Од кога почнавте да броите движења? И како? Постои некој начин што го преферираат докторите, или? 29+ сум јас, мислам не е рано.
Јас искрено не бројам, ама си имам патерн некој кој ми е познат и ако осетам дека нешто е сменето ќе реагирам. Некако моево се движи многу различно, дамо менува, пример два дена ќе е многу активен, после еден ден ќе е мирен и ќе се движи онака колку да се јави дека е тука, па после пак неколку дена активност, ја прашав бабицата за ова и ми вика дека секое бебе си има ритам па подобро да си го фатам него отколку да се оптеретувам со броење постојано. Рече само ако ептен не го осетам да легнам на страна или како највеќе мрдало предходно и да бројам околу 10 мрдања во еден саат. Како што читав битно е во две етапи од денот да го осетиме минимум 10тина пати во саат, значи тогаш се е во ред.
Лично јас никогаш не ги бројам движењата. Во првата бременост, пред 7 години, искрено немав чуено дека се бројат, и среќа, зошто ќерка ми толку нежно клоцаше и баш ретко. Единствено многу икаше. Сега пак бебето е многу активно, и ми го поместува цел стомак. Затоа еднаш се испаничив, кога два дена беше потсмирено. Ама за броење не бројам
Имаш kick counter на повеќето апликации за следење бременост. Јас лично не бројам, а мислам препораките се од 28+ да се почне. Го осеќам баш често и различно во последниве 3-4 недели и не чувствувам потреба да бројам. Мислам дека и без броење би осетила ако нешто отстапува недај Боже.
Ic ne i odgovaraj, vakvi komentari ne zasluzuvaat vnimanie mila. Od nigde i nikade se pojavi i se fati za tvojot komentar kako se imas izrazeno. Site si razbravme ti sto sakase da kazes.
Бела, желбата е најбитна. Моето искуство е такво што јас бев решена да дојам и немав план б. Немав шише купено ниту ад. Ни за првото ни за второто. Доењето си бара упорност и целосно и апсолутно ставање на града. Исцрпувачки, ама одлука лична е. И со двете доев екслузивно 6 месеци. Значи без вода, чај ни на крај памет тоа е уште поголема глупост. Она што треба да го знаете е дека нема слабо и јако млеко. Може да имаш или немаш или послабо да имаш кое со правилна стимулација се воспоставува лактација многу брзо. Првичното млеко е поводлесто и треба да ја задоволи потребата за вода, потоа доаѓа погустото односно покалоричното млеко што е всушност похранливо. Ако молзиш ќе си приметиш. Млекото се менува според потребата на бебето од утро до вечер, од месец до месец и се прилагодува на потребите на самото бебе. Јас на 50 степени родив па не дадов вода. Со водичка и чајче на недоволно развиени бубрези може само штета да се направи. Околу шишињата попрактично е пластично. Стаклено ќе врши работа на почеток до втор трет месец, потоа бебле само ќе го држи шишето, а стаклено ќе му биде тешко. Се извинувам што улетав, сакав само да дадам поддршка. Бројче како си ти? @1209 баш ми е мило што те читам во темава, одамна те немав сретнато низ форумов.
здраво мајки, сакам да прашам искуства кај тие што имале прв пораѓај предвреме ( добро кај мене беше 36 само што влегов и се породив, но отворена од 33 недела и со омекнато грло ) ептен ми е страв да се нафатам за второ, кога,што, како... дали ке е и второто така... па би сакала искуства кај тие што имале прво предвреме па со второ како поминале... и друго прашање што ќе ми понудите за еден добар преглед пред зачнување кај кого? Ми паѓа на памет органџиски како најблиску што ми е ....
Подполно се слагам. Интересно е како и бојата на млекото се менува во текот на денот, а не пак за некој месец. И да, апсолутно не е точно дека има лошо млеко или не доволно хранливо млеко ако поминале месеци. Млекото си се прилагодува врз возраста на бебето, секако си се знае дека треба покасно да внесува цврста храна, но млекото се додека го има е природен пробиотик и си има функција без разлика колкаво е детето. Јас имав 25 месеци странствен цицач и коса ми се креваше кога ќе слушнев како млекото станало вода ( и тоа на 8-9 месеци ) и како нема потреба да и давам зш полнела меше со вода, наместо да си јаде повеќе. Затоа нови мајки треба да читаат повеќе, да бираат доктор кој поддржава доење, кој ќе им помогне околу тоа и мотивира иии никако слушање баби, ако некој може влијае лошо на доењето се бабите кои немаат појма од ништо!!
