јас не дека бројам пошто мали е доста активен ама од 27 + кога бев на преглед док ми рече треба да броиш 10 удари во денот кога ке изброиш престануваш со броење и така секој ден Значи ако има последователно 10 чукања толку броење Ако има 3 после кога ке чука пак броиш 4 5 6 итн до 10 ......ти објаснувам вака бидејки и мене не ми беше јасно баш со првата дали треба 10 последователни или 10 пати да се јави од нигде никаде и се е нормално се до ритмички болки стега половина и после некоја секунда притисок долу тоа е знак на отварање едното без другото немаат значение и ако се болки после умор што минуваат со лежење
од глупи муабети сем твојот за млекото ке го издвојам и "па ти не си го ни родила тоа бебе " пошто после 36 саати маки и пукнат воденик и отворена на бебе и паѓаа тонови па морав царски и да јас не сум се мачела да ја родам ...... Исто и докторка педијатар на вакцина на беба 4 месеци ми советува да почнам со хранење веќе ( бебе кое напредува по 1300 месечно од ексклузивно доење) епа некои муабети немаат смисол .....а од баби и жаби да слушав до сега на психијатрија ке стасав
Секакви доктори има Мене Александра, педијатар од Ремедика, ладнокрвно ми рече ееее голема работа ако не доиш, ајде за второто ќе биде А јас цела желна да ми помогне некој да дојам. Муабети за тоа дека со царски не е раѓање не ме допираат, иако никогаш никој такво нешто не ми кажал, а и среќа во околина немам луѓе со такви прости размислувања.
@1209 @Тина 36 @Bella_Stella @sweet.woman @*malenavolena*87 Сакав да почнам да бројам само заради тоа што ми го прекинаа Аспиринот наеднаш ради ниски тромбоцити, а од почеток сум со него по препорака на трансфузиолог ради гранична АФА. Затоа ме јаде црвот. 4-5 дена не пијам и до сега фалабогу немам приметено некоја разлика. Фала многу девојки
Денес бев на контрола и фала Богу де беше во ред.Дури двојно се издрадував,оти матичната веќе можеше на сигурно да ми го каже полот,и ако биде се во ред,во Јули ќе имаме ќеркаВо претходната контрола беше рано,ама тогаш и се виде како машко,ама денес веќе беше сигурна.Сакам да им приредам изненадување на малите,кажете ми кај можам да најдам балони како за babу shower,за да им го соопштам полот со изненадување?
@Yowannty @MilaSs12 и сите кои споделивте искуство, фала ви многу! Особено почитувам совети и поддршка од искусни мајки и многу ми значат. Во пракса немам искуство и сугурно ради тоа постои доза на страв од непознатото, ама од друга страна се едуцирам секојдневно на оваа тема и дур да дојде практичниот дел се надевам дека ќе бидам спремна. На тема мајчинство сум особено упорна. Не сум за сѐ таква во животов, ама за ова веројатно околностите ме научија да се борам и да бидам упорна за да стигнам до целта. Многу би сакала да дојам, премногу. Освен бенефитите за бебето, за мене е тоа една посебна врска меѓу мајката и детето и живеам за денот кога ќе го искусам тоа. Не се плашам колку и да е комплицирано и тешко, спремна сум на секаква варијанта. Доколку заглавам негде ми значи што се понудивте и секако ќе ви се обратам за помош. Се надевам дека за месец дена ќе започне мојата успешна приказна.
Тоа дека се наслушале жени кои прелесно поминале на царски. А фактот дека е операција не баш наивна, битен е? Ма не. Моето искуство не е баш најубаво, иако се си беше во ред, мене се ми беше многу болно. И ден денес си имам последици. Мене една докторка ми рече многу сум го доела, да го ставам на диета. Изгледал три месеци поголем. А голем се роди плус јас и маж ми сме високи и крупни.
Муабет од мноогу одамна од свекор ми, дали уште бевме во врска или на почеток од брак не памтам, ама муабетот ми остана како екстремно глуп. Цитирам: Жена што не родила(природно) не е жена, а маж што не служел војска не е маж. Засега со оваа негова теза син му не е маж, а може и снаа му нема да биде жена, ќе видиме. Можеби порано би ме допреле вакви коментари, ама сега ми се само смешни и очајни.
