Не знам стварно, во Биотек е вака можеби различна пракса имаат по други лаборатории. Искрено местото што ми беше боцнато на прстот повеќе ме болеше од тие во вените. А за пиењето, пробав и јас демек побрзо, одма ми дојде нагон да повратам. Многу ми беше неубаво, па уште и некоја млака температура беше растворот @АнаМаријаД многу имаше уште малку остана. Ќе ги протуркаме некако месециве. Не се секирај, не е пријатно ама се издржува.
ем полесно се поднесува ем шекерот со стоење кристализира и затоа е подобро на екс за тестот да е соодветен
Девојки веќе 29 недела и многу почнав да се заморувам и се чувствувам како да сум сита после едно залче, не чувствувам глад. Сега и киселини почнаа се почесто, некој совет ако може бидејќи од многу малку движење се заморувам и тешко почнувам да дишам
Види, пак ќе кажам можеби има разлика во некои постапки помеѓу различни лаборатории. Овде растворот беше со доволно висока тт за да не кристализира во тој период од две минути. Дополнително цело време има присутен доктор по клиничка биохемија што не би оставил да правам нешто што би влијаело на резултатите. А како е полесно е толку индивидуално што стварно не може да е правило. Мене ми паѓа тешко од пола парче торта, а не па да ја испијам таа чаша на екс. Во секој случај секоја лабораторија е своја приказна, затоа најубаво да си следиме тамошни насоки.
Aleksandra i jas sum ista sega hemoglobinot mo e 92 a zelezoto 17, i ne mi se kacuva nikako i sea se custvuvam nekako malaksano i kako da tonam, te molam kazi mi kako se custvuvasr togas ti i so ti kazaa i so ti dadoa da pies i kako zavrsi seto toa...? jas sum 32 nedela momentalno
Сите три боцкања треба да се од вена. Ради тоа што мене првото ми беше од вена, а следните од прст проф. Миленковиќ рече дека не може да се заклучи дали имам или немам скриен шеќер зашто неправилно ми било земено. Додуше ја со гранични вредности бев на тие од прст.
^^Исто и моите беа од прст гранични вредности, и исто ендокринолог ми кажа 3те боцкања да се од венска крв
Мешиња, денеска доживеав огромен стрес, ќе рече човек абе битно сите сме живи и здрави и не треба нервози ама подсвесно во мене вриеше и како гром од ведро небо ја добивме таа информација.. од тогаш имам стврднување и менструални болки, ненормална главоболка, фала Богу сме дома и не се деси ова во странство, па ќе лутав таму по болници.. не сум бидена за сега тука на доктор ама ова влијаеше ептен на мене и ме фати страв дан нешто се деси. Беба е активна премногу.
Мирувај душичке незз што те вознемирило ама пробај да мислиш на нешто позитивно и зборувај му на бебе во стомак...
Зошто тогаш многу лаборатории зимаат од прст? Јас за да ми земат прво боцкање од вена се побунив зошто и тоа сакаа од прст. Вторите две ми беа исто и мене гранични, од прст беа. Не знам кој е проф. Миленковиќ, ама ти даде ли подетално објаснување зошто мора да е од вена? Очигледно секоја лабораторија си работи по некои свои стандарди, а не утврдени протоколи.
На клиничка биохемија, уште пред некоја година за огтт тестот имаше 2боцкања -не 3, ама беа од вена.... А ендокринолог кој бара да го следиш шеќерот со апарат вели дека од прст боцнато може малку вредностите да отстапуваат (дека не е венска туку периферна крв) .... кој е во право не би коментирам но само да споделам инфо
Не се сеќирај и кај мене беше многу активен кога бев болна и вознемирена, мислам дека осеќаат па затоа, нема ништо да му биде, за тебе е добро да се смириш да не качиш притисок, напиј се витамин Б, пробај да му пуштиш релаксирачка музика близу до стомакот и ќе се смири малце и ти ќе се потсмириш. Жалам што си доживеала стрес, ама луѓе сме, колку и да не сакаме да се деси не можеме да спречиме.
Подсвесно, колку и да велам на крај што сака нека биде, сепак не е така едноствано. Сите се радуваат заедно чекаат да дојдат на свет бебушките, спремаат со маж заедно и мислев дека ова дете ќе го дочекаме без тие пропусти како со првото амаа неее.. мора пак да се разделиме, мора пак да поминувам сама се без него, морам пак да патовам и тоа со две деца по аеродроми..ептен ми е тешко. Згора на се, малава е во некоја фаза неподнослива почна да цимоли за све и свашта. Баш во овој момент апсолутно ништо позитивно нема.. од најубав викенд дојде до ужас.
Јас прв пат слушам дека можело да се зема крв од прст за скриен шеќер. Тестовите ми се правени во две различни држави (прва брем. и сега втора) и во двата случаја било од вена и во двата никој не ми забранил вода во тие два часа. Напротив ми рекоа може да пиеш само вода. Разликата ми била само првиот пат бев со две боцкања, вториот со три. Пиењето голтка по голтка или на екс нема никаква врска врз тестирањето, како ви е на вас подобро така. Јас денес малку се загрижив, бебе многу мирно цел ден. Епа затоа сега ми надокнади Удирање исклучиво доле по бешика, никако горе некаде да удри за промена. Само мислам дека ми се моча. Дури осеќам и како боцкање во јајници, најверојатно е од ударите.
Исто и кај мене, во двете бремености преку вена и во двете беше нагласено дека смеам вода да пијам во тие 2 саати колку сакам, а течноста да ја испијам како мене ми одговара дали одма или пополека во рок од 3-4 минути.