Кај мене во странство, првото боцкање од прст, после другите две од вена. Не смеев да пијам вода ми рекоа дека може да излезат погрешни резултати. Ептен ако почне да ми се повраќа да се напијам, оти па полошо е да повратам. Имав 5 мин да ја испијам глукозата.
Нас ни рекоа дека ни следуваат 5000 денари за прво. Плус да провериме дали дава и општината бидејќи дел од општините давале исто пари за секое новороденче.
И самите доктори се контрадикторни во ставовите очигледно, како и по многу други прашања. Пример ако излезе граничен резултат на огтт, даваат диета и мерење дома со апаратче пред и после секој оброк, а тоа си е со периферна крв. Како да биде човек паметен не знам..
Procitav na net. Se sinale so 5 iljadi denari. Hahahah. Pa i treba da podnesis baranje za da ti dadat. Soprugot mi veli abe i mk davala nekoj mu kazal pomos za prvo dete. Velam kaj davala be da ne te lazat tamu. Zosto vo srbija davaat ednokratka pomos za prvo dete, iznesuva 180 ijadi denari ama koj se uslovite neznam.
Венската крв е поточна, периферната отприлика дава. Ради тоа дозволуваат и отстапки ако со апаратче малку ти е над границата. Јас бев на диета иако проф. Тања Миленковиќ (шеф на ендокринологија мислам беше, а е и проф. на факултет) ми рече дека може и немам скриен шеќер, не може да го заклучи тоа зашто тестирањето не било спроведено правилно.
Ајде ќе издржиш мила гушкај и малата дп тебе и беба во меше.. такви се мали деца моите се поголеми се знаат се им е кажано ама пак меѓу себе се карат и знаат дека ме нервират со тоа ама секој ден е иста песна а иако сега откако лежам и двајцата помагат ми носат се што треба.
Да за прво 5 и нешто плус ако дава и општината оти секоја општина различно...а за второ 20.000 и плус од општина. Ама секако треба да се поднесе во социјалното оти ако чекаш така да добиеш ништо ќе е
Мешиња и во Синлаб скриен шеќер боцкаат со 3 боцкања,само да им се каже дека со 3 треба,156 ден. со упат од општ матичен.
Не сум сигурна и дали воопшто има врска прво второ ама за првото, јас породена во странство, со ќерка ми имаме странски документи,маж ми доби 8000 од Оп. Аеродром. Така да, не верувам дека приватна болница би праела проблем, чим ние вака добивме
Јас вчера имав интересен ден, од паника дека нема плодова вода, враќање два пати во болница. За на крај да биде конечно дека има вода 3 џепа, во едниот како да е матна млечна(без објаснување иако прашав), конечно преглед со рака за да каже нема отвореност само скратено и омекнато грло и пратена дома, кашлав и не течела плодова вода. А да, и некое воспаление сум имала при прегледот со рака, ни ми кажаа што е ни решение ни ништо. Стручно ми кажа како се вика, ама нормално во таа паника не запамтив. Многу се разочарав во стручноста, во Чаир сум, секој пат мерките на бебето се помали од 3,5кг пред две недели стигна едвај до 3 кг сега(на крај 2,5 ќе се роди). Еден доктор све супер, друг лакуни, трет немаш вода, еднаш тесна карлица друг пат јас сум рекол така? Не, баш супер ти е. Цтг вришти стига до 0, на моменти 210, ама според нив во ред е така него ли 120-130 да е(успано). Утре ми е термин и иако викав и во Гак и Чаир докторите се супер, останатите вработени не ги бива, веќе почнувам да се плашам и за нив. Со недоверба ќе одам понатаму, а и на пораѓај. Не отворив ни форум, ни гугл, да читам за млечна плодова, за лакуни и све тоа, едноставно ме исцрпи оваа бременост и само го чекам денот (без возбуденоста што ја имав до пред некој ден).