Мене околу 28 или 30та ми го исфрлија заради намалени тромбоцити. Јани ми рече тогаш дека во трето тромесечие и онака нема потреба од аспирин.
За скрининг барајте да ве закажуваат во амбуланта 28 или 37. Во 36ка е прелошо ехото и матичните многу добро знаат дека таму не треба да закажуваат скрининзии, а упорно го прават тоа.
Колку ти паднаа тромбоцитите Ирис? Јас не примам клексани, едино тоа примам како антикоагулантна терапија истовремено покриена за граничната АФА и мутацијата и затоа ми е страв да прекинам...
Ако си за втор скрининг да знаеш таму нема апаратура за да видат се што треба. Соба 28 и 37 се за тоа.
Почитувани, Дали ви се има случено во плодност на втор скрининг да кажат дека се е супер со плодот. На извештај дека се развива како треба од срце па се до бубрези и на крај совет за дополнителна ехокардиографија( без претходно наговестување дека нешто не е во ред) Како сте постапиле доколку имате вакво искуство?
Јас колку што ги имам читано членките, а сум слушала и од блиски, во Плодност задолжително препорачуваат ехокардиографија, за пари секако. Не се вади од памет без потреба
Јас сум во Систина и мене исто ми рече докторката се е во ред не гледам ништо загрижувачко ама јас би ти препорачала да си направиш чисто така да сме мирни.
Зависи колкаво ти е ТСХ, кај секој различно реагира и зависи од доза и од организам, генерално месец дена треба да направат разлика ако е погодена дозата.
Девојки разгледувам релаксатори, ама поима немам како да изберам. Имате ли некоја препорака? Со оглед на тоа дека не е гаранција дека воопшто ќе сака да седи во релаксатор не би давале повќе од 5000 ден.
Нема скриен шеќер Ви било гадно цел ден после гликозата? Неможам да се оправам мислам дека ми го преврте желудникот,цел ден ми се повраќа Можно ли е од нефункционален заб што е за вадење да се качени леукоцити?
Јас иако ми е сеуште рано 24 скоро ама си правам планови за трошоци решив да не купувам релаксатор пред да се роди беба поради таа причина да не бидат залудно фрлени пари.Кога ќе се роди здравје,ако е некое плачливо проблематично ќе купам тогаш да пробам
4.7 ми е за паника ли е? Докторката кажа не е, јас искрено прв пат со ова се соочив, добро што на своја рака пак испитав, инаку пак лошо ќе поминев, а немам симптоми. Ако еднаш почнам со терапија никогаш ли не се прекинува?
И јас немав во план да купувам, ама сакаат да ни подарат некој таков реквизит што ни фали. Имаме речиси се што е неопходно, така да релаксатор решивме да избереме. Која недела си? Дали имаш испитано и фт4?
Бела ако немате сеуште, повеќе би ти препорачала хранилка или кенгур да ви земе некој. А релаксатори до таа цена има на чиполино, скроз ок изгледаат, види ги тие.
Не сум бремена. Докторката само ова ми посочи да испитам поради покачени антитела. Фт 4 лани испитував ок ми беше. Пред бременост се спремав да видам ок ли е , арно што испитав.Требало под 2 да биде.