Сумамед? Јас не би го пиела на небремена не пак бремена.. татко ми кога имаше запаление на плуча тежок слујач му даваја сумамед и му рекоја ова најтешко се вади од организмот, а ако зе закачи друга бактерија, другите лекови немаат функција заради него, не знам можеби зато што јас сум против антибиотици и за деца и ми е нее никако ама по муабети докторите во Мк препишуваат антибиотици како мастики за џвакање.
Се согласувам. Не сум доктор ама од искуството на маж ми Сумамед не сакам да видам. Болен од корона во 2020та, дур уште беше недоволно позната за нашите ''доктори'', со лесна клиничка слика му дадоа две кутии Сумамед и Панцеф паралелно. До ден денес мака мачи да го исчисти црниот дроб. Во тој момент од страв да не се искомплицира не размисливме рационално, а и нели не сме доктори.
, Не знам за пиење сумамед во прво тромесечие, ама би предложила да се консултира со гинеколог, кога и даваат антибиотик. Јас така правев. Мене еднаш ми препиша општиот антибиотик во трето тромесечие, и бев скептик и не го пиев. Долго бев настината или што и да беше, со кашлање без престан. Кога зборев со гинекологот ми рече веднаш да почнам да го пијам антибиотикот. Сигурно има зашто, не навлегував. Некогаш од што сакаме да избегнеме антибиотик се правиме поголеми доктори од докторите. Штом општиот и кажал да пие антибиотик, може има зашто. Не би било во ред да кажеме да не се пие, зашто може ќе се влоши состојбата па полошо ќе биде. Штом е скептик, нека го извести гинекологот и нека го праше дали е во ред да пие сумамед во таа недела. Јас само сакам да кажам дека антибиотици во бременост се дозволени, има во кое тромесечие кој е дозволен. Па на крај и ние може да се разболиме или закачиме бактерија, и тоа треба да се третира. И посакувам на другарка ти лесна бременост
Какви симптоми имаше? Мене ми беше последно 4,5. Рандом испитав пред неколку месеци и немам од тогаш испитано пак. Не сум бремена ама ме интересира кои би биле симптоми на покачено тсх?
Не можам да сфатам како матичен гинеколог препишува сумамед за настинка? Ко очен доктор да препише терапија за вагинална инфекција. И тоа не помалце, сумамед еј. @najjacha @gothchick честитки, живи и здрави да ви се. @1209 смири се и не гуглај. Најверојатно ќе те стават на почести контроли сега, се ќе биде во ред.
Мешиња повремена болка во долниот дел странично, не е за паника нели ? (Денес некако се "изморив од стоење и седење па сега, кога лежам малку ја чуствувам) се напив магнезиум ама некако ми е иста, не е постојана...
Ама неа матичниот гинеколог и рекол ако и е полошо да пие сумамед... Како одлучил? Ја прегледал гинекологот?!? А и како таа може да одлучи кога навистина треба да земе сумамед? Мислам ко на шала се даваат антибиотици... Се надевам дека еднаш засекогаш ќе сфатиме дека антибиотиците се многу сериозна работа.
Да баш пред 2 дена беше кај гинекологот, гној на грло и кашлање, денес пак крвна слика кај матичен општ и леукоцити уште покачени, му е страв да не спушти на плуќа дека е бактериски и затоа и општиот мат и рекол почни штом ти рекол и гинеколог. После 1 недела сите домашни лекови испробани се влошува состојбата, наместо малку да спуштат леукоцитите тие се креваат Зафрканто е што е прво тромесечие...
Девојки имам едно прашање што чувствувате пред пораѓај имам чувство дека деновиве ке биде до термин уште 7 дена имам и некако како повеќе го осеќам бебето како мали болки имам ме интересира какво е чувството
Во таков случај ми звучи оправдано тоа што е препишан сумамед. Безбеден е за трудници. Со друг антибиотик можеби нема да се излечи, па пак да треба нешто појако. Кога се покачени леукоцити нема зошто да се мисли дали да се даде антибиотик. Сум за природно лечење и јачање имунитет, ама не сме толку здрава нација, воздух чист немаме, храна не.
