Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.755
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Фала за сугестијата, не ми текнало. Иначе и јас така мислам по некоја логика. И од таа причина ми е страв ако цица да давам паралелно и шише, да не се одбие од цицање. Ама ајде да не планирам премногу, не оди сѐ по план. Живи, здрави како ќе доаѓа така ќе се снаоѓаме.
     
    На Снегулк@23 и 0ли им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Не се користи ако е на екслузивно доење, вода и чај нели не се даваат, нема потреба. Доените бебиња најчесто после не прифаќаат обични шишиња и не знаат да влечат, јас на мојата и давав вода со тие со цевка што се, не пиеше ништо до 6 месеци.
     
    На lackygirl, Bella_Stella, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Камо јас во првата бременост да почнев да ја читам темата, да ми текнеше. Сите ги читав, само таа не.
    Многу подобро ќе се снајдев уште во болница каде што никој нешто посебно не се потруди да ми помогне. После се убив додека малку го вратив млекото, па комбинирано бевме со ад до 9 месеци. Но секогаш прво на града да цица, па да се донајаде со ад.
    Затоа и сакав да ви препорачам со време да си читкате таму, многу добра тема е и многу ми помогнаа тогаш таму.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Најчесто е така, има случаеви нели што бебето не се одбило заради шише, но повеќето се одлучуваат за едно, а најчесто за полесната варијанта да се најјаде за 2-3 минити без многу напор. Треба да се прати бебето дали е помрзливо, ако му одговара шишето повеќе, голема е вароватноста да одбива града. Исто така кога имаат грчеви или градите се нели преполни, одбиваат, ноо упорност колку и да мава на психа на почеток и е напорно, на крај се ужива. Собирај те информации, има мислам и книги или видеа/курсеви за успешно доење, мноогу е подобро да се знае се однапред, кога да се менуваат позициите, кога да се става на различни гради, кога да се доизмолзува.. јас не бев подготвена на почеток ама не ни слушав коментари од страна ( стариве викаат немаш млеко дај Ад оти плаче) си терав по мое, видов дека бебе напредува по кг на контролите и тоа беше доволно да знам дека имам млеко и не треба да посегнувам по шише.
     
    На lackygirl, Bella_Stella, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.755
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    @0ли @Bubish26 се согласувам целосно, едукација и упорност мислам дека се клучни. Јас се едуцирам претежно со видеа на јутуб, ама ќе почнам и да читам. Слушам и искуства од познанички, ама најчесто ги примам со резерва. Ова од причина што во опкружувањето имам различни примери. Мајки со успешни доечки приказни кои ме охрабруваат, а и такви кои викаат дека раат било да е на АД, претпоставувам ради тоа што не успеале да се снајдат со доењето.
    Никого не осудувам, секој си има право на избор за свое дете. Од оваа перспектива имам огромна желба да дојам и ќе се потрудам да бидам упорна и да успеам во тоа.
     
    На Lili90 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Штом имаш желба, ти посакувам успешно доење и долг доенечки стаж :inlove:
    Браво за тоа што се едуцираш.

    Секој си одлучува за себе, и јас не осудувам никого, но добро е најпрвин да биде човек информиран за сè околу доење, па после да си реши што ќе прави.
     
    На Lavica2602, Bella_Stella, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Моето бебе на почеток тешко цицаше, на почеток немаше сила да трга и не напредуваше првите неколку дена после испис. Имав шише, имав пумпа и среќа што бев опремена за да не паничам дополнително во тие моменти. Освен што давав да цица, молзев и давав да јаде од шише, особено ноќе кога беше успан и немаше шанса да тргне повеќе од 2-3 пати од града. На овој начин за 10 дена напредна 500гр и никогаш не се одби од цицање. Сакам да кажам дека убаво е да се има план Б и да си опремен затоа што првиот месец е најтежок:)
     
    На Sofi.ja и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , јас би ти препорачала да имаш со тебе макар и рачна пумпа во болница, доколку не се пораѓаш во приватна болница па веќе да има таму.

    Како неуспешна приказна со доење можеби тоа ми е грешка, што со мене немав, а во државна болница каде што се породив немаше таква опција.

