Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Не успеав да сфатам кого треба да тагнам Оли, прочитав малку па еве да пишам.
    Така е кај мене ситуацијата беше многу обратна, воопшто не се пронајдов во доењето, не ја најдов таа убавина и поврзаност со бебето што сите ми ја збореа...но не прекинав ради тоа да дојам, прекинав Само поради тоа, туку и ради проблеми кои ми се појавија со секнување на млеко и Х други причини.
    Но, ако некогаш имам второ дете знам дека не би пробала пак да го дојам, не дека охрабрувам некого, туку мојот случај е таков и јас сметам дека е подобро.
    Бебето е број 1, ама мајката не смее да се запостави.
    Од денот кога почнав да му давам ад почнав веќе и да му зборам и да го галам и да го гушкам да се поврзувам со него, ова беше после месец ипол откако го родив.
    Правевме масажи со бекутан улје по телото и истите се супер и за грчеви може да се најдат на јутуб видеа за масажи за бебиња и тие ми беа супер начин за поврзување. Ќе си пуштевме лулабис, песнички, улјето и така секој ден. Некако бев лично јас под голем стрес со доењето и се опуштив и јас. Најлошо што може некој да си го направи е да мисли дека ако даде ад готово крај на светот е. Сте дале се' од себе не ја бивало и толку. И јас на потежок начин сфатив дека него му треба мајка присебна, а не некоја што паничи и се обвинува дека ете готово сега не е како што сум замислила да дојам.
    По мене и не е ништо потешко во однос на одење негде се се средува со термос, шише и диспанзер за ад прашок. Кај и да си за 30сек имаш млеко да смучкаш.
    Мајката ако сака слободно нека ми пише лп ќе поразговараме и јас тогаш доста пишував по членки кои многу ми помогнаа побрзо да застанам на нозе.
    :hug:
    Само да додадам син ми има 2ипол години и е многу поврзан со мене, ако ви е тоа темата. Со мене е разбран, послушен, се гали и многу убава врска имаме изградено
     
    На Sun&Moon, LiquidLuna, DolceVita3 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    13.824
    Доењето не е воопшто лесно. Јас страдав од депресија и не можев да се посветам на тоа. Ми беше битно да се оправам за да бидам добра и здрава мајка за своите деца. Ич не е грев да се даде адаптирано, јас сум благодарна што постои. Мајки, која и да не успее да дои, воопшто да немате грижа на совест. Толку ќе кажам.
     
    Последна измена: 13 февруари 2023
    На Sun&Moon, LiquidLuna, DolceVita3 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Сега читав баш за последната бактерија дека во болнички услови се добива баш од катетар или се намножува многу поради голем број антибиотици, инаку ја имаме во уринарниот тракт сите.
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    @АнаМаријаД внука ми имаше постојан проблем од раѓање со уринарни инфекции, бактерии, постојано со тт и постојано по болници, утврдија дека е ради стеснат канал меѓу бешика и бубрези, ја правија операција пред 2 недели, кај неа беше од 3ти степен и и вградија сонда, супер е за сега и се надеваме така ќе остане, ама се изнамачи и детето и родителите, две години по болници со бактерии.
    Сега за сега нема што да направиш додека си бремена, штом бебе добро напредува ти некако ќе издржиш, после пораѓај ќе направиш подетални испитувања и се што треба па ако треба и сонда, ќе вградат, ќе заздравиш за брзо. Немам збор за утеха, сигурно ти е многу мачно, ама уште малце остана бори се и ќе бидете добро.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Со првото ич немав стомак, да ме видиш на снимка 27-8 недела ќе речиш чоек лажиш, стомакот ми скокна 9ти месец и пааак бев помала од сега. Така да големината на стомакот не е битна, а со килажа исто знаев да стагнирам.
     
    На Снегулк@23 и 1209 им се допаѓа ова.
  6. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Муабетот за поврзаноста на доеното бебе и недоеното бебе за мене не држи вода. 21 месец доенечки стаж зад мене и пак е поповрзана со таткои отколку со мене. Не дека не ме бара воопшто, но ете како повеќе да влече накај него. Ќе почнам да верувам во тоа дека женските се поповрзани со татковците а машките поповрзани со мајките.:D Затоа сеа и второво ако е женско нека му ја мисли сопругот.8)
     
    На LiquidLuna, Снегулк@23, Bella_Stella и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Постпородилната депресија е чудо, посебно ако имаш додатни потешкотии. Подполно те разбирам пошо неспиењето, бебе плачливо од грчеви, болни гради, крв, хормони можат да доведат да мајката се осеќа ужасно и страшно би било ако не е сватена од најблиските. Првите месеци ми беше мене многу тешко, но сакав да ја дојам, мачно ми беше што беше на захтев и се осеќав како да праам само тоа и ништо друго, короната беше тогаш на најјако и бевме затворени дома и додатно ме фаќаше нервоза ама од кога фативме некој ритам, почнав да уживам максимално. Најдовме пози кои ни одговараа на двете, си имавме дневна рутина и не ми беше проблем да си ја доам јавно. Но, доколку се пресечи на почеток ради наведените причини ок е, се додека е среќна мајката и бебето ќе е. Доколку се надмине сето тоа и се почне со уживање тогаш е стварно многу убаво, но доколку како кај твојот случај те прави да се осеќаш лошо и не можеш да ги надминеш препреките во ред, мајка крај краева е таа која успеала да му даде љубов на детето и да го извади на прав пат, царски-природно, ад-доење не се мерило за мајчинство.
     
