Браво мајка! Да сте живи, здрави и многу многу среќни сите заедно! Ќе чекаме детали во породилни приказни.
Девојки имам алергија на полен, последниве два дена ептен изразена. Смеам ли таблети (аериус или лоратадин)? Или каков спреј за нос?
Ајде конечно си се олеснила честитки мила сега гушкајте се со најмекото и најтоплото бебенце... уф се топам едвај чекам ама нека поседи сеуште моево во меше да издржи да влезиме во 9ти.
Нека испитаат антитела преку крв за антитела за сипаници ИГМ ќе покаже за свежа инфекција, по приватниве прават секој ден. Честито бебчиња за сите и брзо опоравување на мајките
Фала ти! Ќе издржи, само зборувај му да си седи, галкај го нежно, и ќе си поседи уште. Само одмор и одмор. Мене стомакот ми беше виснат надолу, висечки стомак го викале или пендулум, се смешкаше Кристинка. Многу ми тежеше, мислев дека ќе се случи нешто порано, затоа последните две недели лежев повеќе, без напрегања.
Жени кај мене се јави сукрвица. Сега забележав на гаќи во вц, кафеаво. Да барам Др, да тргам накај болница?
Час и пол сѐ на сѐ. Па добро беше. Немав силни болки дури се отворав. На 7 8 цм ме прашаа од 1 до 10 колку е силно, реков 3. Пфф ништо не осеќаш ти, добра си велат. Епидурална спомнав, ама немаше потреба, бидејќи отворањето не ми беше толку болно. Ми пуштија окситоцин, тоа е провокација? На 7 цм негде. И најмногу ме стегаше во долниот дел на стомакот, како силна менструална болка. Ама буквално при менструација такви ми биле порано. А половинава не ме чепна ми се чини, ме поштеди. И кога е напонот туркав, па и снемував сила, ама битно е што ги следев, не се изгубив. Кога велат држи воздух, не пуштај и туркај, па и тие помогнаа и со неколку напони, попатно и малку одмор, излезе бебле.
Леле каква вест сабајлево! Честиткии, премило ми е што вака лесно и брзо помина све, после сите стравови и паники што ги поминувавме тука. Се израдував иако не те познавам. Да сте живи и здрави, да ве прави највесели и најсреќни цел живот Се читаме во други теми @Lina-Detelina ајдее мила, ти си на редсо лесно само да поминеш и ти за неколку саати да се пофалиш. Мора да е тоа ако не денес, најкасно утре ќе има гушкање
Леле супер браво. Да инаку окситоцин е провокација. Јас не сум трудна ама со првото на бокс поминав ептен тешко, и уште сега не трудна страв ми е за второ од тој момент. Затоа и прашувам велат кај второротки полесно идело се