Ох леле и ти си се изнамачила баш.. Ама ајде не е секоја бременост иста дури и кај иста жена. Сега нека ти биде до крај лесно ко песна
Јас не сум примала до сега анестезија никаква освен локална,а и многу ми е страв од тоа. Еве пре би да идеме на тоа да примам Флостерон и да боцкам инсулин некое време отколку да легнам и да ме успијат.. Ама како ке одлучат докторите така. Еве денес сум кај ендокринологот па да видам и она што ке каже,и на крај ке се чујам со докторот што ке ме пораѓа и неговото ке биде последно,како ке рече он така ке направиме.
Фала ти многу Да видам со ендокринологот денес што ке каже она,па ке решат што понатаму. Ти посакувам оваа бременост да ти е лесна до крај
Да, апликацииве прават малку збунка не бројат сите исто. Ама дека на неколку наврати ми се поклопи со докторот си ја земав за релевантна. Технички со 31+ веќе се раситнува 32 недела и правилно е да се каже дека уствари си 32, ама реално ако не рачунаат сите така може повеќе да се збуни човек. Плус еден месец бил со 4, другиот со 5 недели...престанав веќе да ја барам логиката Затоа што викаш, најубаво кажи си точно недели и денови, па кој сака нека рачуна
Не рекоа ништо ама како што читав не е зависно од исхраната или нешто што правам или не правам, најверојатно е поради покачен прогестерон во трет триместар и црниот дроб не може да работи со тоа темпо, јас со прогестерон и предходно имав проблем, имав како некоја алергија на него, поточно кога добивав менструација секогаш имав алергиска реакција неколку дена па по многу испитувања ми рекоа дека е реакција на организмот на покачен прогестерон, не мислев дека ќе ми направи проблем сега оти спомнав на почетокот и рекоа дека нема врска, ама ете може имало.
Девојки 23+ сум ама некако не го осеќам бебето често....како е кај вас?Како беше со постелка преден,заден зид,има правило?
Во прва бременост постелка ми беше на преден и подоцна го осетив, а и ретко во тие недели. Сега ми е на заден ѕид и ја осетив многу порано, а и во овие недели ептен често и силно. 22+2 сум
Мислам дека нема потреба да се секираш, кај секоја се различни чувството, интензитетот и честотата. Нормално е во тие недели да не е силно, ќе се засилува со тек на време.
која недела си? кој ти ја води бременоста? каде планираш за пораѓај? во Велешката болница? јас сум 20+2 . кај Весна Маркова одам јас.
Јас тука досега не сум добила никогаш антибиотик, а ги имам истите состојби за кои во МК матичната од врата ми препишуваше Амоксиклав. Верувај дека како дете сум поминала многу, од такво превентивно давање антибиотици за секој случај, завршував на неколку секвенционални терапии инекции и на крај инфузии. Обична настинка ја лечев по три месеци. И сега заради таквиот пристап ми остануваат како опции Сумамед, Панцеф и Оспен. Верувам дека секој е различна приказна и во идеални услови треба крајниот збор да е стручна проценка од доктор, но од оваа гледна точка добивам импресија дека докторите во МК сакаат да се заштитат па затоа се препишуваат антибиотици од ракав. Додуша и голем број од пациентите си бараат антибиотик сами како терапија. Да, верувам дека тука повеќе се гледа на cost-benefit односот отколку во МК, но не би рекла дека се штеди. Кој е во право не знам, но ако се осврнеме на бројките, секогаш постои статистика околу тоа кое лечење носи подобри резултати на крај. Тука и со таква "политика на штедење" испаѓа дека е подобро, кога ќе се споредат многу параметри. Да не навлегувам во темава, дискутирана е многу пати. Само ме запрепастува фактот што скоро секоја од другарките трудници во МК пиела сумамед за инфекции/настинки по препорака од матичниот гинеколог, без консултација со матичен доктор или специјалист. Без брис, без крвни слики. А по мислењата на форумов испаѓа дека е некој тренд, не знам.
Јас па освен случаи кај што е откриена бактерија и/или инфекција од страна на гинеколог не сум слушнала некој од онака да препише нешто на трудница. Пак ќе речам си зависи од докторот. Е сега матичните општи се приказна за себе, таму не навлагам. Мене без крвна слика и брис од уста/нос антибиотик не ми препишале. Додуша и 5 пати у живот имам пиено антибиотик за среќа. А баш имаше и тука доста случаеви на трудници што ги мачеа буквално до последно пред да им дадат нешто да се напијат и апла да им се влоши состојбата. Многу често пишуваат членки на форумов дека во некои земји ни до крвна слика не можат да стигнат. Ни едната, ни другата крајност не е добра.
Zdravo devojki segasni i idni majki imqm edno prasanje bi sakala sovet znam deka ne e preporaclivo , trudna sum 21 nedela.Bi sakale vikendot da bideme vo hotel so spa [bazent].Toplite vodi i dzakuzi znam deka ne e preporaclivo.No ako temp na bazentot e normalna dali moze da se vleze sekako na kratko???bi sakala iskustva od vas i sovet blagodaram
Во базен не се препорачува бањање за бремени поради можност од бактерии. Без разлика на температурата на водата.
И јас не би ризикувала... седи си мирна кога ти е мирна главата.. и мажми со децата оди на спа ама јас дома си седев си велам што ќе одам кога треба само да гледам а дечките баш сака да одат па немаше потреба заради мене да им се ускратува..па мене ми беше мирна главата дома сама