епа нас лето не фати и се клизаше на почеток а сака да биде исправена а бееш мала па имаше малку плачки
2019та негде ноември истава количка ја зеѓавме за 24990 мислам беше со сите 3 дела и оди разбери сега како стар модел зошто е поскапо
Така отприлика сум и јас од 90 до кај 130 оди пулсот, ама мене и притисокот знае да ми скокне. За кратко се стабилизираат и двете и затоа не алармирам. Пак ќе спомнам, не читај, ќе си проследат докторите. Сѐ ти изгледа пострашно оти си уплашена. Те чекаме со инфо до после, остани смирена, од сѐ друго чаре нема.
сега прочитав дека е истиот др имаше доста расправии пред неколку години за него на форумов сум за него и останувам за тоа дека неговото објаснување има највеќе логика
На ехг пулсот нормален, пак назад кај бабицата пулсот 140, јас не знам стварно што да кажам. Ми рекоа дека ќе направат дополнителни тестови од крвта да откријат од што е пулсот, на бебето е повисок поради мојот ама ми рекоа да не се грижам за тоа дека не е алармантно. За три дена ќе ми направат ехо на срцето, и двапати неделно ќе повторуваат тест за холеостазата, пошто ми е скокнат резултатот од предходната недела и најверојатно ќе ме породат 37ма или порано доколку е потребно, ама битно ќе ме проверуваат два пати неделно така да тоа ме смирува. Исплашена сум нема да лажам, ама морам да верувам дека се доволно спремни и дека ќе реагираат на време ако треба нешто.
Колку го исфаливте, непородена си закажав термин. Секако немаше ниту еден слободен во март, а и знам кога ќе се пораѓам, па земав ризик и си закажав. Ќе откажеме ако излезе нешто непредвидено
Промена на план, ме оставија во болница да ме пратат преку ноќ, да испитаат се што треба. Дури сега пулсот ќе ми рипне од анксиозност, барем гледам каде ќе лежам после пораѓај, супер е
Белким ќе земат во предвид дека си уплашена ако пулсот оди нагоре. На сигурно си. Пишувај одвреме навреме.
@1209 супер што те задржале, тоа иди ми дојди ми повеќе малтретира. Вака си постојано под надзор и ќе си полежиш и одмориш. Не верувам дека е нешто страшно, се мислам дека работата ти станува напорна за овие недели од бременоста и дека вака ти реагира телото. Те чекаме да ни пишеш Вчера попешачив малку повеќе од вообичаено, ама реално ништо премногу или со не знам какво темпо, едвај се довлечкав до кола од што почна се живо да ме боли и тегне. Мислам сите лигаменти околу стомак и колкови дека ми се распаднаа и цела вечер ме болеа. Одма ми текна на луѓе што цел ден се поактивни на работа, а си викам јас одвај издржав да си завршам неколку обврски и да искористам сонце. @АнаМаријаД само да ти пратам поздрав и поддршка. Баш ми е криво што вака се малтретираш, ама верувам дека си во најдобри раце и дека се ќе биде како што треба
Интересно мислењето негово за да го оставаш бебето да плаче и самото да се успива. За која возраст мислел само да го оставаш? За новороденче сигурно не би... Можеби смета дека со држење во раце се извиткува неправилно телото, а кога си е легнато на соодветен душек многу подобро е целата положба на телото. И јас премногу сакам да има способност чат пат барем самото да дозаспива. Ти знам со синко твој имаше таква благодат Ај потсети ме како правеше, го легнуваше од мал во негова соба така? Јас сега со второво се трудам како прво правило да не го нишкам. Некако со бебињата како по дифолт нѝ доаѓа да ги нишкаме. Земи го еден земи го друг, во раце ниш ниш и тоа е премногу за нервниот систем. Потоа тоа тресење во мозочето му прави бранчиња и бараат повторно. Ако заспие со цицање ок, ако не го кревам го држам без движења, без бранови. И имам пробано да го ставам во креветче да се дозаспие самото. Успевало. Е сега дали дека е малечко, па успева, ќе видиме. Сигурно кога ќе осознае повеќе, па со скоковите ќе се измести сето тоа. Ама ако нема чаре, ќе си ја барам докторка гуднајт да помага како и за првото што помагаше. За скоковите кога ги спомнав, како ги поминуваше син ти?