Здраво на сите Конечно денес го направив долго очекуваното цтг, и тоа е добро. Она што многу ме натажи е тоа што сеуште е карлично поставена и кој знае дали ке се сврти, незнам зошто ама осеќам дека ке си остане вака Друг проблем, по последна менс. треба да сум 36+3, а по нифти сум 35+4 бебе со тежина одговара 37гн. 2700г, како ништо што не јадам незнам од каде качува. Поправена сум само 8кг. ме напна дали сум испитала скриен шекер три пати ме праша. Да, секако дека испитав и се беше во ред, и првото го родив речиси 4кг (3910г) може така ке биде и ова. Трето, повеќе плодова вода аман значи, малку над граница било ама има повеќе, значи раат никако. Толку се радував што сум на преглед а сега сум многу разочарана, некој искуство слично или мислење за сето ова
Може ли да ми кажеш кај кој ортопед одите? Јас вака што сум си читала мислам дека веќе скроз се исфрла од пракса користење дубак и џампер. И тоа со најубаво на земја, скроз ми се свиѓа Инаку @Bubish26 многу имам мерак на марама ама страв ми е некако. Си мислев подобро кенгур да земам ергономски од 0+ и да се консултирам со ортопед дали може така.
Моето од почеток 2 недели напред го водеа, немав скриен шеќер, исто ме прашуваа дали имам, се роди 4300. Па и така си растеше цело време, со ексклузивно доење до 4 и пол месеци 9300г беше никој не веруваше дека само е доен ама и маж ми така растел тој бил 4500 роден, а јас 9300г сум имала на 1 година за разлика од синко кој имаше 12 или 14кг на годината. Првото 12та недела мерен 78г а сега ова второво 12та недела 53г вчера мерено иначе докторот рече 100% машко ќе биди, за синко исто 12та недела рече машко и погоди.
Исто. И јас пробав овесна каша, плафон. Благо, супер беше. Обично ориз и компири качуваат, кај мене беше ок. Секако пазев и се умерено јадев, и супер регулирав.
Кај Антоније го носам цело време, супер ми се неговите совети, освен што не го послушав да го оставам малиов да плаче за да заспива сам. Никакви помагала не користев, од најмало е на под, таму си игравме. Сам почна да седи, не го седнував со перници или потпрен на гарнитури, лазеше, прооде сам, научи да паѓа, немаше паткања или оние водилки како со ластици и сл. Џампери, дубаци, перници за седење, проодувалки, перничиња на грб и што знам што сè друго има - ништо не купував. Транспортер не користев за прошетки, само со количка си шетавме, негов муабет беше дека транспортер служи за транспорт и дека треба да си лежи на рамно, а потоа да седи на 40 степени (не исправено повеќе од тоа за само да се исправува, да вежба). Ги слушав тие совети и воопшто не згрешив, супер поминавме. Кенгур не препорачува и не сум користела, а за марама никогаш не го ни прашав. Сега бидејќи е малку повеќе отсутен од државава, најверојатно ќе го носам второво кај некоја од докторките што работат во неговата ординација ако работат на истиот принцип и со истите препораки.
До 3 месеци користев марамата и е прееелесно за местење стварно, а кенгур купивме кога дозвили педијатар да гледа на напред со главчето т.е ко веќе го дежеше исправено. Кенгур од 0+ е добро пример ако не сака во количка а сте излезени, додека ја наместиш марамата, кенгурот за секунда е готов ама некако ми е поприбрано во марама, јакната ќе си ја закопчав, оно внатре си спиеше и топ.
Правиме муабет за ортопед мк така? За тој Антоније. Имам прочитано доста позитивни искуства за него. Скроз сакам по тој принцип да се водам, со што помалку аксесоари да речам. Единствено кенгурот ми беше мерак, и на маж ми посебно и сеа малце се разочарав дека не препорачува А марама би пробала ама исто би се исконсултирала прво. На околу 1 месец се прави прва контрола на ортопед така? Со гужвиве таму значи од пораѓај одма да закажам Инаку за транспортерот.. баш заради тоа не ги земавме додатоците за на количка. Не сакам така да го возам. Во прво време во корпа ќе си биде, мислам дека е тоа најправилно. Се надeвам нема да се буни
Јас чекам да ми направат ехг, многу ми е висок пулсот, ме ставија и на цтг и на бебето пулсот варираше многу, од 150-170, што видов дека ја загрижи бабицата ама не сакаше да каже. И јас се исплашив уште толку и уште повисок пулс. Не знам што значи и што го предизвикува, ќе завршам тука па ќе се вратам пак кај бабиците, ептен сум исплашена да ви кажам, не знам што да мислм веќе.
Подолго време ти држи висок пулсот? До колку ти оди? Скоро прашував овде, членки рекоа дека е нормално ако за кратко се врати во нормала. И мене ми скока и ме вознемирува, па му треба некаде пола час плус минус да се нормализира.
Тој е, еден е Антоније Јас кога дојдов дома од болница, му се јавив да се консултирам. Немаше термини, но за прв преглед со ехо на колкчиња закажува надвор од термини, нешто во 6-7 наутро Види, разговарај за кенгур, ќе ти објасни за него. Ако сакаш, може и да не го послушаш, сепак одлуката е твоја нели. Мене ептен ми имаа логика сите објаснувања и насоки во врска со сите помагала и за развојот, па затоа следев негови совети. Обавезно да ни пишеш како си и како си поминала!
Се породив и јас мешиња спонтано со провокација во Систина ,дај Боже сите ваква радост да си дочекате. ❤️
Мене минатата недела ми открија гестациски дијабет а мерењето ми беше: 5,4 на гладно,11,2 после 1час,9,4 после 2часа,ме ставија на диета два дена и со тоа ништо не се поправи висок беше пак,и од вчера пијам Глукофаж и сега ке го држиме под контрола. Ке видиш тебе што ке ти каже докторката ама сигурно ке нема да смееш бело брашно,благо да избегаваш,газирано.. еве мене и овошје ми забрани,не скроз,смеам пример една јаболка во денот и толку. Многу зеленчук да се јаде битно. Јас три дена со диетата и одма 2 и пол кг минус сум. Сега со терапијава ми рече да јадам повеќе,па ке јадам повеќе. Не се секирај се ке биде во ред,само слушај доктор што ке ти каже.
Па последно кога и да го мерам е околу 120, а притисокот е скоро секогаш нормален, може малце низок повремено ама у глобала нормален. На бебето му се движеше од 150-170 што е високо и цело време беше во различни интервали, не мируваше. Читам дека сепак над 200 се смета за проблем ама над 160 е абнормално.