Здраво Бидејќи никој не ме одговори во тема Доење, да пробам тука. Која постапка ја користите во однос на стерилизација и како оди етапно (чисто да се осигурам)? Дали користите стара школа или нова школа? Доколку е нова, кој стерилизатор со прифатлива цена си ја врши својата работа? И, какви шишиња се подобри. Стаклени или пластични?
Стерилизатор користев, на Чико го имам и супер е. Ама мислам дека кој и да го земеш, на ист принцип се и си вршат работа. Секогаш сум за стаклено шише.
Од каде го купивте и дали може слика да видам каков е Тоа значи понатака и за цел прибор би можела да го користам стерилизаторот?
Јас го купив пред 3 години, гледам малку поинаку изгледа сега новиот, но сличен е. Види тука. Поскапи се овие, види по другиве продавници за поевтин. Сè стерилизирав во него. Лажички, шишиња, цуцли. Само не ставав вода од чешма за да не ми се прави бигор, користев од шише. Иако и со обична може, само почесто се чисти од бигор.
Машина за садови, имаме ние опција и за шишиња, па во неа си ставам јас се. Ако имаш, нема потреба од фрлање пари. Стаклени се подобри иначе, цуцлата си се менува често.
Чим немаш јаки болки спи, одмори, ти треба одмор. И да заспиеш, ако пукне водењак или фатат болки нема шанса да не осетиш.
@Bubish26 @Starchild Дали после секое измолзување треба да ги стерилизирам? Или пак на крај од денот или пак еднаш неделно?
Јас немам стерилизатор, меѓутоа имаме неколку шишенца бидејќи е на адаптирано. После секое хранење, го чистам шишето со жешка вода и бебешки сјај. И еднаш или двапати во ден зависи колку ќе имаме потреба ги ставам во тенџере со жешка вода да зовријат 5 минути. Не сме размислувале за стерилизатор меѓутоа можеби и ние ќе треба да брзо да земиме. Шишиња имаме стаклени. @Cence
Користам стерилизатор, мојот е на Chicco околу 3000 денари е купен. Бидејќи праша како оди етапно, прво ги мијам шишињата и цуцлите со жешка вода и бебешки Фрош сјај и така чисти ги редам во стерилизаторот. Ставам вода во стерилизаторот (само не од чешма за да не се прави бигор), го пуштам стерилизаторот и за 10 минути се готови.
@Miss_S @Iris-1234 @0ли @Bubish26 @Starchild Ви благодарам за одговорите Сега имам уште едно прашање Новите бебешки работи на која програма и колку степени ги перете? На мојата машина бидејќи е постара, немам бебешки програм Некои ми рекоа на 60°. Но незнам дали постои ризик да се намалат дека се ептен нови или да ги пуштам прво на помал степен па да ги преперам на поголем степен? Ќе користам бебешки течен персил. Омекнувач користите или не? Ми го препорачаа силан бебешкиот со дополнително плакнење доколку користам омекнувач. После перење сите работи ги пеглате? Претпоставувам се става обична дестилирана вода во пеглата и на која јачина ги пеглате, на макс?
Јас на 40 перам се, на 90 после кога ќе има некоја флека. Исто ги плавам уште еднаш. Пеглам секогаш и убаво ми е кога ми е се спремно само да преслечам оти губење на бреме е да вадам алишта, пеглам, па ставам. Реално новороденче знае да се преслече повеќе пати на ден, што ради кака, што ради повраќање. Иначе праша колку често, па јас не и давав од шише и за бебенце не знам ама сега и ги ставам во машина на вечер. Не сум човек што е за стелиризација на играчки пример нон стоп, да не се фаќа гнасно или да не става нешто во уста ако паднало. Не сме имале до сега проблем со бактерии и мислам дека е повеќе одпорна ради тоа. Како што сме јаделе ние сендвич надвор кроз игра со гнасни раце, така и она ќе си апне сама без да користам гелови или да не и дозволувам.
На 40 степени со 3 плакнења ги перам бебешките работи. Користам Персил сензитив. Досега не користев омекнувач, на почеток не е препорачливо да се користи заради ризик од алергии. Малиот за 10 дена ќе прави 3 месеци и тек сега ќе почнам со малце омекнувач и ќе користам Фрош бебешки Сите негови алишта и крпи ги пеглам. Јас го имам парниот генератор на Philips (користам дестилирана вода) и таму нема одредување на степени, туку автоматски си се прилагодува топлината според материјалот што го пеглаш, па затоа не би можела да ти кажам на која температура ги пеглам.
Јас стерилизирав пред секоја употреба. Нови мислам дека на 30 ги перев, а потоа на 40. На бебешка програма не сум пуштала. Прашок користам од самиот почеток Ариел сензитив течен и не го менувам. Додуша, многу години со истиот перам и за нас, па за сите го користам. За бебе не ставам омекнувач, дури ни сега кога има речиси 3 години. Пеглав сè додека беше бебе, после веќе престанав кога потпорасна. Со дестилирана вода во пегла за да не фаќа бигор и на температура за памук.
@Cence , скроз нови необлечени на 30, максимум 40, со двојно плакнење има кај мене опција. Сега со флеки, прво на флеката ставам фрош средство, да постои, па го плакнам тоа рачно по неколку часа, и во зависност од типот на алишта на 40 или 60 степени. Не знам дали е до машината, постара е кај мене или до прашокот ама со Персил сензитив воопшто не ми излегуваат меки. Омекнувач засега не ставам.
Јас конкретно одам кај Сајковски во систина и му верувам на докторот. Според него воопшто не е лошо да се дава вода и покрај тоа што е на ексклузивно доење и да не беше Сајковски секако ќе дадев, порано нити знаеле дека не треба да се дава, нити ништо... не само вода, лимони ни давале Секој индивидиулно со свoе размислување. Секако детето ќе порасне и со вода и без вода, и на ад и на мајчино, битно да е задоволено живо и здраво
Мешиња 36+ не ми се верува дека издржав до тука Сега ако сака може да излегува Доле ниско ептен осеќам повремени болки тоа кога се движам кога мирувам не. Знам дека веќе и нормално е ама не би знаела како да разликувам вистински болки
Што убаво и јас едвај ја чекам 36+ да ослободам душа малку... мене ми е 4та бременост па сеуште не разликувам тоа мислам инстиктивно ќе си дојде.. сега кога имам јако стврднување си велам леле можеби ќе се раѓа, дали од страв незз можеби кога ќе стигнам 36+ нема да бакарам ни бракстон
Се тешам со тоа што треба нели и половина да боли па си мислам ајде можеби лошо е наместено бебе па затоа боли Ќе стигнете сите до 36та дури јас мислам дека ние што со душа ја чекавме 36та ќе тераме до 40та