Од искуство кај мене во фамилија вторите бремености поминаа без проблем и со износување до крај, буквално 39-40 недела. Е сега и јас со истите дилеми. Се породив 35+, со скратен цервикс и омекнато грло од 33+. Сеуште е рано за втора бременост и искрено не знам дали и понатаму би се одлучила, меѓутоа со истите прашања и стравови сум. Баш размислував дали превентивно се поставува секрлаж. Обавезно, доколку се решам за второ ќе одмарам повеќе, не да трчам со крај што се вика.
@Yowannty да, ме немаше на форумов долго, искрено се вратив само ради бременоста, некако немав време да пратам редовно и ми се изгуби шармот на форумов пред некоја година па го одбегнував, сега ми е од помош и интересни ми се овие теми па си се држам до нив. Инаку добро сум во глобала, стискам палци да издржам уште некоја недела пошто сум со еден здравствен проблем кој ме мачи, ама сега за сега сме добри и јас и бебето, фала на прашање
Иначе мајки, малава на несакање од возбуда да ме гушне скокна од на кревет неочекувано и ме удри клоца по стомак.. се вознемирив ептен. Утредента т.е вчера не го осеќав бебе скоро 12-3 саати, а имав менструални болки, полудев. Потоа изедов лимон, кафе и кари и почна да мрда, душа ми дојде. Знам дека се заштитени внатре ама .. арно па беше малце понастрана ударот. Денес си е активна како и предходно само веќе движењата стануваат на моменти болни од што се силни. Лицево ми стана како да сум во побертет, едно дур помине болче, друго излегува а на врат и на грб ми се појавија црвени точки, не знам со шо да мачкам, дали канестен? На вечер од болка во карлица не можам да се свртам, ужасно ме боли. Ако седам не ми е згодно, ако лежам ме боли ааа уште колку има до крај..
@1209 одамна форумов не е тоа што беше. И јас се фаќам доста често дека доаѓам само од навика.. Ајде ќе издржиш. Многу било малку останало велат. Последните месеци секогаш се најдолги. Особено последните 2 како 2 години се. Нека е со лесно само, после ќе уживаш во најубавиот мирис на светот.
Доење е благодет. Исто толку магично како и чинот на раѓање. Дали ке е напорно или не, зависи од бебето. И секако од тоа како ти гледаш на доењето. Би те советувала и лактациски консултант да контактираш ако имаш потешкотии. Ама можеби ке си од среќните мајки кои без проблем си дојат уште во болница. Тоа однапред не можеш да го знаеш. Има бебиња кои имаат многу јак рефлекс, и има такви кои се мрзливи. За се имаш информации на интернет, без паника и притисок читај си. И на форумот ке најдеш многу корисни совети. Ако ти треба, слободно и порака пиши ми. Мене доењето ми беше задоволство, и на синко, па имам прекрасна приказна од 3 години доенечки стаж. Да не зборам дека и доењето беше без потешкотии, имав вовлечени брадавици кои синко ги извлече со силиконски брадавици и од тука се беше како подмчкано. Кога доев ексклузивно првите месеци, ноќе не ни чувстував дека дојам. Цица 10-15 мин и го враќам во креветче а јас продолжувам да спијам. Мене лично доење во јавност ми беше непријатно (сега со ова искуство би доела) ама имав премногу млеко, молзев и си носев во шише. Кога излегував оставав шишиња со насоки како да го затоплат, па без проблем и тоа го средив. Единствено алкохол ми фалеше цела бременост и 3 години додека доев. Капка не испив. Да те охрабрам, една мајка со моја помош и бодрење од никаква доенечка приказна има дете кое едвај го одби на 2 и пол години. Кога се има желба и посветеност се се може. АД не е грев, ама како поборник за доење, сум за да се проба се, па ако не оди, тогаш да дадеш ад. Своеволно никогаш не би дала при млеко и можност за доење.
