Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Ако ти е ептен на мисла оди на ехо ако можеш кај вас, знам те читав послаби ви се контролите...
    Мајка ми има паднато на када баш со мешето со брат ми кога ме бањала мене, ама се било добро
    Сигурно се позаштитени отколку што мислиме :)

    Болка во карлица инаку имам и јас, неиздржливо е веќе, ако ти се верува ми се плаче на моменти ;(
    Ама се тешам имам уште недела ипол :(
     
    На 1209 и Bubish26 им се допаѓа ова.
  2. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Имам другарка фармацевт која поради професионална деформација секогаш корсти фармацевтки терминологии кои веќе ги научив иако тоа многу ме нервира бидејки сум лаика во тоа… така да се согласувам. Не сме ние екесперти па да разбираме све…
     
    На Снегулк@23, Rtulka и 1209 им се допаѓа ова.
  3. КокичеСк

    КокичеСк Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Со лесно и брзо нека ти поминува! Да да, ме фати страв добро е што ги почнав, можеше полошо да биде. Дали имаш болки во желудник од кога ќе ги испиеш? Мене ме кине од болка па вечерва испов само едно и не ме боли. Си сменив доза место две, само едно, на своја рака. Колку ми е паметно тоа не знам ...
     
  4. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Фала исто и на тебе да ти помине побрзо :hug:
    Немој да менуваш доза,две ке си пиеш како што е напишана терапијата иначе ке го нема истиот ефект.
    Секогаш пиј ги после јадење таблетите никако немој на гладно. И обавезно додека пиеш антибиотик пиј и пробиотик во размак од три часа со антибиотикот,пред или после него. Мора цревната флора да се заштити.
     
    На *malenavolena*87, Rtulka и КокичеСк им се допаѓа ова.
  5. КокичеСк

    КокичеСк Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Се така правам и после јадење а и пробиотик земам но имам чувствутелен желудник најверојатно а они јакички.. ајде утре пак ќе бапнам две да видам дали ќе боли И јас сум исто како тебе 28мa ☺️
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Даа знам, мене докторката еднаш ме стегаше на стомак, ме тресеше и ми рече види на мониторот бебе не се ни поместива од што е толку заштитено ама ме мавна на психа оти не ја осетив долго време. Фала Богу си продолжи со исто темпо на активност.
    А за болките, редам перница као меѓу нозе ама не ми помага баш, моментално ќе ми одмори карлица од тежината и после се навикнува некако и си тера болката. Магнезиум ништо не помага ни тој ама мислам дека ти имаше пишано за диареја? Јас ако 2 дена не се напијам магнезиум тешко одам Вц ама ко ќе се напијам се цедам. Од него е сигурно.
     
    На Снегулк@23, 1209 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Ке стиснеме заби ке издржиме. Ајде уште малку па ке гушкаме бебиња ☺️
    Смачено ми е од бактерии,ме изедоа цела бременост од почеток се влечам со нив..
     
    На Splendor. и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  8. КокичеСк

    КокичеСк Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Јас да не се урочам ова ми е трет пат во живот да пијам антибиотик.. може и затоа така ми реагира. Ајде силни сме ние, жена што се може да издржи.. досадни се бактериите знам ... :( мене веќе 6ти ден секрет жолт не застанува
     
  9. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Јас пред ова 10години се немав напиено антибиотик,како останав бремена и корона фатив а немав до сеа фатено,и бактерии и што не. Така ми реагира телото во бременоста и тоа е. Мора да се издржи. Иначе секретот ако не мириса и ако не те чеша/пецка си е нормален,менува бои и кај мене и баш прашував гинекологот рече така нормално се случува во бременоста,немора да значи дека има нешто.
    Ама затоа кога пијам антибиотик пијам обичен пробиотик за цревна флора и плус еден Лактогин се вика го пијам за вагинална флора,мора да се заштити и таму,пошто во бременоста сме ептен по склони на инфекции. Не е лошо и ти да си го земеш,штета од пробиотик нема.
     
    На КокичеСк му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Мене шо ќе ме советуваш. 13 недела испитани брисеви се појави Уреаплазма (до пред бременост никад никаква бактерија). Испив доза сумамед и во 18та недела нови брисеви и пак беше присутна. Во меѓувреме бев на втор скрининг на ГАК докторката таму ми рече нишо да не пијам, демек таа правела голем проблем за да останеш бремена, но не и кога веќе ди бремена. Си бев и на второ мислење за скрининг кај Димчев во Систина, му кажав, рече си испила шо си испила сеа нишо нема да пиеш, пред да дојдеш на трет скрининг направи пак брисеви па ќе видиме отом потом. Сето ова и го кажав на докторката шо ми го препиша сумамедот (всушност таа ме води од сам старт а и ќе ме пораѓа) рече ќе делуваме локално со вагиналети Pro Balans Lady, до сега рече имав позотивно искуство со пациентка и успеавме да ја излечиме така. Во меѓу време пап тест позитивен Цин 1, налет, све ме снајде… ко друго тело да носам од кога останав бремена, промени еден куп. Неделава ќе одам на конс кај докторкава шо ме води па ќе видам шо ќе каже за цинот… Как Димчев исто треба да одам за 2/3 недели на трет скрининг дела сеа сиѓ 26+ па ќе го видам и неговиот став… аман ми се рече од ова… колку повеќе испитуваш толку повеќе се наоѓа нешо…
     
  11. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Го имам истото мислење со докторката,да се делува со пробиотик дирекно во вагиналната флора. Мене многу ми помогна вагинален пробиотик во лечење со Уреаплазмата,и јас ја имав пред да останам бремена.
    Јас мислам да пробаш така.
    Они обично гледам уреаплазма кога лечат во бременост пробуваат да ја средат со антибиотик ако не оди ја оставаат така,сигурно се докажало дека не прави проблем. Иако не чини ниедна бактерија во бременост поготово,сите сме свесни за тоа.
    А само со Сумамед пробаа кај тебе не пробаа со Еритромицин?
    Кај мене се среди одма со Доксициклин,Нео-Пенотран Форте 7дена па после нив 5 дена по две Донафил вагиналети. А во мегувреме додека пиев и ставав се ова пробиотик и за црева и Лактогин за вагинална флора пиев.
    Е сеа не смее во бременост Доксициклин затоа се мачиме со Сумамеди и други.

