Јас пред бременост имав хипер, примав терапија, се среди и прекинав со таблетите. Без апчиња бев 3-4 месеци, после тоа останав трудна секој месец проверка правевме на тироидната. Мислам дека некаде околу 6ти месец се качи некој од параметрите (стварно не се разбирам што) ми даде Еутирокс 25 и рече ова до пораѓање, после ќе го прекинеме затоа што самата бременост влијае на покачувањето.
Zenicki 28ma nedela sum cerviksot mie 3sm imam bolki vo polovinata i stomakot dali e normalno ? Inace vcera bev na kontrola se e vo red
Какви ти се болките ? Во вид на контракции , менструални ... прати гледај на саат дали се во интервали.
Јас бев за прв скрининг таму и ме вратија. Ми се испоразвика зошто за таму ми дала упат матичната кога апаратот е стар и не се гледа. После се јавив на сестрата кај матичната ми вика па нема термини,но можело и со приоритетен упат. Барај приоритетен за соба 37 или 28 таму сум правела прв и втор скрининг Да ,си го испив.
Здраво феминки, сакам да ве прашам дали употреба на алкохол на телото може да биде штетна за бебето. Од вчера грло ме гребе ептен многу па си ставив навечер згреана ракија и пипер на вратот. И утрово пак ја повторив постапката? Дали е алкохолот штетен за бебчето ако се употребува на кожа. Инаку сум 15 недела.
На мене ми се јавија за резултатите, за жал имам холеостаза, ќе одам после да ми дадат терапија, а во вторник ќе одам да ми ги повторат тестовите и да се видам со доктор. Многу се исплашив посебно по се што прочитав, дали некој е запознает повеќе со состојбата, дали ја имал, или некој негов близок. На мк страни не можам да најдам многу инфо, тука на страните што читам секаде црни сценарија.
Се надевам, проблеми со бели дробови, недоволна абдорпција на витамини, скраја да и смрт во последните месеци, не знам нејкам да мислам на најлошо, ама веројатноста е да ме породат порано, плус ризик од крварење кај мајката кој кај мене секако е зголемен ради хашимотото…не знам стварно што да мислам, ќе пробам да не читам и да видам доктор што ќе каже, ама пишува дека е ретка кај една бремена жена на 1000 епа зошто сум јас таа.
Не е штетно. Мене доктор ми кажа така да ставам кога бев болна. Додека бев бремена мислам дека сите вируси што беа тој период ме фатија, па еден од начините на лечење ми беше овој. Исто, правев гаргара со лажичка сода, пола лажичка сол, растворени во млака вода. Гадно е ама се издржува
НЕ читај! Не се измачувај, слушај си доктори и препушти им се на нив. Најнакрај без нив ништо не можеме. Ќе се спобудалам и јас ако земам да читам за притисокот, ТСХ во вис на почетокот, ниски тромбоцити, бактерии, стресови, димери, скриени шеќери... итн. Во сигурни раце си, верувај им на луѓето. Батали не читај.
Како што ти рекла @DaisyDoo моментално google ти е најголем непријател.Во никој случај немој да читаш рекла казала муабети или незнам какви примери и сведоштва затоа што ништо не е така и ништо не е по книга.Првото дете според Google и докторите наши требаше да ми биде незнам како да речам за да не звучи одвратно,со тешка ретардација,па неспособно за многу работи и незз што.Фала богу ништо од тоа не е точно имам прекрасен препаметен син.Јас како тебе читав читав и паднав во тешка депресија,плачев дење ноќе,не функционирав уште пред време уште пред да си го земам детето во раце,сега со овој памет си викам будало една како си дозволи да потпаднеш така.Тргни се од интернет најлошо нешто е поставување на дијагнози сам од себе и пред време,ќе се убиеш психички а ќе ти требаат нервите за кога ќе се породиш и кога нема беба да спие,па настинки,па кога ќе прооди и ќе ти прави бељи и за во школо,ехеее еден куп мачни и преубави моменти.Биди позитивна животот носи се,не се уништувај на празно пред време чувај се!
Исто ќе речам, не читај ништо на интернет, само слушај доктори и мораш позитивно, бебето го осеќа стресот, се ќе биде добро, сиг ќе ти дадат и некоја терапија, само позитивна мисла дека се ќе биде како што треба, не се измачувај прерано.
Знаеш дека на гугл и главоболка да пишеш ќе испадне тумор дека имаш. Оди си редовно на контроли,примај терапија,слушај доктори и ќе биде се во ред.