Јас со првото доев од болница,во Плодност и бев со царски и поминав прелесно.Цел персонал беше околу мене насочен да се воспостави одма лактација и тоа се случи.Кога излегов од болница пошто неможеше да се најде маана ,муабетите беа:давај чај ,давај вода,после 6м.доење беше-млекото ти е слабо,имааш увиснати гради доста му е доење ама јас се игнорирав,само со педијатар консултација за дете слушав и беба беше топ,и јас исто покрај неа.
Не не еден се дава у смисла само еден е дозволен во бременост,Нифуранот. Леле само што ми стигнаа резултати од уринокултурата,нова бактерија ми нашле Ентеробактер аерогенес,абе кај ме најде жити се,и се чудам. И сеа само Панцеф или Лендацин пак преку вена. Ништо сеа сум на ендокринолог за шеќерот да ми препише терапија па после тоа ке идам кај матичната да видиме за антибиотик да земам некој. Не е можно ова луѓе еј,пак 1милион и оваа размножена,како успеа незнам..
Извини вака што влетувам, каде ги правиш испитувањава? Не ми е сфатливо дека на секое носење примерок нешто ново ти наоѓаат. Стварно е премногу, те читам и стално те мислам, немам ни најмала идеја што би можело да ти помогне. Ова е исцрпувачки верувам.
Па,да ти кажам право на една моја другарка кога беше трудна мораа да и стават сонда,оти беше и 25 недела мислам,така почеток на 7ми месец,и потоа кај неа се предизвика предвремено породување.Она ја водеше бременоста во Ремедика,таму и се лекуваше.Можеби не е за сите исто,ама до тој трети степен,мислам дека ќе дотуркаш некако до крај,немаш уште многу Дај Боже да поминеш што е можно полесно!
Аман! Дали можеби од многу антибиотици дополнително ти ослабнал имунитет и сега само ти се закачуваат нови бактерии?
Што бидна оваа работа? Едино ми држи вода да си ги имала и сега на паднат имунитет да нападнат повеќе одеднаш. Како тоа па скоро праеше, имаше една, па сеа нова уште една... Кога човек да ја фати, кога човек да ја размножи у себе и кога да стаса до 1 милион да покаже на уринокултура? Не ми е јасно. Едвај две недели разлика е од едно до друго испитување мислам. Немам познавање никакво, лаички размислувам. Нека кажат поискусните. Не си влегувала во базен, не си користела јавни тоалети, на лежење си цело време. Од каде би.. Да земеш на друго место да испиташ, за сигурност?
Луѓе јас многу се изнервирав, сабајле се мерам и ослабната скоро две кг, а и стомакот некако како да ми стагнира, последно кога бев кај бабицата си одговараше на неделите. А јадам не дека не јадам, нормално јадам, малце и повеќе и почесто. Се случува кај некоја, нели последните месецид треба да де добива нагло килажа, уф само нервози.
Се слагам со се што кажа, немој да ме сфатиш погрешно, но не може истовремено да зборуваме за тоа дека мајките кои родиле природно не се помајки од тие што родиле царски и да даваме вакви коментари. Има многу случаи кога заради х причини мајката не може да дои, верувам дека има и мајки кои ја читаат темава за кои ваков коментар е болен. Буквално во мое опкружување имам мајка која и покрај сите напори не успеа да дои, и првите три месеци се осеќаше виновна и како да не е мајка баш заради ваквото сфаќање. Врската мајка-дете ќе се оствари без разлика дали некој дои или не.
Може да си го мериш сама стомакот, треба да најдеш каде е позиционирана матката ( можеш на јутуб да видиш видеа за ова ). Должината на стомакот треба да одговара на неделата ( +- 2 ).
Ау во која тешка заблуда си ти со ова врската меѓу мајка и доено бебе секогаш ке е поинаква од онаа кога е на ад Немам коментар а и нема потреба да ти пишувам , освен да ти кажам дека си во тешка заблуда !!
Сметам дека врската меѓу мајка и бебе се создава и на друг начин. Имаше една членка, многу ми се допаѓаше со мислењата за поврзување со бебенцето. Бидејќи не доеше, наоѓаше разни начини, меѓу кои масажа на бебенцето, на пример. Еве ќе ја тагнам, па ако прочита, ќе сподели од искуство. @Milkiway
Јас го доев моето дете до една година и моето дете не е толку прврзано за мене, како детето на сестра ми, за неа. Која патем од прв ден беше на ад млеко Мајчинството и љубовта не се мерат по тоа дали ќе доиме или не. Љубовта се дава и на многу други начини, а и многу зависи и од карактерот на детето (за приврзаноста кон мајката)
@*malenavolena*87 A kakva e taa poinakva vrska od onaa koga e bebeto na ad? Pishi eve da si znam. Svasta
Баш да ти кажам јас се чувствував погодена од муабетот, и се мислев дали да пишам. И со првото, и со второто, за жал немав доволно млеко. Јас си знам што се направив ама џабе. Ова е форум и секој може се да каже, ама сепак би советувала да пазиме барем малку. Јас до ден денес жалам што не можам да дојам, ама не е до мене и тоа е. И да, како што сите сме мајки без разлика како нашите бебиња дошле на свет, така сите имаме нераскинлива врска без разлика како се хранат. Убав ден на сите.
Се се согласувсм освен со ова дека врската помеѓу мајката и детето е различна зависно дали е доено или не....[/QUOTE] Само што сакав истото да го пишам го прочитав твојот коментар. Вака така пак осуда од друга мајка за тие што се на ад само во завиена форма.
Различно правев и јас се посомневав во лабораториите. Прво во Авицена правев,па во Биотек па во Синлаб,па во Систина со катетар ми земаа урина за да се испита дали стварно е така. И нема тоа е. Стварно си ги фаќам бактериите.. Голем удел има гестацискиот дијабет,сега баш зборев со докторката. Благо и така нема да јадам,абе нема ни да помислам само да се откачам барем од овие бактериишта,нема смисла веќе.
До 3-4 степен се толерира и може без сонда. Мојов доктор нема искуство со трудници и запна сега да ми става сонда на втор степен,не размислувајки дека бактерииве во бубрег ке ми ги однесе и ке се деси беља. Фаќам многу специфични бактерии што се резистентни на голем дел антибиотици. А гарантира за бубрегот дека ке биде ок до крај. Фала ти. Дај боже да биде се во ред,и со лесно на сите.
@АнаМаријаД Можно ли е да се појавуваат бактерииве во урина заради бубрезите? Ти повеќе ќе знаеш од мене ама кога веќе имаш воспаление на самите бубрези логично ми е да си поподложна на уринарни инфекции. Плус ослабнат имунитет и шеќерот покачен веројатно има свој удел. Не знам што да речам освен да останеш психички силна и да издржиш уште малку. Инаку за доењето, и да не се труди мајката и од икс причини се откажала од доење и детето е на ад, пак не е причина за некој да и каже дека нема да има не знам каква врска со детето. Ниту пак е помалку мајка. Секакви приказни има. Секој со своето. Да не набројувам причини за оправдување, верувам сите сме свесни за различни ситуации кои се случуваат. Јас лично сум многу возбудена за доењето, знам дека си бара некој вид на жртва (исто како што ад можеби бара друг вид на жртва од страна на мајката), но имам желба за доење и се надевам ќе успеам.