    На LiquidLuna, juice_, *malenavolena*87 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Најверојатно да,плус и гестацискиот дијабет си прави услови погодни за ширење…
    Сега бев се слушна матичната моја со докторот
    Фала,ми значи многу ❤️
     
    На DaftyCrafty и 0ли им се допаѓа ова.
  9. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Нема простор за лажење на лабораторијата зошто на ЦРП 100ка и гранулоцити 88% неможе лажен резултат да биде.
    Таков ми е организмот во бременоста,ете така требало комлицирана бременост да имам. Уште малку ке издржиме и после порагај ке си дојде се на место. Никогаш во животот не сум имала проблем со бактерии во урина,ете таму ме удри во бременоста.
    Ке биде се добро,уште малку остана.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Нормално :l:
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  11. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Да тоа што имам хидронефроза си има удел во множењето на бактериите ама и тоа ми е стекнато сега во бременоста од бебето што притиска,порано не сум имала проблем никогаш до бубрези. И тоа среќа па само едниот бубрег ми е со хидронефроза,а воспаление на бубрези немам.
    Удел има и тоа и ова со гестацискиот,плус од лечење на Клебсиелата со милион антибиотици ми падна имунитетот до точка што неможе да се крене туку така поготово не во бременост кога и така и вака паѓа.
    Ништо,нема друго ке се лечи и ова до крај и ке истераме.
    Ке биде се добро :hug:
     
    На CareTee и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  12. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Да не ве тагнувам сите посебно,бев кај матичната се слушна со докторот што ке ме пораѓа и се договорија ке примам Уроантисептик овој пат 21ден. Среќа па сензитивна е на него,а резистентна е на голем дел антибиотици.
    Плус сама им реков ке си земам Урифар да пијам кесички 14дена,рекоа добро.

    Се договорија дека до 35 недела ке терам и ке ме породат,доста сум се мачела. Мора царски да си биде закажан,заради плацентата превиа.

    На почеток на март сум кај докторот ке се договориме зреење ке примам сигурно,а и можда инсулин зошто скокал шеќерот од Флостеронот.
    И така.
    Денес Глукофаж почнувам заради шеќерот,ке го контролираме така.

    Многу пројде,малку остана. Нека остане ова како последно,да бидам раат малку барем овие недели што ми останаа да поуживам. Ама нема секогаш како што сакаме,како треба да биде ке биде.

    И знаете што е најинтересно? Утре да ми речат пак ваква брееменост да имам од почеток до крај пак би се нафатила на се ова,само за мајка да станам.
    Многу сме биле јаки ние жените.
    Се ке се заборави само бебе во раце да си земам. ❤️
     
    На La-loca, girlboy, Sunrise!!! и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Кога ќе се сетам сите обуки што ги слушав онлајн за родителство нигде не налетав на постпородилната за подобро да се спремам. Не би кажала на трудница премногу да чита да не се опкружи премногу, ама дефинитивно треба повеќе едукација на таа тема во породилиштето. Конкретно во приватна се породив и се' е околу бебето..само бебето, доењето, а мајката? И после затоа многу се во тешка ситуација...
     
    На LiquidLuna, elenaklasik, Bubish26 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    не реков дека нема да се оствари таа врска и да во право си не секој може да дои ниту тоа не го реков дека мора да се дои
    и да врската мегу мајка и доено бебе е различна а тоа може да осети само жена која едното успеала да го дои а другото не :) јас со девојчето успеав со ова бебе дали ке успеам ми останува само да се надевам и да здравје бидам упорна и истарјна.....нема да ме направи помалку мајка тоа што би дала АД ама врската со бебето е друга кога го доиш
    стојам на тоа
    а во ниту еден момент не реков дека помалку е мајка таа што не дои или дека нема да оствари врска со детето :) малку ме извади од контекст ама нема везе .....
     
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    13.824
    Ти самата си пиша дека врската меѓу мајка и доено бебе е поинаква од онаа што е на ад, па сега те извадила од контекст :)
    Врската меѓу мајка и бебе е секако цврста, без разлика како се храни.
     
    На LiquidLuna, no name5, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.213
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Ај препрочитај се уште еднаш.
    :drunk:
     
    На LiquidLuna, lia22, no name5 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AniSk

    AniSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    абе хаос хахах
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.931
    Допаѓања:
    18.826
    Пол:
    Женски
    Човек кога ке проба се и ке даде се од себе да направи нешто, нема грижа на совест. Макар и не успева да ги реализира плановите.

    Можеби и кога ке се породиш природно имаш поинаква врска со бебето, не го поминав тоа, не знам. Ама знам дека немаше опција да излезе природно и не се чувствувам дека сум помалку мајка, дека телото ме изневерило или не знам што. И да каже некоја мајка дека има посебна поврзаност, не се лутам и не земам при срце.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Да најубаво е да се дои, но стварно се претерува како се става акцент на доењето и поврзување со дете, не доев а син ми е залепен за мене. Не е мерилоо доењето за воспоставување на врска со детето никако, и го тврдам тоа.
     
    На lia22 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    реков дека е различна врската не дека нема да се поврзат мајка и доено бебе
    за мене тоа се две различни работи .....ама си сфаќа кој како сака :)
    Еве ти во прилог и цитирано од тоа погоре
    "врската меѓу мајка и доено бебе секогаш ке е поинаква од онаа кога е на ад"