@*malenavolena*87 Не знам дали имаш пишано некаде, не знам дали добро сфатив, едно си доела, а сега си бремена со второ? Не е од лично искуство ова: "врската меѓу мајка и доено бебе секогаш ке е поинаква од онаа кога е на ад" ? Би ја тагнала @Skyler која првото го доеше, а второто е на ад. Те молам пиши од твое искуство дали има разлика и ако има, каква е разликата меѓу врската мајка-бебе со доено бебе и со бебе на ад.
драги другари е ради ова препукување мене ми се огади форумов моето мислење е тоа не знам зошто сте упорни да ме разубедите сестра ми првото бебе не успеа да го дои поради тоа што беше во инкубатор и покрај молзење и ред други начини и пробувања не успеа ......второто го доеше успешно дури и имаше тежок период на одвикнување ......нејзиното е дека врската е поинаква и тоа е не значи дека помалку го сака другото не е дека нема да се постигне врска со бебето едноставно е поинаква ....
Тоа е, форум е. Секакви мислења читаме низ темите, без разлика дали ни се допаѓаат или не. Твоето мислење мене ме заинтересира од аспект која е разликата, во што е поинаква. Не знам зошто го сфати мислењево мое како препукување и никаде не пробав да те разубедам. Ме интересира од искуство да прочитам објаснување.
Mesinja utre pravam skrien seker pa sakav da prasam, znam 12 saata pred zemanje krv deka ne treba da jadam. A za pienje caj dali ke mozam, jas go pijam cist bez zasladuvaci i takvi raboti. Ili samo voda da prodolzam da pijam.
Здраво Да прашам, дали некој има правено скрининг кај др. Јовановски - Ремедика, да сподели искуство, бидејќи закажав кај него
дај да ја смениме темава мене ми рекоа од 18 вечерта ништо сем вода до сабајле до 8 ама исто како и за боцкањата така и за ова секоја лабораторија со своја полемика
Според мене, а и препораката на гинекологот беше 12 часа без храна, без пијалоци, само вода обична или газирана.
Препорачливо е само вода да се пие, неограничено колку ти се пие толку. Хелоу од мене, таман се израдував дека поспав како човек некој ден ете ноќеска пак дремев не можев место да си најдам. Имав и затегање странично кај стомакот од истегнување најверојатно. Почна да ми се појавува болка во опашката и денес баш ме боли многу е непријатно. Дали чувствувате болка во опашката? Јас после првото породување имав проблем со тоа, едвај станував и седнував и сега се плашам дека повторно ќе го имам истиот проблем Друга работа, иако се среди проблемот со запек (колку-толку) најверојатно имам некој внатрешен хемороид, осеќам како непријатна болка и имаше мало крварење што ме извади од памет прееска. Вие што имавте проблем со хемороиди, како осеќате дека има внатрешен? Болка? Крварење при одење во тоалет? Прв пат се соочувам со нешто вакво.
Ok sega go ispiv posledniot caj za denes sekako utre posle 8 ke odam za krv ne planiram da bidam prva vo 7 tamu hahahaha. Sega ke si pijam voda samo do legnuvanje.
На муабетот за доење…првото го родив природно и поради тежок пороѓај првите 5 дена немав млеко бебето беше на АД. Млекото надојде толку многу што можев да извезувам. Малата цицаше супер но градите постојано ми беа тешки, со грутки затнати…секој втор ден проблеми масажи, молзење рачно, со пумпи, болки, брадавиците крв се додека еден ден не добив мастит и завршив на болница. На раб на депресија бев се додека еден ден не решив да ја одбијам. Мажот ми ме поддржа пошто беше сведок низ што поминував и после 4 месеци доење ја одбив. Ќерка ми до ден денес еве 2,5 години е е лепенка за мене толку сме поврзани дури ме караат некогаш не било добро…Второто пак го родив царски и планирав да биде уште одма на АД. Само што го извадија ми го ставија на града и почна да влече од прва а млекото до вечерта надојде. Еве го го дојам веќе 3 месеци без никаков проблем. Градите ми се меки а млеко имам малиот цица растура си напредува супер на ексклузивно доење е. За ќерка ми воопшто не ми беше тешко кога излегувавме си носев термосче, диспанзер за АД и за неколку сек имаше млекце, баш напротив сега ми е помачно кога го дојам надвор па кај да седнам па ме ми е лагодно мене лично итн. Нема правила природно-царски и доење-ад. Секој да си прави како што мисли дека е најдобро без осуди. Јас сум ги поминала сите сценарија ова е моето искуство и не жалам за ништо.
Глупо прашање, ама што е разлика меѓу седиште и транспортер? Има тука систем колички што ги гледаме со маж ми и поефтино се фаќа да земеме така е сега има и комплет со транспортер и седиште има и само со транспортет, што не знам дали е правилно…од болница во што се изнесува?
Јас прв пат го слушам ова, никој доктор не го кажал, можеби и рано сум… 26+. Зошто се бројат и зошто се важни тие удари?
Во транспортер се изнесува. Седиште подолго се користи, транспортер додека не го надрасне, поточно додека не му излегува главчето. Нозете може да се надвор, но главата не. Има разни седишта, почнувајќи од 0+ за новороденчиња.
Женски болка што доага од време на време доле ниско ко струја да ми проага накај кичма,па прекинува за неколку секунди па после пак се појавува,нормална е? Контракции да не се? Страв ме фати сериозно. Еве еден саат така ми е нонстоп,испив магнезиум еден ништо не делува.
Ама нели сеа има транспортери кои само се прикачуваат за фиксна подлога која е веќе на седиштето ( под седиште мислам седиште нормално на автомобилот )?
Па ударите на бебе се тоа, да го осеќаш бебето во текот на денот, најбитен показател дека се е во ред и се препорачува да се бројат обично после 28ма недела.
Не знам на што мислиш поточно, дај да видам. Да не мислиш на транспортер што има база која стои прицврстена со изофикс или со каиши во кола?
транспортерот може да ти служи и за возење во кола се додека бебе не го надрасне ( секое различно) обично до 6 месеци а седиште имаш од 0 + но и за поголеми кои почнуваат од 12 итн ....има доста разлики но за почеток и само транспортер ти е доволен или седиште ако немаш транспортер ама за од 0+