Прво не знам зашто на веќе дадена терапија се бара дополнително мислење на форум. Ако имате лекари на кои не им верувате, најдете нови. И тоа не еден, двајца, и матичен гинеколог и општ матичен. Понатаму, стварно не сме стручни да се расфрламе со мислења каков лек е сумамедот (или било кој друг) и за што се дава. Ваљда знаат лекарите тоа. Јас испив 4 кутивчиња сумамед во бременост на почеток на 3то тромесечие. Не сум ни прва ни последна. Акутно беше, со инфекција и слаџ. Да не ги испиев којзнае дали уште ќе бев бремена. @АнаМаријаД ете е цела бременост со антибиотик. Не сум да се пијат ко бомбони далеку од тоа ама се неопходни некогаш и малце е глупо тука ние да делиме од ракав мислења дали е добро што се напила или не. Мене во очи ми падна моментот АКО не можеш да издржиш напиј се. Тоа не е лекарско давање терапија за мене. Лекар е да пресече според симптоми и наод и да препише терапија, а не да е на АКО. @gothchick @najjacha Живи и здрави да се бебињата и да ве радуваат само
Моја грешка, јас мислев општиот матичен доктор. Погрешно сум прочитала. Ама тој и рекол ако и е полошо. Не можам да навлегувам што тој мислел, ама па и не можеме да тврдиме дека затоа што и рекол пример пиј сумамед, дека докторите даваат антибиотик на своја рака. Значи ако отишла со крвна слика, и анамнеза дека не е добра, дека има црвено грло, температура и ред други работи, и некоја друга состојба при преглед, што не ја знаеме, може и докторот да даде совет, дека во таква и влошена ситуација, во ред е за таа недела тој и тој антибиотик да се земе, односно дека е безбеден да се пие. Јас баш така и го разбирам кажаното на докторот. Не знам, можеби грешам. На крај пак ќе кажам, ние може да тврдиме дека докторите даваат антибиотик на своја рака. Ама па, не може да тврдиме дека е така во конкретниот случај, само зашто дал сумамед нели. Извини што ти реплицирав, за да дадам мое мислење, ама некако соодветно ми беше тука да пишам. Се надевам не се лутиш
И јас пиев сумамед заради слаџ. И панцеф заради обилно крварење. И на крај и амоксицилин заради гоолема настинка, која повеќе од две недели не поминуваше, со неспиење заради кашлица и на крај влошување на крвната слика. На своја рака не пиев препишан антибиотик, за гинекологот да ме искара и да ми каже веднаш да почнам. Панцефот ми беше даден и превентивно, што се плашев да го пијам. Ми го даде дежурен доктор кај кого прв пат бев. Доктор Иванов. Следниот ден Бојаџиев бидејќи ме водеше, ми објасни дека треба да го пијам, превентивно, зашто ризикот од инфекција заради обилното крварење е голем. На контрола се паднав кај Димчев, кој исто ми рече превентивно обавезно да го пијам. Сакам да кажам ете некогаш и превентивно кога даваат има зошто и да, да се обидеме малку повеќе да им веруваме на докторите Ви посакувам на сите убава вечер
Ама неа и даваат сумамед за да не се спушти на плуќа, не пошо леукоцитите се покачени. Аман од тоа “ќе ти дадам антибиотик за секој случај, да не се спушти на плуќа” . И јас минатата година го поминав ова во МК, ме снајде настинка додека бев на посета, матичната прва работа ми препиша Панцеф за секој случај, да не се спуштело на плуќа. Внука ми секој месец е на антибиотик со истиот изговор, да не се спуштело на плуќа. Па недај Боже да се спушти на плуќа и покрај антибиотикот, со што ќе се лечи тогаш? Јас тука на уринокултура имав бактерија, но вредностите не биле толку високи за антибиотик. И ете седам без никаква терапија. На темава кога прашав членки ми кажаа дека и со некои минимални вредности примаат терапија. Значи општо за секој случај се претерува со користењето антибиотици во МК, мантрата е “за недај Боже”.