@АнаМаријаД ах бе девојче, се измачи Откако ќе се консултираш со ендокринологот ако сакаш пишувај во темата за дневно мени во бременост, ќе смислиме убави оброци да ти биде позабавна исхраната Има таму девојки со супер идеи што исто така се на диета за гестациски. Јас не сум, ама ми одговара храна со ниски гликемиски вредности па често ми се застапени во секојдневието. @najjacha честитки да сте живи и здрави
Во врска со Алпенкрафт сирупот сега ми го даде специјалистот за уво грло нос а имам сува кашлица и никако да искашлам шлајм па дали помага да го земам Инаку немам болки во грлото само она чувство како да имам нешто во грлото и да не кожам да искашлам
Па ако имаш сува кашлица, нема што да се искашла. Штом ти дал специјалист, пиј го, можеби имаш само такво чувство ко да треба да искашлаш, а реално нема што да се искашла.
Па јас имам сува кашлица цело време ама пропратно со тоа при дишење имам кркорење или некои вибрации во душникот и ми рече дека тоа е најверојатно некој заостанат шлајм, што не ми е јасно како не се слуша ништо кога ме слушаат докторите но добро..
После толку перипетии, се породив и јас. Ќе пишам подетално понатаму за пораѓајот, здрави и живи сме, природно завршив во 40 недела на термин.
Како најлесно ги минете настинките? Пијам шумечи ефералган,прскам Прополис,шмукам Алпенкрафт бомбони, морска вода спреј во нос.. Инхалации сте правеле? Освен Алпенкрафт сируп,што друго ви помага? Се давам во чаеви,супи,салеп.. Не ми се оди по болници, антибиотици ко од шала даваат а не сум за тоа ..
Честитки! Живи, здрави и среќни да сте! Околу Божиќ имав јака настинка или вирус беше не знам. Температура не качив ама бев ненормално многу затната, со болно грло и треска. Правев следно: мнооогу течности (чаеви и супи со лимон и бибер), пастили пантенол, чист лимон голка по голтка, Алпенкрафт сируп, мед со црн бибер, инхалации со физиолошки раствор, парацетамол кога ќе станеше неподносливо, Ц витамин од 2000мг секој ден. Ми помина за 3-4 дена, кашлицата сува малце подолго се задржа и пиев некој ден плус од сирупот само.
Јас пиев сируп, можеш Мукоплант или Алпенкрафт. Инхалации, гаргара, супи, чаеви, овошје. Најубаво оди да те види доктор. Првиот пат јас не се осеќав многу лошо, а испадна мора антибиотик. Пробав без да пијам, многу полошо направив. Па потоа и со антибиотик едвај оздравев. Вториот пат, се осеќав ептен лошо, затната, што да ти кажам, тогаш не требаше антибиотик. Мој совет, нека те види и ќе ти каже што да пиеш.
Мила, сигурно сте во добри раце, ќе знаат докторите како да постапат. Верувај во нив, верувај во тебе и во бебушот. Која недела беше? Знам дечиња што се родени 34та недела, знам има и помали и успеале, ако крај краева ако дојде до тоа предвремено да се породиш. Ќе биде се во ред, сите те гушкаме. Се надевам дека докторот ќе те смири со позитивни мислења и искуства.