    Јас искрено и бев лабава по тоа прашање дали ќе цица или не ама со бебе кое беше во опасност да падне под 2кг и не смеев да го "мачам" на некој начин и да ризикувам да губи тежина додека се научи на доење, посигурна опција ни беше шише. Пробавме и опција молзење, па дохрана остатокот од времето. Успевав да извадам по 20-30мл во цел ден, сега ни толку.

    Дали ми е жал што не цица - до некаде да. На почеток најмногу осудувачките погледи на домашните пред се ми сметаа, како јас не се трудам, како ќе давам огромни суми за млеко во месец итн. Сега веќе ми е небитно. Битно ми е бебе да не е гладно и да напредува.

    Во секој случај пробај се секако.
     
    На Rtulka, Bella_Stella, AniSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    јас имам ваква од али екс нарачана и е супер ама сите се со различен квалитет
     
    На sweet.woman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Искуство од првата бременост. Беше на ексклузивно доење до 6 месеци, меѓутоа од втор месец давав водичка во шишенце. Нормално не од чешма. Јас сум строго против НЕ давање на вода, погово ако се роди н 42 степени како моето детуле :) секој индивидуално. Прифати цуцла од сам старт, си цицаше до година, сега си пие од чашка и гајле нема :)
     
    На Rtulka, Снегулк@23 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ме интересира зошто си против недавање вода? Јас немам искуство но по се што прочитав, и на сите предавања на кои бев се напоменува да не се дава вода до 6 месеци за да не се наруши електролитниот систем. Наводно сите потреби за жед се задоволени со млекото (без разлика дали е мајчино или ад).Ме интересира мислење од спротивната страна, чисто информативно. Јас немам искуство но не планирам да давам вода, со информациите што ги имам сега.
     
    На Tiny Love, 1209 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.224
    Допаѓања:
    26.248
    Пол:
    Женски
    Млекото гаси зед и глад. Бебето не е жељно за вода ако е 40 степени или 10 степени. Главен орган кој ги регулира течностите е нели бубрегот кој и не е доволно развиен во раните месеци и не му е потребно додатно оптеретување. Млекото освен што има хранливи и заштитни материјали, содржи вода онолку колку што му е потребно на бебето ама секој со различни мислења. Ова ми е кажано од педијатар и верувам дека знае повеќе од бабите кои се убедени дека бебињата се жедни и плачат за вода или чај.
     
    На DoubleK, CareTee, *malenavolena*87 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Женички првпат ми дадоа утрогестан бидејќи имав кафеав исцедок ( од преоптовареност на работа бидејќи дента кревав тешки работи и буткав сама сум 7+6 недели) кажете ми како ги дтавате апчињава овде пишува со тој сприцот како за канестен? дали продаваат во аптека такво нешто или со рака? Не ми е јасно малце прв пат ставам ова
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    И јас ставав на почетокот, не сум купувала апликатор ставав со рака. Нема некоја потреба од апликатор само многу важно пред ставање убаво миење и дезинфицирање раце заради бактерии.

    Добро вечер од мене :hai:
    Ме нема да пишам ништо цела недела, веќе сум 28+2 и официјално 7месец. Бебе мрда веќе доста посилно, вчера толку многу се буткаше што мислам дека повторно е свртена со главчето надоле. Веќе не чувствувам удари во бешика туку во горен дек околу папок и претежно лево.
    Меше расте, ми се чини дека за последнава недела нагло како да ми порасна. Јас ако сум поактивна (како што сум обично за викенд) се осеќам како да сум копала а не да сум шетала. Сега се напив б6 и магнезиум, чекам да заспие ќерка и да си се испружам да одмарам.

    Зборувате за шишенца, јас ако ви се верува првиот пат немав ни една кутија млеко за секој случај дома. Не знам кај ни беше паметот ама па среќа никогаш не ни затреба. Тогаш имав едно шишенце Медела како рачната пумпа, ама неќеше ни да проба од него (никогаш не прифати ни цуцла). Сега имам едно што ни го дадоа на подарок во некоја продавница на Нук антиколик, ама се мислам да земам или Bibs стаклено или Dr. Brown или Lansinoh. За тие имам читано доста добри искуства. Во болница памтам имаше Авент стаклени и тие не беа лоши.
    Вода или чаеви до 6м не сум давала ни јас, бебето ми се роди во август и температурата надвор нема никаква врска со доено бебе и вода. Напротив совет уште од болница беше дека не се дава.
     
