако подобро се местам, перницата за трудници ми помага, а од лева страна не можам исто да се наместам.
според мене слушај доктор штом вика дека нема место за паника нема тераш како ке речат и одмарај за да си истераш бар уште 2 3 недели но и сега да биде што не верувам мислма дека е ок
провери антитела за тироидна според мене тироидната е еден од главните фактори за ран спонтан заедно со бактериите
Докторот мој се врати На цтг сум, покажува тек тук. Двапати покажа посилни, ама јас не осеќам, онака лабаво кога стега стомакот и како без здив она чувство. Сестрава вели изгледа повисок праг на толеранција на болка имаш. Сега нешто му се засили пулсчето, се размрда и пак се качи контракцијава. Како и да е, утре сум на преглед во Плодност и здравје ќе каже и таа. Јас сум неспремна за породување, некако си велам ајде уште маалку барем. А не дека не ми е тешко, ама психички си велам ајде поседи си уште некој ден. Со лесно на сите
Јас немам убаво искуство со провокации, прст ипол отворена контракции преку 100 ама не се отварав. Бев прво со таблети па гел 4 дена по ред ама абер немаше па завршив царски. Ама по мислење на докторот секако ќе завршев царски ,крупен беше малиот. Ова ти е по странство, и мое искуство. Комшика беше со провокација за 5 саати се породи така да .. кај секого различно. Може нема ни да стигнеш до провокација *Да го чекавме малово само да излага ,може ќе ја отварав 43та недела
Се е индивидуално, но еве ќе ти го кажам моето искуство. Бев 37 недела, матичната виде многу намалена плодова вода и рече морам на Клиника за да ме породат. Таму не им беше алармантно, но докторот кој ми беше врска рече вечер ќе родиш и ме задржа. Се беше експресно. Ми ставија провокација, во 20 часот, и од три прста се отворив ептем брзо и во 22 часот ја родив ќерка ми. Ги осетив само последните болки пред напоните и туркањето.
Бебето е со главчето горе, грпчето странично Многу ми е мака. 37ма недела денес. Не верувам дека ќе се заврти, да си спремам за царски
Еј и јас размислував на ова. Ама кај мене ни постелка е зрела, си има место за растење уште и се е во ред за сега и би било греота да убрзувам иако сакам, премногу сакам да ја запознаам што побрзо. А и тука и на тиктокми искача дека многу поболно било со провокации, зошто вештачки на сила се предизвикувала таа болка и отварање што треба да е природно. Мислам дека едино тоа е проблемот. Другарка до 42 недела беше само еден прст и и рекоа царски, не знам зошто не пробале провокација, баш чудно. @elenaklasik ох, сега се завртило? Што ти рекоа, до кога ќе чекаат да се сврти? Осети ти некои поголеми движења или полека си се свртело. Зошто беше доле до сега нели. Некоја што е или била во Чаир како да ми мерат контракции? Дали тие со болки им пуштаат два каиша, а на редовно цтг само еден или воопшто за жива глава нема контракции туку само срценце? Уште во 32 во Гак ми покажа контракција до 50, се нервирам што само ако не е добро со откуцаите тогаш паничат. А ја може отворена 4-5цм без јаки болки си седам. Голема имагинација имам.
Дали примаш утрогестан? Дали си отворена се гледа при вагинален преглед,а не со цтг. Може да имаш контракции а да не се отвараш.