Како се поврзани хашимото и ризик од крварење кај мајката? За другово нормално е да си исплашена, ама доктрите си ја знаат работата. Ќе бидеш под надзор и ќе бидете добри, и онака имаш уште малку до крај.
@1209 поддршка и од мене и го делам мислењето со останатите. Пуштам среќа да поминете што полесно, не мора секогаш да значи лошо сценарио @АнаМаријаД кога ќе можеш пиши како помина денес
Да не читаш, да си збориш со доктори. Тоа ти е мој совет. И јас како тебе читав уште пред да останам бремена и 100 прашлници имав. Потоа, на еден преглед кај Бојаџиев, сакав да го прашам нешто, некоја глупост беше ама сакав доктор да ми потврди и баш му реков, сега ќе ве прашам глупаво прашање, ама морам, ме мачи…тогаш тој ми рече, глупаво прашање не постои. Прашај се што те интересира. И му реков ааа па не ја секако си читам, чичко гугл се знае. Е тогаш тој ми рече. Не, нема да читаш. Ќе прашеш. Ние сме учеле, за вие пациентите да прашете. Ако читате се што пишува нема да знаете крајот кај ви е. И од тогаш, да бидам искрена потчитнував ама ќе ми текнеше што ми кажал и прекинував. Во бременост одев кај него со список прашања хахаха. Така да мој совет, не читај, ќе си одиш на доктор, ќе ти даде терапија, ќе те следи. И него ќе го прашаш се што те интересира. Ќе ти објасни тој и верувам ќе се смириш. Ти посскувам се најдобро.
Здраво девојки, бремена сум 5 недела, пред една недела открив, но последните 2-3 дена многу ме чеша вагината, дури не подносливо, дали тоа може да му наштети на бебето? На 15ти сум на контрола, па ме интересира дали некоја се соочила со ваков проблем и како да го смирам барем до другата недела. Благодарам
Одмивај се со сода растворена во вода и со чај од камилица.. ама мислам дека најдобро ти е да не чекаш до другата недела оти па и резултатите од брисевите ќе треба да ѓи чекаш и мн чекање ќе се стори.. а ако имаш некоја бактерија подобро навреме да се лечи..
Напрај брисеви, можно е да имаш некоја инфекција. Во меѓувреме миј се со камилица, сода. Носи памучна долна облека и пиј јогурт, чај од брусница и многу течности, избегнувај благо и тесто.
Од 24 до 28 освен ако не ти речат поинаку докторите.Јас правев 23+ затоа што ми рекоа порано дека бебушка ми е покрупна за две недели.Правев во Синлаб јас,а имаш и Биотек и Авицена сегде по приватниве
Не знам за Хашимотото што врска има ама така ми кажа бабицата, мада рече дека не го сметаат за ризик тоа голем. Фала ви на подршкта жени, на интернет пробав да не читам ама ми го пишува ова и во книгата што ми е за бременоста, како една од посериозни состојби во бременоста па од таму и стравот. Ќе видам со доктор, се надевам барем дека вредностите нема да станат многу високи или дека веќе не се, ќе видиме, бебе си мрда сигурно е добро, се надевам дека и ќе ме проверат на ехо да се уверам дека напредува добро и тоа е, останува да мислам позитивно.
Смеам ли да ставам есенцијално масло од минт во дифузер или инхалатор? Настината сум два дена, ништо не ми помага да се одзатнам. Згора на тоа и на Панцеф сум за хидронефроза, не знам уште што ќе не испоснајде до крај, баш сум емотивна деновиве
Мене ни гестациски дијабет не ме одбегна. Си имам и тоа. Утре сум кај ендокринологот рече да ми објасни убаво и диета ке ми даде. Сега моментално одам кај нефрологот за бубрегот да видиме,и пак бактерија имам некоја денес на резултатот од урина,а во саботата завршив со Панцефот 10дена пиев. Маж ми читал као дека жени што имаат гестациски дијабет се поподложни на бактерии вака ко што си факам јас. Јас не поплдложна него воопшто неможам глава да кренам од бактерии и антибиотици. Сега уште ова ми требаше со гестациски дијабет,ама тоа е. За жал неможе да бираме каква бременост ке имаме. Мислев млада сум супер еве 25 години имам,слаба сум 62кг ке пројдам ко со песна,ама мене нема нешто што не ме фати,не било така. @Giovanna Фала ти што ме помисли ,тек сега пишувам пошто ми беше цел ден лошо од тоа што го испив. Таму издржав не ми беше ништо. Е после коа дојдов дома каснав пола сендвиче и црева истурив од повраќање. Сега сум добра.
Женски, јас се породив. Спонтано во Систина, имав многу лесно и убаво искуство. Да даде Бог сите да дочекате ваква среќа. Фала ви на сите што ми бевте поддршка и споделувавте несебично совети. Се читаме во мајчински
Темава најактивна да прашам нешто, 7ма недела бремена е другарка потврдена срцева акција, веќе 1 недела е болна со покачени леукоцити со болно грло и многу кашлање, за антибиотик е, оди кај мат гинеколог и рекол може да пие сумамед ако се влоши состојбата, денес се напила 1 и сега се мисли да не згреши, некој со сл искуство??
И јас бев со затнат нос од почеток па се до 12 недела. Тоа е за жал честа појава кај бремени и во најголем слелај е заради хормоните. Мене докторот ми даваше само морска/солена вода, но за жал нр ми помагаше. Крајот на прв триместар ми помина.
До толку и е лошо за сумамед??? Па подобро на клиника да одела и да и даделе некоја инфузија да се освежи... Во прв триместар не се препорачува ништо освен парацетамол... Е сега ако е ептен сериозна состојбата сигурно може некој антибиотик ама навистина ако е сериозно. Кај трудници на почеток на бременост паѓа имунитетот и скоро секоја се разболува, јас ко бев трудна, на почеток страшно настинав со ужасни болки во грло и кашлица и со неспиење цела вечер. Ми препорачаа Алпенкрафт сируп и Пантенол пастили. Пиев многу течности, супи и цедени сокови и помина, нема потреба веднаш да се посегнува по антибиотици.