Ви благодарам на сите за честитките и убавите мисли. Пишам за да ве утешам сите шо мака мачите со киселините, веднаш по породување магично исчезнуваат. Значи уште малку и ќе дишете. А отоците, сепак им треба време, кај мене и цимерката дури и се влошија, ама ни рекоа ќе помине штом се нормализира телото од операција и исфрлиме вишок вода.
@elenaklasik Мила како што разбрав 37 ма недела се породи,колкаво се роди бебенцето ,а колку беше измерено на последен преглед?
Да во 37ма се роди. Ден и пол пред раѓање го измери 3333 грама, а се роди со тежина од 3420 грама. Во Плодност беше и мерењето претходно и потоа, значи и двете на исто место.
Ја мислам @Lina-Detelina Ајде друшка храбро, посмирено и ќе си го гушнеш бебето за брзо. Да поминете со полесно ти посакувам.
[ И тоа ептен, морам да мрдам многу за да се оттрпне или нозеве сами играат.. не помага и кај мене ништо, немирни нозе имав и во првата бременост ама сега ептен. На вечер појам исто магнезиум, сум пробала во ладна вода да ги држам, во топлаа, парацетамол сум пиела, маж ме масира, нозе на високо ред и џабе.
Лелеее Да сте живи и здравиии!! Конечно се олесна после денови мислењаа чекање заедно со тебе и ние. Раскажи кога ќе можеш, не има уште што чекаме Да се гушкате и галите, да ве прави среќни лепотицата мала
Лелееее бравооооо! Честитки, здрава жива радосна! Многу ми е мило шо се олесна. Те мислевме. Ајде па пиши ко ќе мојш како помина. Еден ден разлика нѝ се бебињава
Е што убаво сега што ќе е како ќе е ..сега само убавина до тебе живи и здрави да сте лесно оправување.. гушки
Јас до крајот на бременоста мислам дека ќе станам бабарога Значи само тртката на носот мислам дека ми фали,пу пу скраја да е недај боже. Лицето кај ми се смени кожата ми стана сува, мозолчиња,ми се појавија црвенила на образите а сега па и кафени флеки почнаа на образи и чело.Значи не ми се гледа во огледало,катастрофа сум ни П од прегнанси глоу има. Со синко светев,преубава бев сега сум страшна Што сте користеле ефикасно за флекиве тие што сте имале,има ли некое решение?