Па да, мене ми беше полесно. Најбитно е кога стега контракцијата да се диши, вдишуваш длабоко низ нос, а издишуваш како свеќа да дуваш низ уста, на неколкупати. И тоа ми помогна. А со првото ми беше се на сѐ шест часа и тогаш зедов епидурал. Барем контракциите ги ублажува. Е сега можда тогаш не знаев баш да дишам, па затоа некако ме изморуваа. Ама кога раѓаме, мислам дека е пожелно да се сфатат тие контракции како начин за да излезе бебето, ако е спонтано. No pain no gain
Фала ти на убавите зборови и молитви! Амин Боже, за секоја да си држи бепче наскоро! Па ајде наскоро ќе се собереме во другите теми на дружби. Господ леснина и сила да дава!
таман сила да имаш со лесно нека е . и ние те чекаме! @Tess36 @elenaklasik честиткии , нека ви се живи и здрави бебињата! @elenaklasik која недела се породи? второ ти е така?
Рано е. Кај мене неколку дена по чепот почнаа контракциите, протече водењакот и почнав да се отварам. Ако немаш контракции редовни, нема потреба да одиш. Итно се оди само ако ти пукне водењак или ако имаш контракции на ист интервал. За брзо ке биде. Со лесно. @elenaklasik од вчера ми стои мислење цитирано за дали да викаш некого по пат. Од сите сценарија, си поминала прелесно и преедмоставно. Кажи ни барем, требаше некого да барате за по пат?
Не сум сигурна дали е чепот. Кога станав имав на гаќи кафеаво ама не и слузаво. Неколку капки и на бришење имам по малку. Може слузавото да испаднало во мокрење, или не мора да има и слуз?
мене чепот ми падна 3-4 дена пред пораѓај. во шољата го забележав . беше баш таков густ.слузав и бојата му беше светла зелена. крв кафеава немав воопшто. ама нели како викаат секоја жена и организам е различен. немора да значи дека кај тебе ќе исто.
Мене ми дадоа лоратадин за алергија и тафен спреј за нос. Тие биле као најбезбедни. Сепак прашај доктор.
Мешковци, После голем студ, темници и дома седење, конечно покај море седната на кафе и уживаме фамилијарно на сонце.. мала заспана во количка, јас и маж полниме батерии. Колку само мисли се разбркани и само позитива околу нас. Ма не ми се оди назад. Беба е прееактивна, осеќам и јас затегање ама не е ништо страшно, само што не можам на вечер да спијам и потекувам ептен, ќе мора што побрзо да си ги купам хулахопките, валда ќе помогнат. Ова ќе е изгледа последен одмор пред пораѓај, влегувам во 7ми и добро е да се приберам домаа и да спремаме пополека за бебаа.
Купивте потребни работи од аптека како бенеоцин, хидроген, гази, физиолошки, пробиотик, капки д3 и за вас спреј за рана и слично пред да се породите или попаметно е одпосле? За АД секако би имала дома едно ама би чекала да видам во болница кое го даваат или нема врска сама да одлучам? Прслук за доење и појас за стомак сакав, ама накнадно ќе купам. Знам све се купува накнадно дури и по пат назад до дома од болница може се ова, ама ми дојде на мисла се осетив неспремна. Синоќа добив пакет алишта на поклон, па пак ме чека перење и средување и сега сум испаничена дека пак не ми е готово све, а реално мислам дека имам повеќе од недела дена фора. Иако денес ме болеше некако чудно долниот дел од стомакот. Грч, стврднување ама само долу во линија со јајници па и препони и грчот одеше и накај кичма и задник (прекина веќе). А овие стандард стврднувања од пред два дена почнаа да се по цел ден присутни некогаш на саат време некогаш на минута раздалечени. Во понеделник сум на преглед и се мислам како да побарам да добијам преглед за отвореност. Или да не си ја барам бељата, можам отворена да шетам и со денови џабе ми е тоа. Докторката ми пишала на извештајот “контрола во понеделник на ден на термин”, а мене термин во среда. И усно вчера ми кажа за два дена преглед и малце сум збунка кога да одам. Не ми е термин понеделник иако на почеток се менуваше од 4, 6 до 8 февруари. Според менструација најправилно е во среда.
Хахахаах му истече рокот на мислењето Ам можевме и без придружба ама ајде маж ми запна, најмногу за кога ќе се враќа назад дома, да не вози сам. Докторкава им рекла во добри раце е, нема потреба да седите тука. Па секако не пуштаат посети. И најмногу му беше да не е смрзнато негде, малце можда беше. Ама деверот возеше побрзо, мислам и од возењето шо се трескав на моменти, се отворав.. И легнав после на седиштето назад, имав земено две перници, се спружив колку ме собираше и за некое време, полиција нѐ застана. Онака рутинска контрола за документи. Се стегнав ајде пак да се исправам, да не помислат дека ме шлепаат некаде, бело робје си велам ако само бебето се изврти ради трескањето, па легни стани, мме ваше ќе биде. Не довршив. И потака уште една контрола полициска, џандарска работа И конечно стасавме. Сепак беше лагано. А и мајка ми ја викнав за поголемото да го заспие. И тоа е, мисли мисли предвреме за вакви логистички работи, ама кога доаѓа време не се мисли, се дејствува. Фала мајка! 37ма недела втора бременост.
Леле јас денес 37+1 исто втора бременост, на моменти имам стврднувања и како менструални болки ама не се на интервали, незнам што да правам и јас имам саат време до болница. Ќе си пукнам од нервоза...
Имаш доктор во близина? Цтг некаде да направиш колку да се види честота. Ако имаш таква потреба да тргнеш за на болница, тргни полека. Ако не ти се силни, почекај. Или легни на лево, види дали ти се смируваат. Смирено само, имаш време. Ако почнат посилни и пукне воденик, тогаш да се реагира.
Се и од аптека може да се докупи, не знам таму како е ама тука кај нас папоче не се мачка со ништо, може со физиолошки ама не е морално, само да не се намокри. Ќе ти кажат таму што треба, Д3 се користи да и нешто против грчеви ама за тоа ќе видиш реално што ќе му помага највеќе. Јас би зела на твое место нешто за тебе за ВЦ одење, нас ни даваа на болница амаа и за дома морав, ептееен запек фатив и ми кажаа дека ќе ми биде така, без прашак тешко ќе поминев. Амаа паа, убаво рече се може да се докупи со список ќе пратиш маж и готово.
Да, јас осеќав. И минативе недели и сега последниве. А и постпартум такоџе, пошо матка си игра салта сега, се враќа дома.