@Bebence29 @Lina5 Јас околу 24та недела имав нагло паѓање на железото. Од 20+, падна на 9. Докторката не ми даде никакви апчиња, само кажа преку храна да појачам внес на железо. Исто почнав и пренатални, зошто до тогаш не пиев. Плус почнав мешавина од маџун, органско какао и интегрален таан, секое утро на гладно по една лажичка. Со храната исто како до пред тоа си продолжив. Сега сум скоро полни 30 недели, на последната проверка минатата недела ми беа качени и железото, од 9.1 на 21.6 и хемоглобинот од 11 на 12.6. Пробајте, може ќе ви помогне.
Јас да се пожалам имам болки во половина повеќе на десната страна ,инаку сум 26 недела дали се норамални??
Еве како ми е леглото и немам мака. А гкедам и да сум малку кон лево свртена со уште една перничка од страна да ме потпира
мене ми се јавуваат од време на време еднаш се заинтаетив со чепкалк за уши со лажица и оперирав извадив ....друг пат имам со јако кашлање и драазнење на грлото извадено .....не мора да се за антибиотици јас немам за нив пиено никогаш ... кашлица предизвикуваат и тоа досадна повеќе е заради чуство на страно тело во грлото .....прави гаргара со растворен во вода прополис пробај ако издржуваш да ги извадиш .......доколку седат повеќе време знае да мириса гелото гадно и се последица на анатомијата на грлото јас имам крипти ( како дупчиња) во крајниците и таму се ствараат
Јас до 18та недела бев секок ден сабајле поручек со повраќање, пд тогаш ми се деси 4-5 пати да повратам само амаа оваа недела (26та) ми горит значит желудник од киселини, не можам да заспијам како човек, па и болкиве бее па и тие аман.. ми рекоја ориз жив да гризам, ќе пробам баш
Девојки, Дали некоја проверувала витамин д? Ендокринологот ми речи да проверам, но бидејќи одам на приватно, би сакала вит да испитам на државно. Прашањето ми е дали упатот треба да е од специјалист или може гинеколог до клиничка биохемија да издаде упат? Благодарам
Па добро мораше царски. Ме чекаа 10 саати ама не се отварав, тесна карлица сум имала…и папочната беше околу вратчето го притискаше. Димчев и Иванов ме пораѓаа супер се. Е сеа многу боли ама тоа е
Леле извини со прашањава, ама мислам дека истото ме чека, немам абер јас сеуште за раѓање. Големи болки имаше со провокациите или се издржува?
Уживај прашај се што сакаш. Многу болеше, да знаев одма на царски,а вака кај трпев и такви болки 10 саати и плус царски…