Бубиш и јас сум иста со болка во карлицата, ама мене и долен дел од абдомен ме боли, како истегнат мускул, не е болката од нешто сериозно знам ама мислам дека немам доволно цврста мускулатура и слаби ми се лигаментите па боли, само додека мирувам не боли, ете денес на работа се влечев како црево, ситни чекори, 10мин пат станица ми требаше 25 да стигнам. Инаку мајка ми 8ми месец со мене бремена, паднала на стомак, многу лошо се валала дури, ништо не ми било еве ме жива здрава, вајда бебињата се позаштитени внатре од што мислиме.
Е ако сакаш сподели како ти успеваше да го надоиш и да го вратиш во креветче лагано, а тоа да си продолжи со нанање? Мислам, ептен ми е филмски, ептен сакам да ми успева и мене, ама не секогаш. Па ќе се размрда, а у, кревање бебето и до мене на кревет. На темата доење би рекла дека за мене е полесна активност наспроти спремање шише. Попрактична ми е. Е сега јас за прва бременост бев незнајка, со тек тук некоја информација, некои сознанија од емисии. Сепак, добро поминавме, почетокот секако е потежок дур свикнеш што се случува, ама потоа кога сѐ ќе се регулира, си фаќаш ред и тераш. Од занимливости ќе ја издвојам таа кога бебето природно треба да се разбуди во рок од 2 до 3 часа дремка, во тоа време градите научиле кога треба да се "наполнат" со млеко. Дури и бебето да продолжи со дремката, се осеќа надоаѓање на млекото.
Ниту јас не набавив ниту цуцла ниту шише за првото дете. Бев убедена дека ќе дојам. И мн тежок почеток имавме. Не успеавме без силиконски брадавици, па затоа година ипол успешно ја доев со силиконски. Си напредуваше најнормално, ете едни од ретките сме можеби што успешно поминавме и со силиконски. Вода дадов со воведувањето на цврста храна. А за ова исто не сум во план ништо да купувам се додека не видам како ќе биде. Аптеките работат и саботи и недели, што треба ќе купам, по потреба. Адаптирано пак ни тоа сум купила. Имав еднаш алергија и заради инекциите 24 часа несмеев да ја дојам, купивме и шише и АД, тоа беше смрт, плука, повраќа, дали 50мл испи во тие 24ч. Знам ми завршуваа саатите во 4ч сабајле, штом чукна саатот, ја надоив веднаш и ми дојде срцето на место. А богами и на неа. Бидејќи не планирам овој пат породилно да користам, план ми е да имам барем пумпа за одмолзување и да складирам млеко. Работата ми е на 1 мин од дома, па ако заглавам со пац. да може барем така да и дадат млеко, дур се вратам. Дали сте складирале, и што е подобро чашки ли, ќесички ли, совет од некоја што замрзнувала?
Јас до кај 1 и пол година терав филсмки. Си заспива, циц паузи во тек на ноќ, сите среќни и задоволни. Како ми успеваше не знам, таков беше синко. Имаше периоди кога одеа нежни песни или фен. Мислам дека тајната лежи во тоа што имав бебе кое беше многу активно преку ден. Откако е роден спие помалку од врсници негови што спијат просечно. Пример почна да лази од 6 месеци, на 6 и пол веќе тераше право. Првите три месеци имаше плачки од грчеви, ама надвор од тоа си беше срце. Затоа по периодот на регресија и сепарејшн анксаети вака изгледаше: ке заспие и на прва циц пауза нема шанси да го вратам во кревет. И оттогаш си спиеме заедно. Да напоменам дека малтене првата година доев на барање, и дење и ноќе. Или кога ке заплаче бебе, градиве полни со млеко во секунда. Кесички авент се наисплатлива опција. Собираат по 200 мл. Јас бев млекара, од една града, едно молзење вадев просек 150-200. Ова се случи кога синко цицаше од една наутро, а другава ја празнев со пумпа.