Мене овие неколку дена ми се многу тешко, бебе е активно ама имам и многу лажни контракции, плус некоја тапа болка од некој лигамент. Чешањето сега на сабајле највеќе го осеќам, додека стигнам на работа мислам дека ќе полудам, после се смирува, повремено ноќно време осеќам и мачнини во желудникот па одам во вц и кмам дијареа, ама мислам дека е од појачана доза магнезиум. Се молам и јас барем 36 да стасам па после дали до провокации дали природно нека излезе бебе ич нема да се жалам.
Дали се нормални болки долу ниско во 34+5? Дали се од тежината на бебето? Воопшто не осеќав никаква тежина и немав проблем до вчера.
Од магнезиумот и јас имав дијареа сигурно од тоа ти е. Болките исто прв пат почнаа во 34та и еве сега пак се надевам ќе издржи уште некој ден …
Извини касно враќам другите ти пишале веќе.Јас за жал не молзев не доев со првото се надевам сега ќе можам така што немам искуство од таа страна,а за шишенца после употреба ги премивав со жешка вода бебешки сјај а ги ставав навечер или секоја втора вечер а кога не ми се пушташе машина ги превривав во тенџере со вода ко што ти рекла мисс.За перење перев на 40°С без омекнувач на обична програма,подоцна кога почна со јадење на 40,60,90 зависи какви алишта и какви флеки.Пеглав до 8 месеци после не.
Девојче студент на медицина, иден доктор за бактерија да кажеш дека ќе стане имуна е апсурд, те молам користи резистент, второ уво те боли амоксиклавче, грло амоксиклавче, трето тоа е антибиотик според тебе од ракав треснат ?
Може е она студент на медицина ама ние сме лаици па за нас имуна е сосема во ред, ако сакаш некој да ти користи резистентна, разговарај надвор од форум со стручно лице и користи стручни поими. Што и се нафарли така агресивно не ми е јасно, таа сподели нејзино искуство кое е доста комплицирано, не знам што те дирна толку.
Јас не стерилизирам мила, ги мијам со сјај и топла вода, и иако се подобри стаклените шишиња јас веќе имав добиено 2 пластични на Авент па испаднаа топ инаку само цуцли менувам
За почеток испери ги на помала температура тие што се нови јас на 30 ги исправ а ако имаш постари, бели на 90, шарени на 40...и јас ги пеглам сите бебешки алиштенца а веќе сме 6+++
Ништо. Првиот пат земав два пати парацетамол за над 39. Многу пиев чај од јаболко, орев и кромид. Вториот пат никакво апче не земав. Само чај. Сепак не знам кај тебе како е. Мене плуќата ми беше чиста. Ќе помине брзо, не е како што беше. Јас вкупно 3 пати имам прележано, 2 пати во бременост. Секој сој го фатив
баш ексклузивното доење е без вода и без било што друго чајчиња и сл ....малата ми беше на ваков тип на ексклузивно до полни 6 веќе влезена во 7ми немаше сосема никаква потреба од вода почетните денови додека научи посилно да цица беше цицањето почесто потоа и подоите си ги регулираше сама во ниеден момент не фали ништо доколку си на ексклузивно доење и не нема и на 40 надвор бебето да прегрее затоа што секогаш кога ке е гладно или жедно ке цица .....тоа е мое мислење и искуство а и научно поддржано
Што си се возбудила толку не ми е јасно. Прво ова е форум како сакам ке напишам,не се сите доктори овде па да земам стручни називи медицински да користам за се нешто,па пола нема да разберат што зборам. Да,треснат од ракав е антибиотик така даден како што кажав,како тоа да даде антибиотик без испитана крвна слика,без антибиограм? Не секоја болка доаѓа од бактерија,или бактериска инфекција.А бактерија се лечи со антибиотик. Ако е вирус во прашање што дал такви симптоми со болки во грло и.т.н,за што служи антибиотикот? За да го спушти и така уништениот имунитет и вирусот да нападне уште појако. Е за тоа реков дека се од рака треснати,дадени без крвна слика проверена. Ова е форум и може секој да си го каже мислењето ама немој да се понашаш дрско,пошто немам намера да се објаснувам со тебе,а ни никој. Кој требаше да сфати,сфати.
Епа мешиња овие денови турбо чистење,перење ,пеглање и конечно е се спремно за беба, постелнина наместена е сега со Господ напред ќе го чекаме само денот да дојде на свет,бидејки постелката ми е малце позрела за неделите има шанси да одиме со провокација,како и да е само се да биде како што треба 37+4 денес.
јас за малечката користев чикко персил сензитив течен без дпдавање на омекнувач до негде 6 месеци и перев на бебе програм потоа почнав да ставам омекнувач на чико ( предобар е ) и да перам на 60 за пеглање како и се друго што пеглам така и нејзините со пегла на пареа мојата работи само со обична вода