    На DoubleK, *malenavolena*87, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Утрогестанот се става со рака,не со апликатор. Со чисти раце ќе го ставиш што подлабоко во вагината.
     
    На Marsic и AniSk им се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.252
    Допаѓања:
    24.706
    Пол:
    Женски
    И јас со иста мака од вчера, розево на бришење сношти, сабајле пак, се јавив кај матичен ми рече дирек на болница, отидовме Бт на болница, 11+5 дена, бебе одговора точно на неделите, срце си чука нормално, меѓутоа не ме виде вагинално, не го виде грлото на матката, хематом нема, ми даде утрогестан и магнезиум и ако имам поќе крварење да се вратам пак, денес цел ден лежам и еднаш имам на тоалетна на бришење розево еднаш немам.
    Му се јавив на матичниот му кажав се и ми рече да земам добростон, исто е прогестерон, само што тие не давале вртоглавици како утрогестанот ако се пие, па го послушав матичниот, 2 пати по 2 апчиња денот и понеделник на контрола кај матичен. Јас се преплашив, се изнервирав многу, ама битно бебево се развива, го видовме мрдаше :l:
    Плус од нерва глава цел ден ме боли :(
    Му викам зошто тогаш вака, не ми кажа..
     
    Последна измена: 11 февруари 2023
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Јас имам слично искуство со моето.
    Беше мрзливо бебе и во првите 10 дена споро напредуваше. По совет од педијатарот се одмолзував и со шише му додавав после секое цицање. Ноќе само од шише пиеше,од што беше мрзливко. Така теравме до кај 40 дена,после повремено знаев да му понудам шише,особено ако бевме некаде излезени ми се наоѓаше.
    Шишето го купив пред да се породам Авент стаклено мало. Без проблем цицаше до 20 месеци(не се откажа ради шишето). Си прифати и цуцла лажливка. Потоа му давав и шише со клунче,па некапечка чаша, шише со цефка.
    Така што мој совет да си имате дома едно шишенце.
    Млеко АД имав купено за секој случај и го фрлив по 6м му помина рокот.


    Денес чувствувам некоја болка во овој дел од стомакот.
    Дали е болка од некој орган или притисок од што се поместуваат органите ради бебчето?
    Имал ли некој слично искуство?
    Screenshot_20230211_233433_Chrome.jpg
     
    На Giovanna, Lavender13 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  18. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    На покачено ЦРП и гранулоцити се дава антибиотик обавезно,укажува на некаква бактериска инфекција. Јас сум моментално исто со високо ЦРП и гранулоцити,исто пијам Цефалексин 2 пати по две од 500мг.

    Пред некој ден не ми беше толку високо ЦРП ама битно беше покачено и гранулоцитите исто,за еден ден се се смени додека не пиев антибиотик и еве со температури сум три дена.
    Кај мене е уринарна инфекција,ама не е битно каде е инфекцијата,треба да се лечи,не се оставај така испи си Цефалексин.

    Мене ми е 6ти пат ова како пијам антибиотик од кога сум бремена,а сум 28+5денес.
     
    На КокичеСк, Bella_Stella, missswety и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. VikiVioleta$123

    VikiVioleta$123 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2022
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Девојки јас сум 35+4 моментално и последниве два дена бебушот е премногу активен. Нели последните недели помалку се осеќа? Мене ме растури од мавање и тоа скоро по цел ден. Се надевам нормално е ова...?
     
  20. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    1.198
    Пол:
    Женски
    38+4 vekje, vcera bebeto premnogu aktivno glava me bolese cel den nekoe cudno custvo i eve sega vo 2h na brisenje ligavo so krv pocnal cepot da pagja, glava uste me boli, stomakot epten minimalna menstrualna bolka 10 dena do termin me faka strav da probam da zaspijam
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.