Ме уби кашлањево, не знам дали чести лажни контракции се последица од пто сум болна, ама цел ден денес осеќам затегања, се мислам уште еден магнезиум да пијам. Се изнервирав дека сум изгубила 2кг, а пробам да јадам ама знаете болен човек колку апетит има… среќа немам веќе тт, и почнав да искашлувам, не е веќе сува кашлица. Генерално подобро се осеќам само уште бебе да не ми прави паники со мрдолењево и стегањава, а и многу ми кркори стомакот, како кога има човек дијареа, а немам, дали многу витамин Ц што пиев со соковите и јадење цитрони, лимони и се кисело што ми иде на рака. Лежејќи барем направив виш лист на амазон, повеќето работи испланирав од каде ќе ги земам, сега уште да се зема плата и да испазарам се, само количка сакаме во живо да видиме и облека што треба и секако за мене постпородилно што ќе ми треба и спремна сум. Него многу сум емотивна деновиве, на секое видео со бебе плачам, не ми се верува дека за околу 10 недели(се надевам) ќе имаме наше, уф дури сега реално ми стана.
Јас искрено бев преплашена за тироидната затоа што во фамилија мајка, сестра, тетки, сите се со дијагноза и уште не сум баш најмирна во поглед на тоа. Кога поднесував документи за инвитрото околу 6 ми беше и антитела мислам на горна граница, ама не ми дадоа терапија. После тоа, пред да почнам со стимулации докторот ми рече да ја проверам, беше падната на 3.5, пак не ми дадоа терапија. Во теков на бременоста, си испитував на своја рака, беше над 3 цело време, ама ниту еднаш не ми спомнаа еутирокс или друго, а гледам и со 2, 2.5 многу членки примаат терапија, дека морало да биде под 2. И не ни спомнав искрено, решив да верувам на докториве, ваљда знаат што прават, искрено се надевам дека ништо не се одразило на бебињава, ќе видиме за некој ден.
Види сеа, спонтано е најдобро да почне, ама нели никад не е како ние сакаме.. Што се породив јас болки немав како очекував, мене царски ни на крај памет не ми беше у план ама ептен лесно поминав. 42ра бев кога почнавме со провокации и така 3 дена 4тиот ден у 20:33 се породив.
@1209 Ако ти кажам дека ќеркичката ми е 19 месеци и сеуште не ми е реално дека е нашаа пак за оваа бременост која ми се случи природно после толку мачење за првата, ич не можам да верувам.Колку и да ти изгледа не реално, колку и да ти личи тешко на почеток, верувај дека се ќе си дојде на свое место и дека нема поголема среќа и поубаво нешто од ова. @Tess36 сигурна сум дека ништо не се одразило врз бебињата и дека се ќе биде како што треба, а и веќе ги имаш пројдено сите скрининзи и ако не Дај Боже имало било што ќе се видело.Како што ми пишаа и други членки, изгледа само кај нас не паничат со тироидна, а и твоите вредности не се превисоки.Јас почнав со терапија со тсх од 3 и нешто само затоа што бев со инвитро во првата бременост, а најмногу по мое инсистирање затоа што мислев дека тоа ќе смени нешто за успех.Како и да е, најголем дел од жените во бременост не ни проверуваат тироидна па пак имаат здрави бебиња.
Токму така, јас знам дека ги направив сите потребни прегледи за да издржам психички, за сопствен раат, затоа што ова ми беше последниот воз за да имам свои деца од сопствени јајце клетки. Си консултирав повеќе доктори, па ете се погоди никој да не ме испаничи, барем за тироидната, за други работи си имаше основани фрки, па ги решававме едно по едно. Ама јас немав намера да се правам поголем доктор од нив затоа што сум прочитала нешто на форум или некоја статија на нет. Искрено се надевам дека не погрешив ни јас, а ни докторите. Затоа и ти пишав и за ддимерите, мислам дека зависи само од тоа кој др ќе ти се погоди. Ама ако не си мирна со тоа што ќе ти каже, обавезно барај си второ мислење, психичкиот мир е побитен од се друго.
И јас го имав истиот проблем, но спасот го најдов во полуседечка позиција. Изнаставав едно 4-5 перници за да не бодам седната а ниту легната, ќе си пдредиш самата какп ќе ти е најзгодно. А под мене имам ставено јорган и две ќебиња за за да ми боде помеко леглото и да не ме болат ни колкови ни задник
Тука сум само да си се испожалам, пак дежурна. Се давам од киселини цела ноќ, отеков дупло од што бев за еден ден, три дена неспиена од паника, менструални болки, се препотувам од инекциите и болки во бубрезите, а маж си спие, си грчи ко да нема друг ден, да не го сакав толку ќе му зашлапав некоја жими се. Оффф, како ли јас сама ќе го поминам ова и ќе чувам две деца?
Ох мила моја киселините ми станаа кошмар мислам од самиот збор косата ми се крева нагоре ,ајде уште малку остана после се ќе заборавиме.
Најискрено се надевам. Па овие денови толку се влошени, мислам ми изгоре хранопроводот, ништо не помага, полудев. Само уште малку да собереме сили.
Исто и кај мене без престан ,пред 2 дена плачев веќе од што не поминува од ништо ,а ги имам по цел ден...
Јас имам чешање повремено по страничните делови на стомакот. Исто имам многу сува кожа во бременост,не дека и претходно не ми беше ама сега ептен.
@Tess36 како помина од инекциите за зреење кога намалија движењата на бебињата.. јас вчера примив и прилично добро си преткаше па денес ќе примам втора доза.. и јас не се почувствував ептен лошо нешто освен повремено што ми беше жешко ама не претерано ќе си се откриев од кебе и ќе придојдев...само тоа што морам да лежам ме изморува..
Ќе пробам вечер. Сношти приметив дека ме фаќаат болки кај 3-4, ваљда бидејќи подолго време сум во лежечка позиција со притисок на колковите. Мм си замина од спалната бидејќи се вртев на секој 5 мин, го будев и него. А кога ќе се наместам со перниците, едно вртење ми е цела операција, смешки живи.
Не знам дали е само од инекциите или се што ми се собра, ама почна со вртоглавици еден час по прва доза, па топли бранови, 3-4 часа покасно бебињата скоро скроз намалија со движења, а пред тоа на цтг ги испоместуваа и ластиците стопати од што толку беа немирни. Цел ден имав тахикардии, ама ми пиша и друга членка дека сето тоа го осетила, нормално е.После втора доза ги осеќам само како се преместуваат низ стомак барајќи позиција, ама не удираат, битно ги осеќам. А жештините и вртоглавицата продолжуваат, утоп сум цела.
Ponudete nesto dobro za podiganje na hemoglobinot?piev tothema i maltifer zelezoto e vo red,sekoe utro med so seme od kopriva,kakao so jagodi,sok od kalinka so portokal,jadam spanak i cveklo vo izobilie i pak nisto
Ти кој ден ѓи прима инекциите.. незз како ќе сум денес после втората па да си се подготвам да не паничам до препотување. Ти веќе си влезена во 6ти нели? Ајде уште малку мила. Туку да си се пожалам неможам цело време на грб врз перница да лежам се укочувам за две минути.. си лежам и по страна може нели мешиња барем не седам не претискам цервикс.
Влегов во 9ти, иако уште не ми се верува. Вторникот вечер една, синоќа втората ја примив, вечер имам прием во болница и за утре ми е царскиот закажан. За лежењето и јас се вртев, физички невозможно е само на грб, па уште и со перница, не верувам дека може да направиш беља, ајде уште малку стискај заби.