Devojki, pred 2-3 dena vo stomak bebevo mi pravese akrobacii, od vcera nekako mnogu mirno... Skoro 25ta sum. Dali vi se slucuvaat vakvi promeni vo mrdanje?
И кај мене бебето е доста активно, а неодамна се испаничив бидејќи два дена беше смирено, едвај ќе го почуствував. Сега пак е активно. (30 недела сум). Вајда има денови кога се посмирени. Инаку со првата бременост ќерка ми беше многу понеактивна, ама тогаш не паничев, не сум ни помислувала дека нешто не е во ред. Се роди здрава и права. Сега како за второ сум во поголем страв.
имате ли чешање по телото? ме чеша повремено . незнам зошто и дали е нормално? се си мислам кожата ми е сува и заради тоа.
И јас сум 25+1 некогаш е мирна, а некогаш ми е хаос, минатата недела ми се слоши од што збесна мене кога ми е многу мирна го викам поголемото на него најмногу реагира, а и зборне одма се јавува
Пред малку изедов пола киндер буено, од очај да промрда малку. Цел ден бев во движење и не знам дали не мрдала или јас не сум осеќала, битно ме фати шубе дека не ми текнуваше. Еве ја сега ме шиба во бешика со сета сила, пошто толку шеќер ретко гледа којзнае што и се случува Инаку утре сум полна 30та.
Da, normalno e Kaj nekoi e i Imav drugarka sto toa I bese prv simptom na bremenost 2 pati I cela bremenost ja cesase teloto
Здраво здраво Ух леле јас го имам истиот проблем, ама јас цела бременост ја поминав строго лежејќи бидејќи сум со патолошка бременост, еве во 9ти влегувам веќе уште со лежење, па претпоставувам дека од тоа ме боли веќе се и колкови и бубрези сега и бебе гмечи по сите органи... Ужас! Среќа што цела бременост пијам магнетранс од 400мг инаку незнам што ќе се правеше со болкиве, за спиење секако веќе незнам што значи сон без болки, сопругот ми вели... Си се жалиш и во сон сирота
Значи баш сме исто, и јас денес 25+1И исто се понаша и моето, еден ден е активен ептен, друг ден миренНе дека не се секирам кога е помирно, ама знам дека следниот ден ќе биде поактивно.
До сега му се жалев на маж ми дека ќе полудам од чешање по цело тело.Не ми беше вака во првата бременост, ама тогаш бев многу помалку поправена.Сега сум многу повеќе и мислам дека е сосема нормално чешањето.Само повеќе мачкање по тело и ќе се смири.
@1209, @0ли многу ви благодарам, многу ми е полесно сега кога ве прочитав, верувам дека не е страшно, ама кога ќе си увртам нешто во глава немам мирзатоа ми е полесно кога ќе прочитам и други искуства. @Starchild ти благодарам, во право си, секако ќе проверам пак на клиничка биохемија, но во меѓувреме проверив и во друга приватна лабараторија и излезе дека резултатите се исти меѓу двете приватни, а многу различни од тие на клиника.Се си мислам дека имаат некој проблем со реагенсите, иако од секогаш најмногу сум верувала на клиника, а сега не знам што да мислам повеќе.
Девојки што мислите за резултатите.Ддимерите ми се 1490, многу повеќе од претходниот месец кога ми беа 660, а и времињата ми се скратени.Дали би требало да примсм клексани.Инаку 25+1 сум.Пишав и во темата за ддимери, ама оваа тема е многу поактивна, затоа пишувам и тука.
Може не е за тука, ама морам да напишам, пошо како што читам сите преплашени сме од нешто. Ај да не се стресирам одбројувајќи саати, скролајќи по нет, викам ќе читам книга специјализирана за бебе, демек ќе научам нешто, стварно не знам ништо што ме чека. И се изначудив кои глупости се изнапишани, секоја нормална природна работа што треба да ја направиш со бебе е напишана толку комплицирано, божем мислиш само Ајнштајн би бил способен да разбере како се прави тоа. И освен на секоја страна што има никако не го правете ова, никако не го правете тоа, сега читам ноќната облека треба да биде потесна и пази ОГНООТПОРНА. Важи, сега ќе најдам такви скафандери и у тоа ќе спијат Ама стварно се ненормални, преоптоварени сме со глупи информации од секоја страна и дефинитивно колку помалку се замараш толку полесно ќе ти биде. Сериозно мислам дека мајчин инстинкт повеќе ќе ми значи отколку вакви книги, статии и обуки, со толку неточни, панични информации и сите автори контра еден на друг. И ете од кај ни се сите стресови и стравови.
Искрено зависи од доктор до доктор. Неколкупати имам напишано дека моиве доктори стварно не ми даваа терапија за многу повисоки вредности и за тсх и ддимери, за разлика од други искуства што читам тука, па еве фала богу засега се е во ред. Јас со 2000 ддимери во второ тромесечие и скратени времиња не примав ништо, ме видоа гинеколози на ехо, протоците беа добри, трансфузиолог кажа дека ако тоа е добро, нема потреба од боцкање, толерираат. Ама може ќе ти се погоди некој што дава се "превентивно", затоа не може да знаеш.
Кај мене помагаше вода со лимон, бадеми (сирови ги киснев во вода од вечер), морков, чај од ѓумбир или да изедеш сабајле парченце ѓумбир тој е за мачнини. Ако имаш постојано гадење, има во аптеки апченца против гадење за бремени (прашај си гинеколог). И најважно е да не бидеш гладна, јас малку ако бев гладна страшно ми се гадеше.
Пола киндер буено ти е многу шеќер? Мене едно цело ми е за добро утро Премногу ми бара шеќер телото, и пред бременоста бев љубител на благо ама ова сеа е нова димензија.
А после порајѓај се намалуваат болките? Во која недела ти дадоа провокација? И јас исто сега, само стврднувања осејќам и по малку болка. Многу сакам да почне спонтано.
Никакво објаснување, само така треба да биде и толку. Или е некоја очајна грешка во превод или авторов изводи нешто. Плус, има цела страна опис како се става правилно цуцла од шише во устето, ко божем научна фантастика е тоа.
Фала на одговорот, да и јас така мислам, во првата бременост цело време бев со клексани, ама тоа само превентивно, дека бев со инвитро и почнав уште од почеток, затоа сега не ми е јасно од кога почнуваат да ги даваат.А тсх колку ти била? дека и за тоа сум со терапија уште од почеток.
мхмм Многу ретко јадам такво благо, не ми бара душава скоро ич. И пред бременост и сега. Затоа за чипс во 2 сабајле сум палела кола до дежурна трафика