еее те премислив значи. мијам садови прееска. и те мислам . шо направи женава до кај е . ја нема да пише. супер чим си се олеснила . нека е живо и здраво бебчето. гушкајте се сега ❤️ пиши како си поминала
Фала ви жени од срце на сите! Ноќеска само ме прегледаа и ме примија 1 прст отворена, сабајле почнаа со провокација, дојдов до 5-6 сантими, ми го пукнаа водењакот, болки јаки цел ден, инфузијата враце и шибај низ сала. Прегледи со раце еден куп. Се симна бебе надолу попладне и ме потиснаа тројца, епизиотомија, стискање на стомак, стискање на нозе, туркај, викање и не знам како низ сите болки само се појави милата ќеркичка кај мене на стомак, ја легнаа, ја протресоа па заплака. Мене сега ме станаа малку, боли шиеното ама се трпи. На стискање на стомак излегува крв. Бебе ми го немаат донесено, кога би го донеле не знам, рекоа супер е за освежување пуштивме кислород. Се надевам се ќе биде во ред жени. Ви посакувам полесен пораѓај од мојов на сите. Не дека мојот беше нешто претежок, ама траеше.
Браво, нема мајка што не добива сила, тоа ти го кажавме и се увери, кога ќе си го гуштеш уште малце, за некое време ќе ти биде се како сон. Сега е нормално да крвариш, јас дури со памперс шетав добри 3 недели мислам оти влошките не ми помагааа.. ме интересира мене оти јас не сум сечена, а не ни испукав, па поминав прв пораѓај без конец, многу ме интересира еве и други нека кажат дали шиењето боли или оти жешко местото не се осеќа баш? Јас само од тоа имам највеќе страв и ако биде царски кога ќе ја видам раната оти на крв/рани губам свест.
@Lina-Detelina , жива и здрава ќеркичката. Неколку пати доаѓаше сестра со притисок на стомак да проверува крварење. После пораѓај некаде во рок од еден два часа неколку пати и еднаш двапати во текот на првиот ден.
Здраво жени, овде сте нај активни па затоа ви пишувам. Јас сум 38+3 дена. Со докторот бевме договорени да одам природно на пораѓај. Ама последниот пат кога бев на преглед ми кажа дека ќе е подобро да сум со царски бидејќи бебуш е голем а сум имала тесно грло. Тоа било негово мислење а јас како сум сакала така ќе сме правиле. Ова ми е прва бременост па сега не знам што да правам. Ако имал некој некое искуство да сподели зошто стварно не знам што да правам.
Цтг што покажува, контракции имаш? Да следиш ситуација дали почнуваш да се отвораш пример, колкави ти се болките... А бебето колкаво е? Доколку не си сигурна, да побараш и друго мислење од доктор, па да видиш што да одлучиш. Како и да е, ти посакувам со лесно и со Господ напред
Не боли. Додуша мене анестезија ми даде, ама на едно место повнатре кај усните внатрешни ми рече овде малце ќе те боцнам, неколкупати и како боцки беше чувството. Тука ваљда не можеше да делува анестезијата така шо не беше нешто страшно. Издржливо и пократко од пороѓај