    Иначе кај мене се бактерии во урина од почеток на бременост,една имав Клебсиела таа од почеток до пред еден месец ја лечев со 5 пати примање антибиотик.
    Сеа бубрегот ме фати болки страшни искочи хидронефроза втор степен(запушување на бубрег),и заради тоа се размножи друга бактерија и пиев Панцеф. Само што го испив уште не беше долечена испитував скриен шеќер,од толку шеќер во организмот бактерии се множат ко луди и нагло ми се размножи за неполни 24часа кренав температура и се врати инфекцијата,еве сеа ја лечиме со Цефалексин. Ке видам утре на уриникултурата што ке покаже.
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Жени а јас тука не знам дали некогаш ми испитале бактерии во урина, мислам ми земаат примерок секој месец, јас мислам уринокултура прават ама може и не, многу се нервирам што никој не ти кужуа ни резултати ни ништо, морало специјална дозвола за да си видиш свое медицинско досие.
    Има некои симптоми уреаплазмата?Знам дека често се јавува кај трудници.
     
    На mal.ecka и Bubish26 им се допаѓа ова.
  13. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Сигурно они гледаат на урината дали покажува нешто па ако имало нешто ке направеле уринокултура и ке виделе дали има бактерија. Се гледа и урината ко ке се измочаш во чашка,урината е матна,бојата не е иста,одма си познавам јас веке научив скроз со бактерииве.
    Иначе уреаплазмата на брис се покажа кај мене а немав никакви симптоми. Немора секогаш да даде симптоми.
    Незнам што е со бактерииве еве пред бременост некој месец имав уреаплазма,микоплазма и гарднела на брисови,без ниеден симптом.
    Влегов во бременост чиста скроз. Кога оп на прва уринокултура искочи Клебсиелата 1милион размножена и таа без ниеден симптом. Значи да не ме пратеа немаше да откријам дека имам бактерија.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    И јас имав хидронефроза во втората бременост,еден месец се движев по лекари и фала Богу беше втор степен,и немаше потреба од сонда.Ти верувам за болките,ама сепак среќа што е втор степен,оти сондата може да предизвика уште поголеми болки и плус предвремен пораѓај.Тоа е.Патот до мајчинство не е воопшто лесен,но среќата потоа ги руши сите тие тешкотии. Пиј брусница колку можеш,мене тоа ме прочистуваше многу.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Леле мојот доктор инсистира за таа сонда ама нема шанси. Прво сама знам што ризик е,плус со плацента превиа сум,со бактерии сум,што се многу отпорни на антибиотици тешко се лечат,со сондата може да ми отиде во бубрег па после да биде беља голема.
    Тебе што ти викаа за таа сонда?
    Реално да беше 3,4 степен ајде да разберам сонда да се стави,ова на втор степен се напна за таа сонда човекот. Као бактериите ке се сределе. Не верувам џабе. Ни гинекологот не дозволува да ми се става тоа,ептен комплициран случај сум.
    Треба да почнам со зреење почеток на март и да ме породат побрзо во март,каква сонда,уште да го претрпам тој стрес,а реално нема потреба засега.
    Рече дека гарантира за бубрегот дека ке биде океј до крај оваа хидронефроза,ама запна за сондата ради бактериите. Не дозволувам нема шанси тоа и крај.
     
  16. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Preku cel den kafeavo na brisenje od cepot bolki nikakvi, legnav da spijam vo 21h vo 22h i 30 nekade me razbudija bolki na 12, 13 minuti i eve sega se na 7 minuti no samo dole vo sredina na stomak, dali kontrakciite treba i kicma da te boli ili i ova se vistinski bolki?
     
  17. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    5.073
    Пол:
    Женски
    Мене со прва бременост болките ми беа како менструални ама појаки, но штом се појавуваат почесто, ако имаш можност оди на лекар мирна да си бидеш. И јас така седев дома не се јаки не се јаки за кога отидов таму да ми речат 9цм си отворена
     
    На Rtulka и snowqueen им се допаѓа ова.
  18. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.780
    Пол:
    Женски
    Појди си накај болница мами,со среќа и со лесно :hug:
     
    На Rtulka и snowqueen им се допаѓа ова.
  19. MumToBe

    MumToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2019
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    И јас со првата бременост имав болки во стомакот не ме болеше ни кичма ни половина од 10 мин ми се зачестија на 7мин на 4мин и додека да стигнам во болница дека саат ипол патував веќе ми беа на 2мин и бев 5цм отворена. Со среќа и лесно да поминеш
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @АнаМаријаД
    Сакав да те прашам читајќи те со бактерииве и антибиотициве, досега доктор не ти предложил да земеш уроантисептик?

    Инаку, нема врска секогаш изгледот на урината и проверката на урина со тоа дали има бактерија.
    Кај мене резултатот од урина топ, а на уринокултура бактерија. На изглед бистра и светла, ниту заматена ни бутур, а бактерија на уринокултура.