@gothchick @najjacha Честитки мајкички да ви се живи и здрави бебињата и многу да ве радуват ,а на вас побрзо закрепнување ❤️
И јас кога имав ковид,матичната од ракав по телефон ми препиша Сумамед. Без ниеден симптом,само позитивен тест во моментот. Беше февруари 2021,а бев доилка. Нормално,по консултација со педијатарот на син ми не ги земав. Баш превентивно,еден од најјаките антибиотици.
Честитки да е жива и здрава Иначе се согласувам дека треба на доктор да се верува, сепак тие те следат и ја гледаат ситуацијата како оди, само прашав некој што пиел прво тромесечие за утеха, оти читала нус појави и се уплашила. @АнаМаријаД со убо да се заврши се, колку си се намачила цела бременост. Не сум доктор ама целосна анестезија не е за потценување ич, оти се ти исклучуват, бремена во никој случај не би се нафатилс, јас во правата бременост имав напади на жолчка од камчиња во неа, првиот пат 5ти месец па со инфузии со спазмекс поминав на итна, вториот пат 6ти месец прејак напад со повраќање од болки и си одлежав Бт на болница пак со инфузии за болки после тоа немав до пораѓај, ми се вратија првиот месец доилка бев, од благото оти само благо јадев тогаш, па се тераше така и ко имаше синко 14 месеци беше врвот ко мислев дека инфаркт добив оти болки имав во градите од жолчката, цела недела напади и тогаш и го одбив синко принудно, па почна корона и запреа операции, конечно лани ја извадив жолчката оти со таква жолчка немаше шанси да одам на 2ра бременост. И така цела бременост со синко во грч ми беше во страв, од почеток до крај, бидејќи пред него имав миссед аб со мртов плод во 9та недела Многу можиме да истрпиме ние жените Јас со мојата несоница
Мене лекар по семејна медицина за двомесечно бебе ми рече - Ќе препишам Цефалексин, ако се влоши, дај му. Крвна слика покажуваше вирус, а она ми даде превентивно антибиотик. Го однесов кај педијатар, рече да не давам туку така, антибиотик нема да помогне во тој случај. Лекариве се Бог да чува. Даваат антибиотици како бонбончиња, за секој случај, превентивно...На моја роднина матичната за детето за вирусен ларингит и дала Алмацин, со образложение - имало шлајмови, па да ги исфрли
@Black girl извинете што се убацувам во муабетот ама ги има и на другата страна на спектарот. Дете со обструкции, бактерија во нос и температура ми рекле да лечам со сируп против алергии или па инхалации до бесвест да неможе до здив да дојде од искашлување. Никако антибиотици од ракав но и да го измачувам и гледам дека му е се полошо не оправдувам. Конкретно бактеријата беше опасна и за него и за мене бидејќи бев во рана бременост. Кај него се среди по три недели јас ја издржав на нога најлош период со гадењето.
Devojki, imam upat za JZU Institut za javno zdravje, ako moze za pomos kade tocno se naoga bidejki ne sum od Skopje?
@Teja26 Да е живо и здраво бебе и да ве радува @АнаМаријаД Јас со целосна анестезија бев кога ми ставија серклаж. Како и сите останати трудници верувам на кои им ставале. Така што не е страшна анестезијата сама по себе ако и претходно не си имала никакви нус појави од анестезија. За флостеронот, јас ги примив и освен што бебе забави со движења а мене навечер ми беше претопло и се препотував (што може и од хормони да е не од флостеронот) друго ништо немав. Држам среќа се да биде добро, да го издржиш периодов и здраво бебе да се гушнеш уште малку
Се извинувам можи грешам, таа целосна не е иста како овие генерални целосни за операции, со целосна бев во Плодност за киретажата, ми ставија маска, заспав и се разбудив одма ко ништо да не било, за 2 сати дома си појдов свежа, целосна анестезија за операцијата беше друга, не смејш да јадиш претходниот ден посе 18ч, не смејш да пијаш ништо после 22ч се до операцијата, операцијата е со интуиција со туба со грло, машината диши за тебе, тебе цел мозок ти е исклучен, те разбудуваат, лежиш 1 сат во др соба, незнајаш кај си, пак не смејш ништо ни јадење ни вода до вечерта, те стануваат другиот ден, малку подетално објаснето бидејќи 2те ги доживеав на своја кожа, имам и 3та спинална од царскиот сите можни анестезии ги имам поминато.
Не сум анестезиолог и не знам што да кажам. Кажав за мое искуство. Целосни анестезии каде сум одела на интервенции гладна жедна, после интервенција сум седела на интензивна и до вечерта не ми давале да јадам, сум имала 3. Сите за гинеколошки интервенции. Дали е исто или различно не сум прашала. Последната за серклажот ми рекоа дека е целосно безбедна и за мене и за бебето. Ако си одлучи да стави стент @АнаМаријаД треба да си се исконсултира со докторот.
Како што прочитав и таа студира медицина, сиг е запознаена.. Не сум ни јас стручна само кажав мое искуство, лично со анестезии.
мешиња со што средивте хемоглобин тие што имавте проблем 27ма сум и од 17та пијам Фоливит Феро ( со првата бременост ми делуваше) ама не делува сега 10.2 ми е хгб кажете што ви има највеќе помогнато
Хелоу мешиња Ме немаше долго, телефонот крш Честитки на сите нови мами, само убавини со бебушки Влегов во 9ти, 36+2, бебе супер, мајка веќе не брои денови, само се спремаме и чекаме Цтг два пати неделно имам, се до 38ма Ќе закажеме царски во 38ма, ама ко да се мислам што да напраам да ме фатат болки нешто порано па да одам да завршам работа, да не ми се враќаат нозе на закажано ако има нешто што да напраам, а додуша не знам ни што да очекувам, со првото ни болка видов ни водењак пукнат знам што е, бев директно на царски ... Од ко влегов сега во 9ти и поокеј се осеќам, претходно ко претепана бев, не можев ни да одам ни ништо Не фати и вирус сосе бактерија, изгоре малава од температура, исто и јас, заработивме и антибиотик да си кажам, кога веќе за тоа се муабети, мене ми беше даден Оспен, имав и опструкции на плуќа, цела недела катастрофално беше, не знам што период е ова, сите се болни и околу мене, здрав човек нема Поарно сега што го минавме отколку со мало бебе, се тешам и тоа.. Нека сме живи и здрави само, ама ми е панично малку како ќе се снаоѓам со две дечиња Еден ден пукам од самодоверба дека ќе успеам и се ќе е ок, друг ден ми иде да се сокријам некаде Тоа е тоа мајки од мене, галете мешиња, уживајте, и пазете се од настинки аман, полно е
@gothchick @najjacha @Teja26 Честиткии да ви се здрави и живи бебушите исто и вие и побрзо закрепнување