кога бев со првата бременост форумов ми служеше многу Добив мн корисни совети од пракса ......немаше толку препукување Сега со втора се враќам и гледам секој што сака да даде мислење е начекан на нож ......малку како домакински муабети изгледа ама сепак има читаш и гледаш што ке свариш што ке исфрлиш
Маж ми не е маж и јас не сум жена. Јако!!! Преглуп муабет. Има жени кои прелесно поминуваат природно, а царски е операција и те сечат, дали ке те боли или не е друго. Ама ризици има и при операција, и за потоа. Природно жена може неограничено да раѓа, а со царски 3 пати ако е се ок, за 4 не можеш да најдеш доктор што ке се нафати. Затоа не ги разбирам овие што решаваат сами да одат под нож. Патем моиве беа под голем стрес затоа што бев царски. Мајка и татко затоа што се родители, маж ми да не останелот детето без мајка, а свекрва ми од емпатија зашто и она е со царски.
Има и жени што лесно поминале на прородно породување, не само со царски. Инаку, ич не е наивно, секако, сепак е операција. Некои поминуваат потешко, а некои полесно. Јас сум меѓу тие што поминале полесно и при породување и при опоравување, без некои последици, но тоа не ме прави помалку жена. Додуша, сметам дека таквото чувство за помалку жена е индивидуално, секој сам си го набива. Не треба да се дозволи да влијаат на психа такви прости муабети од праисторија. Бог да чува... Не знам како може толку многу да се разликуваат во размислувањата некои доктори, ќе си речеш што учеле и дали од исти книги.
Да во право си нема секогаш врска изгледот. Јас за последниве два пати кога дигнав температура зборам. Црп 100 ми беше,леукоцити не многу кренати,гранулоцити високи. И висок седимент во урина. И покажа дека има бактерија после видовме и која. Тогаш урината ми беше матна прематна никаква. А првиот пат првата бактерија на почеток на бременост нити покажа на обичното испитивање урина нешто нити смени боја урината нити ништо. А беше доста размножена 1милион,и се чудеа како можело да не покаже. Ама таа бактерија не ми направи инфекција,си стоеше така само и не умираше,на крај ја средивме,ама ова сега што ме закачи ми праи инфекција гледаш и црп и се ми скока,со трески со температури со болки во коски,страшно е. Иначе не ми предложил никој да земам уроантисептик,до душа последна опција им беше тоа да земам за минатата бактерија ама среќа се уби со 5тиот антибиотик па не земав. Еден е дозволен во бременост само,а и за тој се мислеа и не ми дадоа. Сакам да се исчисти ова од мене веќе и барем последниов месец да уживам на раат. Кој што прави јас само по болници сум,ако не сум,тогаш дома со температури и глупости се мачам.
Се изнамачи ти, сè нешто ти излегува. Се надевам дека ќе бидеш подобро на крај А како мислиш само еден се дава? Мислиш само еднаш во бременост или еден е дозволен? Мене ми рекоа Фуролин или Нифуран дека може, истите биле со различно име. Две тури пиев Амоксицилин по антибиограм и не се исчисти сосема, па затоа ми кажаа за уроантисептик.
јас само би додала додека да видиш дал ке ја лечиш пиј многу чај од брусница и зголеми внес на овошје и зеленчук во однос на Уреоплазма може да предизвика предвремен пораѓај јас ја имав во последните брисеви па пиев ударна доза сумамед понеделник 2 вторник 1 после недела дена пак 2 па 1 апче
Мислам дека секоја доволно едуцирана жена на темата, доколку нема пречки за поинаку би одбрала да раѓа природно. Ама апсолутно не се помалку мајки тие што ради сплет на околности родиле со царски рез. Само човек со ограничена перцепција може да размислува поинаку. Ризиците и од едниот и од другиот начин се присутни. Сепак на крај сѐ се сведува на индивидуално искуство, организам итн. Сите знаеме што е најважно на крајот од бременоста, здраво бебе и здрава мајка. Патот до таа цел е споредна работа.
запомни едно за некого што е мн тешко друг истото го минува со леснотија ....секој човек е различен ти треба мн упорност и во ниеден момент да не очајуваш врската меѓу мајка и доено бебе секогаш ке е поинаква од онаа кога е на ад во секој момент имаш на радполагање соодветни совети што од нас тука што на youtube само истрајнпст и се ке си дојде на свое